Suicide сака да каже дека коа некој навива за Србија у фудбал....не е толку страшно. Коа некој слуша Цеца и Сека па и Гергана....и тоа не е страшно. Коа некој ќе каже дека во Југославија се живеело подобро....може некако преку тоа да се помине.
Но.
Кога некој ќе каже дека Крсте Петков Мисирков е булгар, а носи битна функција во државава, и при тоа скоро никој не се оградува од неговите теории туку го наградува за истите....е тоа е веќе страшно.
Сад стани,
одиме по ред. Прво фудбал и политика. Малку сопствени искуства:
Значи имаше една просторија во гратчето мое во кое се собираа разни типови кои меѓу другите активности што ги правеа а не се битни сега, имаа една заедничка работа: сите беа активнисти или сипатизери на СДСМ. Во оваа просторија кога играше СРЈ фудбал, (подоцна Србија), сите активности запираа и се навиваше јако. Кога играше Македонија фудбал активностите продолжуваа а ние неколку души што навивавме бевме за потсмев.
Да не должам, се случи еден натпревар Шпанија - СРЈ мислам тогаш, во кој сите навивавме за СРЈ која водеше 2-1 до 90'та минута. И незнам што ми требаше, реков нешто како: “замисли сега да примат 2“. И примија, а јас ќе настрадав гадно само заради коментарот. Тоа беше маса на нервозни луѓе. Утредента во новина прочитав за сличен случај во кафана во Скопје во кој еден човек завршил во болница. Си реков, сум имал среќа.
Случај 2: Претседателот на младите на СДСМ во градот и група членови на СДСМ одат во Скопје со кола, на пријателски натпревар Македонија - СРЈ. По пат ставаат знаме на колата. Српско. На влезот кај Тетово налетуваат на навивачи на Македонија и брканицата трае до Ѓорче. Што и не е битно. Активисти и идни кадри на СДСМ.
Доста фудбал. Одиме на музика:
Ми се случи ваков гаф на домашна веселба. Сум пуштил стари Македонски песни. По некое време на ЦД-то идат серија македонски патриотски песни. Неколку роднини ми се револтираат: Доста со овие ВМРО-вски песни, ние сме од СДСМ, сакаме да слушнеме нешто Српско. Треба да мислиш на сите гости што ти дошле дома! Еурека! Уште тоа го немав слушнато. Родниниве мои патриотските Македонски песни ги сметаат за ВМРО-вски и со тоа не нивни, а српските за свои, затоа што биле од СДСМ.
Примери вакви колку сакаш.
Да не се разбереме погрешно. Немам ништо против добар фудбал, навивам за сите ЕХ-YU репрезентации и на времето за Ѕвезда со Панчев и Најдоски. И сакам добра EX-YU музика, само да не е турбо - фолк. И не му се мешам никому во вкусот.
Само, голем дел од најмладите кадри на СДСМ имаат необично блиски чувства за држава која не е нивна, а утре-задутре ќе бидат на високи функции, баш како и Бугарофили кои се на одредени функции сега. Додека на едните им е оправдано, другите се напаѓани.
И едните и другите, се истото. И едните и другите се опасност по својата држава и својот народ.