СДСМ е формирана 1990 год., и претставува континуитет на бившите комунисти. Денешното раководство на СДСМ се деца на бивши високи функционери во СФРЈ, ДБ и ЈНА. Еве дел од “авангардата” на СДСМ: Бранко Црвенковски, претседател на Р.Македонија, роден во Сараево, син на офицер во ЈНА, Горица Попова, советничка на претседателот Црвенковски, е ќерка на Благој Попов, претседател на Извршниот Совет на С.Р.Македонија, Јане Миљовски екс министер, син на Киро Миљовски, кој после 1945 год. е државен обвинител и изготвувач на законот за национализација, (а иронијата да биде поголема, синот Јане 1991 год. Го изготви законот за денационализација и приватизација), Илинка Митрева, министерка, ќерка на Димитар Митрев, бивш обвинител, Лазе Китановски бивш министер, син на Боро Китановски болшевик, еден од најблиските соработници на Лазар Колишевски, Јани Макрадули, пратеник, син на Андон Макрадули вице-гувернер во СФРЈ, Каролина Ристова-Астеруд, Ќерка на Стојан Ристов, висок функционер во ДБ и директор на КПД “Идризово”, и.т.н.
Мал дел од мозаикот на српско-сдсмовската соработка:
Даниела Михајловска Василевска
16.10.2006
Спорната приватизација на „Агроплод“ го привлекува вниманието на Владата. Ќе се анализира како и на кој начин српски „Свислајон“ на Драшковиќ дојде до државниот пакет акции.
Од Министерството за економија официјално велат, се е законски во продажбата на државниот дел од ресенската фабрика.
„Свислајон“ го купил пакетот преку јавен повик. Ги уплатил понудените 1,1 милион евра и досега вложил два и пол милиони евра во нова опрема од предвидените шест милиони.
Бунтовниците, во случајот Китинови, како предводници на групата незадоволни акционери, го спорат инвестирањето на „Свислајон“. Тврдат дека Србите ставаат во функција стари машини од „Агроплод“, а ги прикажуваат како нова инвестиција.
Во обид да ја стопираат нелегалната приватизација, Китинови веќе доставиле жалба до Врховниот суд, ама процесот со месеци тапка во место.
Тврдат дека со директна помош на градоначалникот Бузлевски, кој важи и за локален бизнис моќник, „Свислајон“ влегува во Ресен.
Српскиот магнат важи за финансиер на СПЦ и поборник за паралелна црква во Македонија. Откако стана газда на сите тамошни кондиторски компании, сега бизнисот го шири и во Македонија.
Бизнис скандалот со „Агроплод“ допрва треба да се разрешува. Идната недела
во Скопје доаѓа хрватскиот претседател Месиќ, со бизнис делегација. И преставници на „Краш“ ќе бидат меѓу гостите.
Ќе треба да им се објасни зошто не го добија кондиторскиот бизнис во Ресен, што преку премиерот Санадер претходно им бил ветен од високи државни функционери во Скопје.
Наташа Стојановска
15.10.2006
Српската компанија „Делта М“ нема да ја добие атрактивната локацијата во скопската населба Карпош, што со непосредна спогодба им ја додели поранешната влада. Актуелната го раскина договорот, оти не биле исполнети условите за продажба.
Во образложението од министерството за транспорт се вели дека „Делта М“ не ги уплатила парите, ниту пак навреме понудила инвестициска програма.
Освен ова, на локацијата не била планирана изградба на објект наменет за деловен центар.
Сега од министерството за транспорт најавуваат дека откако општината Карпош ќе донесе детален урбанистички план, локацијата ќе биде понудена на јавна лицитација.
Од српската компанија „Делта М“ засега нема коментар на ваквата владина одлука. Пред една недела првиот човек на „Делта“, Мишковиќ допатува во Скопје, но очигледно не успеа да го убеди премиерот Груевски локацијата да остане во нивна сопственост.
Станува збор за атрактивна локација од 16.000 метри квадратни што владата на Бучковски им ја продаде за 16 евра по метар квадратен. За неа се бореа и французи, но екс премиерот Бучковски ја додели на „Делта холдинг“.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=68919