Литванија го објави составот за Евробаскетот
Тренерот на Литванија, Рамунас Бутаутас ги објави имињата на 13. кошаркари кој ќе ги продолжат подготовките за настап на Европското Првенство во кошарка за мажи кое наредниот месец ќе се одржи во Полска.
Во групата каде што е Литванија уште се наоѓаат и Бугарија, Полска и Турција а натпреварите ќе се играат во Вроцлав. Бутаутас се откажа од услугите на Реналдс Сејбутис, Миндаугас Кателинас и Гердос Густас.
Финалниот состав на Литванија од 13 кошаркари:
центар - Робертос Јавтокас, Дариуш Лавриновиќ, Кшиштов Лавриновиќ, Марионас Петравичус
крила - Паулос Јанкунас, Линас Клејза, Јонас Мачолис, Симас Јасајтис
бекови - Артурас Јомантас, Миндаугас Лукаускис, Томас Делиникајтис, Мантас Келниетис, Андрос Мажутис
Го нема Јасикевичус , штета за првенството