3-4 дена, имав проблеми со желудникот, завршив на ургентно во 4 часот изутрината. Ме болеа желудникот и панкреасот многу и не ја оставаа храната да премине до цревата. Ќе јадам - ќе повратам, ќе јадам - ќе повратам. Јадев последен пат нормално во 15:00 часот дента и оттогаш пробав да јадам уште 2 пати и повратив. Потоа 3 дена не ставав ништо во уста затоа што овие органи беа воспалени, само вода и сок. Не ни станував од кревет за да не си ја трошам енергијата. Потоа, 4-от ден, малку по малку, пудинг, корнфлекс, павлака и се` си дојде на свое место.
Ама низ пекол поминав и ни на најголемиот душман не му го посакувам ова.