Ај сега чичо да ви објасни зошто Форс Индија извози таква трка.
Прво видете го вториот возач, Адриан Сутил. Каде заврши? Некаде во последните, а возеше ист болид со Физикела. Значи голема улога има искуството на возачот и познавањето на патеката.
Второ Форс Индиа вози мотор од Мерцедес. Истиот мотор го вози Мекларен и Браун, така да перформансите на моторот ги знаеме моментално моторот е најјак. Дури ни Ферари неможе да се пофали дека има подобар мотор. А остатокот од болидот треба сите клубови сами да си го склопат, па според аеродинамиката, поставеноста на остатокот од болидот доаѓаат и перформансите.
Трето и најбитно. Патеката имаше температура од 30 степени, додека воздухот околу 15. Откако влегоа SLICK гумите, сите тимови имаат потешкотии со нивното правилно загревање и работна температура. Доколку гумите не се правилно загреани, се губи 1.5 до 2 секунди по круг.
Физикела е човек кој со Баричело се ветерани во Ф1. Така да едноставно може да се кажи дека му легна патеката и успеа од прва да го пронајде поддесувањето на болидот додека другите екипи се мачеа или не успеаа. Затоа Форс Индија беше толку конкурентна. Ке видите каде ке биде на наредната трка која се вози во Монца - Италија.
И достате со карање, ова не е фудбал фан клуб.