Европско првенство - Шпанија шампион

  • Креатор на темата Креатор на темата PxFxCx
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Ќе може ли некад и мие вакво нешто да доживеемо ка Шпанциве:cry::cry::cry:
Ни остануе само да сонуемо и да се боримо за 8,9... место:toe:
 
Честито за Шпанија, Србија дефинитивно ќе има злата со оваа репрезентација доколку продолжат со тоа темпо само напред Турција 2010 СП мислам дека Србија ќе биде со сигурност во првата тројка.
 
Зошто нема посебна тема за финалево?

Шо ќе ти е ?
Тука не можеше да пишеш шо мислиш ?

Има една кој ќе биде новиот шампион...со анкета е...Таа е за финалето ваљда :)

Таа е затворена.

Ќе може ли некад и мие вакво нешто да доживеемо ка Шпанциве:cry::cry::cry:
Ни остануе само да сонуемо и да се боримо за 8,9... место:toe:

Нема да можеме .
Причини....многу, да не почнувам .



Како и да е , Шпанија покажа дека е подобра екипа и дека темпираната форма фино ја сочуваа за крај . Честитки до нив, а честитки и до поразените кои се виде дека се физички и психички на нула после вчерашниот меч . Но , генерацијава ќе биде во врвот уште долго а наредната година со додавање на 2,3 имиња мислам дека ќе бидат едни од главните фаворити за медал на СП .
 
Eпа првенството е завршено, честито на Шпанците и на Србите пред се за успешниот шампионат. Овој беше поинтересен дека ние присуствувавме, и од кога изгубивме не сум гледал ниеден натпревар. Со учесвто и солиден пласман на ова првенство гледам успешен старт и иднина за македонската кошарка. :helou:
 
Честитки за Шпанците. Заслужено победија и го освоија толку посакуваното злато на ЕП. Србија евидентно беше истрошена и не можеше да им парира на Шпанците, но сепак и за нив ова е одличен успех. Повторно се вратија меѓу најуспешните.
На крајот да се надеваме дека и ние ќе бидеме подобри од она што го остваривме на ова ЕП и дека сега нема да чекаме 10 години за наредното, туку ќе имаме константност на играње на големи првенства.
 
Честитки за Шпанија. Дојдоја до финале по според мене потежок пат, ги тепаја грците и французите, а денес и србите со по 20 разлика и со тоа се гледа колку се моќни. Честитки и за Србија, можем да замислам како ќе играат за неколку години.
Само Турција ме разочара денес, незнам што им стана, во почетокот се тепаја, а денес од Русија изгубија.
 
Честитки за Шпанците се гледа колку јака репрезентација се...Ги тепаа Франција,Грција,Србија,партали направија..Многу јака репрезентација предводена од Пол Гасол(човекот е кошаркарски гениј,МВП на европсково).Честитки и за Србија,со толку млада репрезентација да направиш толку голем успех тоа е за почит...Се на се интересно европско првенство во кое и Македонија остави свој печат,кој ќе биде мотив за развивање на македонската кошарка на уште поголемо ниво:smir:
 
Шпанија дефинитвно заслужено го освои своето прво европско злато. Почнаа несигурно на ова првенство, но се чини ја темпираа формата и ги чуваа силите за важните натпревари. Во последните 3 дуели покажаа дека моментално се убедливо најсилната европска репрезентација и секако и на светското ќе бидат фаворити за медал.

Србија може да биде и повеќе од задоволна од пласманот во финале, а оваа генерација сигурно ќе има уште многу успеси.

Словенците мислам дека заслужија барем бронза со игрите на ова ЕП, но сепак наредна година со помалку повредени играчи може да бидат повторно во врвот.
 
Честитки до Шпанија,србите на наредното светско првенство ќе се ојачаат и очекувам високо да рангираат...
 
не ги сакам србите баш многу,но првенството го изиграа ФЕНОМЕНАЛНО !!! честитки за нивната игра осебно во одбраната,која импресионира.... да прашаше некој пред почетокот на првенството сигурно не би се обложил дека би играле во финалето и според мене се најпријатното изненадување на првенството после тешката транзиција во нивниот тим последниве години

бравос за шпанците заслужено шампиони,очигледно на сите планови беа најдобро спремни
 
Aj ima li so nekoj de se razgovara okolu kosarka a barem malku da razbira. Pokana do MARKO MZT I uste nekolku momci sto razbiraat kosarka.
 
Честитки за Шпанија за освоеното прво место.Иако не почнаа можеби како што замислуваа сепак на крајот ја покажаа силата кога беше најпотребно тогаш запнаа и стасаа до големото финале во кое уште еднаш докажаа зошто се сметаа за фаворити на овоа европско првенство.Едноставно на секој дел од теренот доминираа,не им дадоа во ниту еден момент шанса на Србија да покажат дел од нивните квалитети...одлична одбрана феноменален напад предводен од МВП на првенството...се на се заслужено освоено злато
 
Честитки за Шпанија за освоеното прво место.Иако не почнаа можеби како што замислуваа сепак на крајот ја покажаа силата кога беше најпотребно тогаш запнаа и стасаа до големото финале во кое уште еднаш докажаа зошто се сметаа за фаворити на овоа европско првенство.Едноставно на секој дел од теренот доминираа,не им дадоа во ниту еден момент шанса на Србија да покажат дел од нивните квалитети...одлична одбрана феноменален напад предводен од МВП на првенството...се на се заслужено освоено злато
Decko zal mi e ama ako mislis deka malko razbiras kosarka
ZAJEBO SI SE
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom