Фан Клуб: Караорман

  • Креатор на темата Креатор на темата FikoX
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

FikoX

Impossible is nothing
Член од
13 август 2007
Мислења
2.850
Поени од реакции
128
ФК Караорман е македонски фудбалски клуб од Струга.

ФК Караорман е формиран во 1923 година, под името Црн Дрим, од напредната струшка младина. Меѓу еден од оснавачите на ФК Караорман е и познатиот Македонски сликар, Вангел Коџоман. По Втората Светска Војна, клубот го добива денешното име Караорман. Во својата историја, клубот една сезона има настапувано во 1 МФЛ (Прва Македонска Фудбалска Лига). Потоа се натпреварува во 2 МФЛ (Втора Македонска Фудбалска Лига), освен мал период кога ќе е член на 3 МФЛ - Југозападен регион (Езерски регион). Моментално клубот игра во 3 МФЛ Југозападен регион (Езерски регион), а своите натпревари ги одигрува на стадионот Градска Плажа, кој има капацитет од 2500 гледачи. Клупска боја е црвената. Навивачката на група на Караорман се вика Паткари.

e4233.gif
Еве го и амблемот на Караорман.

Пишете овде Стружани, сигурно не' има.:)
 
Јас ова го пишував на Википедиа, и од тие 99 македонски фудбалски клубови дадени на Википедиа, 75/6 клуба ги имам ставено јас. :wink:
 
Абе брат јас отворив пред некое време фан клуб на Караорман ама го избришаа пошто слабо пишеа луѓево.Иначе Караорман ми е во душата ретко да сум пропуштил некоја утакмица кога ќе бев Струга.Сега послабо пратам зошто ретко сум во Струга.И како стојат работиве.како ни оди во 3-та лига има шанси за повторно враќање или слабо...?Слушнав дека демек ќе имало фузија со некој од клубовите од втора лига па така може да влезиме и без да сме прво место на табела :helou:
 
ova e za @KomitaMKD. pocitav toa sto pisa na faan klubot na teteks, pa eve da vidis deka nekoj e poveke kriv od teteks za toa sto karaorman ne vleze u 1 liga. sledniov tekst go imam napisano na forumot na macedonianfootball.com eve i link http://macedonianfootball.com/smf/index.php?topic=663.0

како беше тоа: здодевноста е мајка на филозофијата. така вчера ми беше досадно и го читав правилникот за натпреварување на ффм. во 2005/06 младост од сушица се откажа од првенството по одигрување на 15 натпревари и сите нивни резултати бе апоништени бидејќи не ја довршиле полусезоната. но во лига каде има 12 екипи и трокружен систен нема полусезона во буквална смисла, бидејќи се 33 натпревари а половина нема, ама затоа има три дела. според правилникот првите 11 натпревари не требало да се избришат, туку само 12, 13, 14 и 15 коло. овие 11 натпревари кои од грешка или не знаење битно влијаат на табелата, ама табелите малку попосле, сега членовите од правилникот.

2. За натпреварување со три круга

Ако клуб се расформира, спојува со друг клуб или го напушти натпреварувањето за време на првиот круг на првенството, истиот ќе биде бришан од натамошното натпреварување. Доколку клубот одиграл 50% од првиот круг дотогаш одиграните натпревари од првиот круг ќе се важат, а сите екипи кои треба да одигруваат натпревар со тој клуб до крајот на првиот круг ќе ги добиваат натпреварите со службен резултат од 3 : 0, додека во вториот и третиот круг клубовите кои треба да одигруваат натпревари со овој клуб не добиваат бодови односно клубот се брише од распоредот, а екипите кои треба кои треба да го добијат како пар овој клуб се слободни. Доколку клубот одиграл помалку од 50% во првиот круг, резултатите од првиот круг на тој клуб се бришат и во натамошното натпреварување ниту еден клуб не добива бодови односно клубовите кои треба да играат со овој клуб се слободини.
Ако клуб се расформира, спојува со друг клуб или го напушти натпреварувањето за време на вториот круг на првенството, истиот ќе биде бришан од натамошното натпреварување. Резултатите од првиот круг остануваат да важат. Доколку клубот одиграл 50% од вториот круг дотогаш одиграните натпревари од вториот круг ќе се важат, а сите екипи кои треба да одигруваат натпревар со тој клуб до крајот на вториот круг ќе ги добиваат натпреварите со службен резултат од 3 : 0, додека во третиот круг клубовите кои треба да одигруваат натпревари со овој клуб не добиваат бодови односно клубот се брише од распоредот, а екипите кои треба кои треба да го добијат како пар овој клуб се слободни. Доколку клубот одиграл помалку од 50% во вториот круг, резултатите од вториот круг на тој клуб се бришат и во натамошното натпреварување ниту еден клуб не добива бодови односно клубовите кои треба да играат со овој клуб се слободини.
Ако клуб се расформира, спојува со друг клуб или го напушти натпреварувањето за време на третиот круг на првенството, истиот ќе биде бришан од натамошното натпреварување. Резултатите од првиот и вториот круг остануваат да важат. Доколку клубот одиграл 50% од третиот круг дотогаш одиграните натпревари од третиот круг ќе се важат, а сите екипи кои треба да одигруваат натпревар со тој клуб до крајот на третиот круг ќе ги добиваат натпреварите со службен резултат од 3 : 0. Доколку клубот одиграл помалку од 50% во третиот круг, резултатите од третиот круг на тој клуб се бришат и во натамошното натпреварување ниту еден клуб не добива бодови односно клубовите кои треба да играат со овој клуб се слободини.

доколку не ве мрзи прочитајте го членот и се ќе ви биде јасно, ама не ми е јасно зошто клубовите не реагираа.

официјалната табела:

iptl6b.jpg

табела со првите 11 натпревари на Младост сушица:
34eqpky.jpg
 
Хах, и јас би навивал за Караорман бидејќи сум од Струга, да не е стручниот штаб таков каков што е. И после сме тонеле, па ќе тониме, кога само пари лапаат.
 
Да се пласиравме таа година во 1 лига,немаше да биде вака.Пропаѓа клубот,играчите бегаат.Не е тоа што беше некогаш,кога се полнеше стадионот...
 
Фала за постот и информацијата ама сега направи да ми е уште повеќе криво што не влеговме во прва лига.Ама сепак нефер потег од страна на Тетекс
Хах, и јас би навивал за Караорман бидејќи сум од Струга, да не е стручниот штаб таков каков што е. И после сме тонеле, па ќе тониме, кога само пари лапаат.
Брат Караорман е еден и единствен без разлика кое раководство е на чело.Сега знам и мене не ми е убо што сме на дното ама тоа не е причина да се откажиме од Караорман како што се откажуваме од многу други работи.Че се крениме пак здравје...
 
Колку што има вистина во тоа, толку е и болно да се гледа ваков Карчо, посебно за оние кои сме малку повозрасни и се сеќаваме на времиња во кои имавме клуб кој имаше и тоа каков квалитет, а стадионот на дерби мечевите беше претесен да ги прими сите стружани кои живееја за клубот. Се сеќававам на времиња кога паркингот од стадионот до хотел Дрим беше преполн со возила а навивањето се слушаше од далеку.

Енивеј, јас сум од оние генерации кои растеа со Караорман. Од оние кои во текот на неделите одеа дури и да гледаат тренинг, во очекување на некое наредно дерби. Во понеделник во школо главна тема беше неделниот меч. Првиот меч на кој се сеќавам беше победа против вечниот ривал Охрид на онаа генерација на Нино, Андре и тогаш младиот и перспективен Артим Шаќири. Во тие времиња за големото дерби стадионите во Струга и Охрид беа полни како кошница. Во сеќавање ми се и добри моменти но ни лоши, како испаѓањето од прва лига во мајсторката на градски против Борец на пенали. И тогаш кога бил долу, Караорман никогаш не сме го оставиле.

Но ова што се случува последниве години, е катастрофа каква што никогаш не го погодила клубот досега. Малку екстра информации за сезоната во која се пласиравме зад Пелистер и Напредок и не се вративме во прва лига: После неколку кола бевме на врвот зад Пелистер и очигледно бевме далеку посилни од останатите екипи. Загубивме само од Пелистер 1-0 во многу тврд меч во Битола пред полн стадион. Некаде во 7-8 коло не се сеќавам најдобро, играме со Металург во Автокоманда. Бидејќи бев во Скопје како и секогаш кога Караорман играше во главниот град, отидов да го гледам натпреварот. Кога стигнав на стадион ја видов следнава сцена: Караорман беше допатуван со 12 играчи. Дури ни тренерот не беше на клупата за загревањето. Ми рекоа џабе си дошол, оди си дома. Јас останав сепак да го видам срамот. Караорман го пушти натпреварот. Публиката се смееше, нивните едвај одеа по теренот.

Ова беше вистински шок за мене затоа што сите кои долго го паметат Караорман знаат дека нашиот клуб беше надвор од шемите. Местење секогаш имало ама сето тоа ретко и дури дискутабилно за публиката. Овој пат, играчите се смееја додека примаа голови. Тешко ми падна и местенката во полуфиналето од купот кога се намести натпреварот со Пелистер, тоа е посебна приказна. Но тоа беше дело на неколку играчи, повеќето не беа од Струга. Овој пат управата почна да продава натпревари, и тоа во сезона кога на шала требаше да влеземе во прва лига. Бидејќи до крајот на сезоната управата се посвети на шемата, се беше планирано (таква е сега втората лига, се местат натпревари како играчка). Но за да не е се по планот се потруди екипата на Скопје која ни зеде 2 бода и математиката се расипа. Моравме да играме бараж кој ни Хичкок не можеше да го режира, загубивме на пенали откако Илче Перески утна пенал за влез. Тоа е се историја, а после тоа потоп.

Не верувам дека во блиска иднина ќе го видиме Карчо на здрави нозе. За фудбал се потребни пред се пари, а за водење клуб со пари од местени натпревари, секој може да го води. После 20 години и којзнае колку натпревари, срам ми е што клубот стигна до ова дереџе. Резултатски не е проблем, нека е и во селска лига, пак ќе го сакаме. Но финансиски стои ужасно, а името почнаа да му го влечат низ калта.

Се надевам на подобри денови. Клуб од чии редови излегле репрезентативци како Шаќири, Митревски, Шумуликовски, и уште многу фудбалски легенди од времето пред да биде формирана репрезентацијата, не смее да се влечка на дното на Македонскиот фудбал.

Ете, најдов малку време да напишам еден подолг и се надевам не многу досаден пост за мојот Караорман. А администраторите не треба да ги бришат темите за фудбалски клубови затоа што малку се пишува. Еден ден на оваа тема ќе се пишува многу, мислењата и информациите од сега, нека стојат за некои нови генерации.
 
Знам се сеќавам на ова што го напиша.Баражот за спас од прва лига го памтам како во сон против борец бев на стадион ама помал бев и не ми теквит многу,ама таа генерација со Андре,Нино ја памтам добро.Ми текнува кога ги победивме на Охрид 8-0 во струга(мн снег врнеше тогаш).Исто и со Пелистер полуфиналето....Сезоната кога не влеговме во прва пред 3 години имавме убедливо најјак тим до полусезона дури појаки бевме и од Пелистер кој беше прв.Одев на скоро сите гостувања кога ќе можев.Бев и со Скопје,Металург,Пелистер,Напредок,Слога во гости и на баражот.На крај кога изгубивме на пенали со Брегалница се разболев ништо не ми помагаше.Ми требеше време додека се созедов.Иначе и сега кај што пишам и уште ми е неубо.Сме биле и друг пат слаби и без пари па ама пак сме се кревале.Да се надеваме дека пак Карчо ќе го врати стариот сјај и возбудата кога ќе одиме накај Градскиот стадион
 
Да, натпреварот со Охрид што заврши 8-0 е антологија, не само поради резултатот. Прво, полувреме беше 1-0 и ништо не укажуваше на таква фурија во следните 30 минути кога паднаа 7 гола. Ама поважно, надвор беше невреме, истураше дожд па снег,а публиката остана на трибини да навива. Незаборавен натпревар, после кој кренав температура и 7 дена бев во кревет.

Баражите се посебна приказна, бев и на тој со Борец и на тој со Тиквеш за влез во втора кој го добивме и следниот со Брегалница за влез во прва, кој го изгубивме. Многу нерви оставивме по стадионите :jaj:.
И јас се надевам на подобри времиња. Само не ги очекувам брзо. Фудбалот во МК е општо гледано многу послаб од порано, не само кај нас. Порано имаше втора лига од 18 клубови во која имаше квалитет и борба. Сега има втора лига во која има екипи што едвај се влечкаат по терен. И првата ја намалија на 12 екипи и пак никаква промена на подобро. Пропаднаа фудбалски центри како Струга, Охрид, Велес, Кочани, Штип, Струмица... а играат екипи од Кратово и Џепчиште. Публиката која секогаш била масовна и разбира фудбал, затоа што има богата традиција и илјадници натпревари, ја нема на стадионите. Сега има публика која прескокнува огради и испраќа играчи на болница, во кома.

Ќе биде подобро, ама кога? :jaj:

Поздрав!
 
Брат кој си ти?Ако си оден олку на Караорман сигурно те знам, а и ти че ме знајш мене.А за то во право си.Стружани се болни за фудбал.само некоја појака утакмица и цел стадион е полн.
 
Во согласност со останатите модератори, темите кои немаат свои фанови на форумов ке бидат под клуч, причината е очигледна, не се развива никаква дискусија освен билдање на постови со честитки .

Доколку некоја тема е ставена под клуч, а има член кој навива за истиот клуб и сака да постира на истата тогаш слободно нека исконтактира некој од модераторите на темата за Фудбал ( Димитар, Фантом, мене ) преку приватна порака па темата повторно ке биде отворена за дискусија, а до тогаш уште еднаш повторувам, :locked:.

п.с. Дискусија за некои од тимовите може да водите и на соодветните првенства, ништо не губите во случајов . :smir:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom