Македонија ќе биде единствената безимена селекција на ЕП 2009!

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.999
Поени од реакции
61.818
Темата не е кошарка или спорт па се надевам дека администраторите ќе ја остават во делот "Политика и вести". Темата се однесува на психолошката војна и на проблемите со кои се соочуваат сите наши спортисти кои учествуваат на натпреварување во кое учествува и Грција.

Во септември идната година не очекува можеби најголемиот судир досега помеѓу две селекции на Македонија и Грција. Првенството во Полска ќе го следат милиони гледачи а Грците ќе се обидат да го искористат за пропаганда и да ја понижат Македонската нација во очите на Европа, не резултатски туку на психолошки план.

Грците меѓу другото, сигурно ќе постават барања да играме под FYROM како и да не се интонира нашата химна. Исто така ќе се бара никаде на дресовите да не го пишува зборот Македонија.

Како треба да реагира Македонија на овие барања и дали треба да имаме црвена линија до каде можеме да попуштиме на овие барања? Исто така, вашите размислувања околу тоа како да се постигне на мечот да има армија Македонски навивачи кои ќе и покажат на Европа дека сме вистинска нација која е подготвена да се бори за интересите на својата држава.

Следат извадоци од вести на оваа тема:



ВО КФМ СЕ СПРЕМНИ ЗА ПСИХОЛОШКА ВОЈНА

Кошаркарските репрезентативци на Македонија речиси сигурно ќе бидат единствените на Европското првенство (ЕП) в година во Полска што на предниот дел од дресот ќе го немаат напишано името на својата држава.
Причина за нашата безименост ќе биде инсистирањето на Европската кошаркарска федерација (ФИБА-Европа) да играме под референцата ФИРОМ, и тоа исклучиво по барање на Грција, од каде што е и актуелниот претседател на оваа организација, Јоргос Василакопулос. Предводниците на македонската кошарка, пак, не сакаат ниту да чујат да играат со дресови на кои пишува ФИРОМ поради што се изборија за компромис на предната страна на спортската опрема да стои само македонското знаме.

- Уште од сега се подготвуваме за психолошката војна, која сигурно ќе ја имаме на ЕП во Полска со претставниците на Грција. Ќе мора да бидеме подготвени за секакви провокации, особено за тие со презентацијата на името на државата на опремата што треба да ја носат нашите кошаркари. Ќе се обидеме да сториме сè во Познањ да играме само со знамето на државата на предната страна од дресот без да мора да ја ставиме референцата со која сме примени во ФИБА-Европа, компромис што долго време опстојува. Ако челниците на европската федерација инсистираат да ги почитуваме нивните прописи и да играме со име напишано на дресовите, тогаш ќе ја прифатиме само опцијата со подолгата верзија на референцата односно БЈР Македонија (ФЅР оф Мацедониа на англиски јазик- н.з.). Единствена работа што нема да ја прифатиме е да играме под кратенката ФИРОМ, бидејќи тоа не е името под кое сме примени во ФИБА-Европа - ни изјави Даниел Димевски, претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ).

ВО ФРАНЦИЈА НА ЕП, НАЛЕПНИЦА ДО НАЛЕПНИЦА

Сличен проблем со Грција околу името на нашата држава кошаркарските репрезентативци имаа и на ЕП 1999 кога Македонија првпат настапи на едно континентално првенство. Тогаш македонската селекција во Франција отпатува со дресови на кои пишуваше само Македонија, кои, сепак, мораа да ги преправаат во пресрет на првата средба со домаќинот на тоа ЕП. Наредбата на ФИБА-Европа беше дека нашите не смеат да играат под уставното име, поради жалба на грчката делегација, по што името беше покриено, а потоа преку него беше напишано БЈР Македонија на англиски јазик.
- Мачна беше атмосферата пред одигрувањето на првата средба на ЕП 1999 против Франција. Место да се концентрираме на дуелот на теренот, во репрезентацијата бевме оптоварени со тоа како да ги смениме дресовите за да може да излеземе на теренот. Канцеларијата на КФМ тогаш експресно успеа да ја направи промената за да може да ја одиграме средбата со Французите. Грција тогаш ни направи големи проблеми иако не беше во група со нас, а нивната делегација беше околу 700 километри оддалечена од Тулуз, каде што игравме ние - ни изјави Александар Тодоров, кој беше помошник на тогашниот селектор Заре Марковски.
Колку биле исфрустрирани Грците во 1999 година поради фактот што една мала Македонија успеала да се најде во друштвото на најдобрите, говори и фактот што нивните протести и „плачења“ се однесувале на мал милион ситни работи, меѓу кои и тоа како ќе биде напишано името на нашата држава на соблекувалната во која избраниците на селекторот Марковски се подготвуваат пред средбите на ЕП.
- Крајно непријатна беше атмосферата пред првиот настап на Македонија на ЕП во Франција бидејќи нашата делегација речиси секој час беше бомбардирана со разни нелогични барања од ФИБА-Европа, наметнати од Грција. Дури и името на нашата соблекувална им сметаше на Грците. Тоа донесе дури и смешна ситуација во која организаторот речиси на секои 30 минути ја менуваше налепницата на вратата од Македонија во БЈР Македонија бидејќи секогаш се наоѓаше некој што скришно ќе го напишеше или залепеше оригиналното име на нашата држава - вели Игор Паневски, новинар во ТВ Алфа, кој во 1999 година беше меѓу известувачите од ЕП во Франција.

ГРЦИТЕ ПРИТИСКАА И ДОБИЈА ДУРИ И ВО ОХРИД

ФИБА-Европа не била отсекогаш така строга околу името под кое ќе настапува Македонија на официјалните средби во нејзина организација.

Промената на ставот дојде пред младинското ЕП во 2000 година кое се одржа во Охрид. Тогаш грчката федерација испратила допис до ФИБА-Европа дека планира да го напушти шампионатот во првиот момент кога на некој официјален документ или, пак, на дресот на нашата селекција ќе биде напишано името Македонија. Грција во тој период имаше големо влијание во европската куќа на кошарката поради што нивните барања во целост беа усвоени.
Непосредно пред почетокот на младинското ЕП во канцеларијата на КФМ стигнал допис од ФИБА-Европа во кое пишувало дека од тој момент на нашата федерација ѝ се забранува да го користи уставното име и дека во секоја официјална комуникација треба да се користи само референцата по која сме примени во ОН. Во спротивно, Македонија ќе биде исклучена од ФИБА-Европа. Ваквиот допис пред девет години предизвика вистински шок во КФМ, по што по серија разговори и преговори се дојде до компромисно решение, барем за изгледот на дресовите на македонските национални селекции и тоа со истакнување на знамето онаму каде што треба да биде напишани името на државата.
 
ПРЕДЛОГ:

Нека прифатат ФИРОМ, и 3 минути пред да почне натпреварот, да ги облечат дресовите со фонт 6000


MACEDONIA

Па ќе речеме после...

Се извинуваме...Техничка грешка...тоа е!
Погрешните маици ни ги спакувале
 
Уфффф ќе биде малку тешко се надеваме дека нашиве ќе успеат да се изборат за химната и за името да не се менува и МКД да стои на дресовите ама педериве ќе прават проблеми
 
Аман бе смени го фонтот на текстот.Прочитав 2 збора и ми отекоа очите...
 
Уфффф ќе биде малку тешко се надеваме дека нашиве ќе успеат да се изборат за химната и за името да не се менува и МКД да стои на дресовите ама педериве ќе прават проблеми

Химна мора да има, за дресовите, мој предлог е тоа од претходниот коментар:vozbud:
 
Зошто нашиве еднаш не притиснат, и да вршат притисок. Ако дојде до она сценарио од 1999, Македонија да се закани со повлекување од Полска.


Инаку уште од сега одвојувам 400евра за три дена во полска. Баш да ги видам циганските фаци кога пред нос ке го гледаат моето џамбо знаме(старото)
 
A voopsto da ne se odi tamu????? ili sepak sme ligav narod?????

Каде бре да не се оди!? Нема шанси :)

Ја уште од сега правам транспаренти за трибините, немој да заебале...!!!
 
Во најлош случај ќе си стои ФИР Мацедониа.

Грците нека скокаат сега колку сакаат, а дури во септември ќе офкаат.
 
Мислам дека тука треба да помогнат и државни институции како АМС со тоа што ќе покријат дел од трошоците за патување и карти, па да добиеме поевтин превоз за Полска. Можат и да обезбедат барем 5-6 бесплатни автобуси, што е тоа за нив. Сепак се работи за национален интерес.
 
Ма збирајте пари уште од сега, ова не смее никој да го пропушти! Барем половина од салата да бидат Македонци!
 
Ја ќе ви дадам информации за ефтин смештај и ефтин автобуски превоз :toe:

Не е тоа проблем,плус ретко сме во ваква ситуација.

А остајте што медиумиве уште од сега не пресираат со говнарии од југот, запомнете дека ништо не е битно, неважни се сите нивни обиди за демотивирање и нервоза, Грците одат во Полска да јадат дупли ќотек.
 

Групна виза, одма се вади, без никаков проблем. Башка, зошто да не и шенген виза? Од било која амбасада на ЕУ земјите...кој со врски, кој без врски, вакво нешто едноставно не се пропушта!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom