Формула 1 сезона 2009

  • Креатор на темата Ајсшутер
  • Време на започнување

Дали правилата конечно ја направија Ф1 интересна и рамноправна?

  • Да

    Гласови: 86 41,3%
  • Не

    Гласови: 122 58,7%

  • Вкупно гласачи
    208

FikoX

Impossible is nothing
Член од
13 август 2007
Мислења
2.850
Поени од реакции
128
Не коментирај непроверено!!!
http://www.formula1.com/news/headlines/2009/6/9487.html
Ферари 100% ке настапува, не се сигурни McLaren, BMW Sauber, Renault, Toyota и Brawn.
добро бе"!!!":)

па и на мојот линк шо го ставив пишува дека ги ставиле на листата, ама Ферари се огласиле:

За да не создаваме некакви сомневања, тимот на Ферари сака да потврди дека нема да настапи во натпреварувањето на ФИА според пропишаните правила за следната сезона.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
добро бе"!!!":)

па и на мојот линк шо го ставив пишува дека ги ставиле на листата, ама Ферари се огласиле:
И сега ке настапуваат или не? Пошо вака ми е многу збунувачки, ФИА вика дека Ферари ја потпиша безусловната пријава за 2010, додека Ферари вика дека нема да настапуваат :toe:

Има големи шанси Рено, Мекларен, Заубер и Браун да си направат сопствена лига. Па од 2011 сите останати тимови да преминат во неа.
 
Член од
16 март 2009
Мислења
2.130
Поени од реакции
183

Иако од ФИА веќе го најавија Ферари како тим кој ќе се натпреварува следната сезона, од Маринело стигнуваат поинакви информации.

Иако Ферари на 29 мај поднесе условна пријава за следната сезона, сепак работите не одат како што очекуваа. Тие се пријавија за следната сезона под услов да се променат новите правила поставени од ФИА, меѓутоа до ден денес промената не е ни разгледана.

Ферари е во не баш добри односи со ФИА во последнава сезона заради одлуката на ФИА да го ограничи буџетот на тимовите на 40 милиони.

Претседателот на ФИА, Макс Мозли се брани со тоа дека мора да има ограничување за да се приклучат повеќе тимови и да се спасат од светската економска криза.

Светската автомобилистичка федерација го обрзува Ферари со договор кои го потпишаа за тркање до 2012 година, но сепак момците од Маринело одбиваат да учествуваат.

Ферари се закани на ФИА да не ги сметаат како сигурни членови и да ги разгледаат нивните услови.

„Ферари потврдува дека нема да настапува во следната сезона доколку ФИА не ги промени новопоставените правила кои не беа на сила кога Ферари го потпиша првичниот договор.“

Освен споменатите тимови со условни пријави се и Мекларен Мерцедес, БМВ-Заубер, Рено, Тојота и Браун ГП кои се уште може да се откажат доколку работите не се решат до следниот петок.

„ФИА ги повикува тимовите со условни пријави да разговараме за критичните правила и да се донесат одлуки најдоцна до петок 19 јуни,“ стои во ставот на ФИА.

Иако листата на тимови за следната сезона беше објавена изгледа дека ништо не е сигурно.

Шпанскиот тим Кампос ГП и американските, Манор ГП и УС Ф1, се потврдени како нови тмови, но тимот од Кувајт Продрајв и поранешниот тим Лола не беа одбрани.
 

gelcev

Scuderia Ferrari
Член од
13 август 2008
Мислења
451
Поени од реакции
10
17.06.2009
Ferrari потврди: Нема да настапиме следната сезона!-Dali e konecno ?:(:icon_eek:

Иако FIA ги стави на листата на екипи за следната сезона на Формула 1 од Ferrari се огласија со соопштение во кое велат дека нема да настапуваат следната сезона по најавените нови правила. FIA сепак, се повикува на спроведување на долгорочниот договор потпишан пред неколку години...
Ferrari 29 април предал условна пријава за настап на Светското првенство на Формула 1, кој содржел одредени услови. До денес тие услови не се исполнети. Иако Ferrari писмено побарал од FIA да не ги вклучува Ferrari како безусловен учесник во натпреварувањата следната сезона, токму тоа се случило. „За да отстраниме секакво сомнение ние во Ferrari сакаме да потврдиме дека нема да настапуваме во FIA под правилата кои се пропишани за следната сезона“, стои во официјалното соопштение на екипата од Maranello.
Покрај Ferrari, FIA на листата на екипите за следната сезона ги ставила и останатите девет постојни екипи – Williams и Force India кои пратиле безусловни пријави, но и Red Bull, Ferrari и Toro Rosso бидејќи FIA инсистира на спроведување на долгорочниот договор кој тие три екипи го потпишале пред неколку сезони. Тука секако ќе настанат проблеми, бидејќи од Ferrari веќе порано најавуваа преземање на одредени контрамерки повик ако се повика FIA на тој договор. Досега Ferrari го поддржа Red Bull, чии официјални лица исто така најавуваа дека нема подлегнат на притисоците на FIA.
Ќе има проблеми и со останатите пет екипи – Brawn GP, McLaren, Renault, Toyota, и BMW Sauber. И нив FIA ги стави на листат на екипи за следната сезона, иако и тие го условиле настапот со пролонгирање на новововедените правила на FIA, кои би требало да вредат веќе од следната сезона.
На нив FIA им одреди седмодневен мораториум. До овој петок или 19 мај, ќе треба да ги повлечат своите условни пријави и да вложат безусловни. Ако не се случи тоа, FIA ќе ги исклучи од натпреварувањата.
Ако останат ставовите непроменети и на двете страни, најмногу ќе претрпат навивачите, љубителите на Формула 1.
Конечно, новите три екипи од седната сезона ќе бидат шпанскиот тим Campos Grand Prix, зад која стои мексиканскиот милијардер Carlos Slim, USF1, американска екипа која ја држат Peter Windsor и Ken Anderson, британскиот Manor Grand Prix, кипа чие влегување пред Lola и Prodrive е најголемо изненадување. Под името Manor Motorsport екипата стана позната натпреварувајќи се во Формула 3. Ја водат John Booth и Nick Wirth.




17.06.2009
Alonso: „Не сакам да возам во „новата Формула 1“ на Mosley“.
Двојниот светски шампион Fernando Alonso најави заминување од елитното автомобилистичко натпреварување ако новите правила на Mosley стапат на сила, солидаризирајќи се со „синдикатот“ на Ф1 FOTA.
Зад Alonso се седум тешки трки на почетокот на 2009 година. Вози многу добро, собира поени каде е тоа можно, но Renault едноставно е преспор и славниот шампион не може да се бори за победата.

„Ако произведувачите се договорат и организираат паралелно натпреварување, тоа ќе биде занимливо, бидејќи тогаш ќе гледаме навистина врвна технологија и најбрзите болиди на светот“, вели Alonso.

Но од друга страна тој наоѓа време за бавење со политика во Формула 1, па така во април се залагаше за забрана на укинувањето на двојните дифузори, а сега стана во одбрана на правата на Ф1.

„Ќе возам во било која друга категорија наместо во Формула 1“, изјави Alonso за Daily Record, поддржувајќи ги на тој начин настојувањата на својот Renault ограничувањата на буџетот да не се воведат веќе следната сезона.
„Тимовите понудија максимален компромис“, коментирал Шпанецот на предлозите на намалувањата на трошоците.
FOTA бара радикално намалување на трошоците да се спроведе во тригодишен период, а не веднаш на крајот на сезоната.

„Екипите не можат наеднаш да ги намалат буџетите од 500 милиони на 45“, го коментира Alonso планот на Mosley.
 

Тиња

Водоматач
Член од
10 мај 2009
Мислења
64
Поени од реакции
4
овие стварно се поделија еј.

гарант нешто сакаат да го пензионираат мозли и после да договорат нов претседател од нив
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Дефинитивно ФОТА се одделува од Ф1. Ферари, Мекларен, Браун ГП, Рено, Тојота, БМВ Заубер, Ред Бул и Торо Росо не поднесоа пријави за наредната сезона под капата на Берни - пријави поднесоа само Вилијамс и Форс Индиа.

Така да очекувајте од наредната сезона две натпреварувања како Формула 1 со таа разлика што ФОТА ке биде далеку поинтересна и подобра за гледање.


Конечно се случи она што сите го посакуваа. Ф1 натпреварување организирано од производителите на автомобили, без Берни Еклстоун, Макс Мозли и нивното фаворизирање на Ферари (изјавите дека Ферари е Ф1), безвезни правила (сетете се на еден сет гуми за цела трка, еден сет тврди и еден сет меки гуми за цела трка, забрана за слик гуми, забрана за Мишелин како производител и тн).

Сега ке си бидат рамноправни сите тимови па правилата и нема така лесно да се менуваат - секоја година различни правила.
 

badluckguy

Оган под ѕвездите
Член од
8 октомври 2007
Мислења
2.925
Поени од реакции
131
Дефинитивно ФОТА се одделува од Ф1. Ферари, Мекларен, Браун ГП, Рено, Тојота, БМВ Заубер, Ред Бул и Торо Росо не поднесоа пријави за наредната сезона под капата на Берни - пријави поднесоа само Вилијамс и Форс Индиа.

Така да очекувајте од наредната сезона две натпреварувања како Формула 1 со таа разлика што ФОТА ке биде далеку поинтересна и подобра за гледање.


Конечно се случи она што сите го посакуваа. Ф1 натпреварување организирано од производителите на автомобили, без Берни Еклстоун, Макс Мозли и нивното фаворизирање на Ферари (изјавите дека Ферари е Ф1), безвезни правила (сетете се на еден сет гуми за цела трка, еден сет тврди и еден сет меки гуми за цела трка, забрана за слик гуми, забрана за Мишелин како производител и тн).

Сега ке си бидат рамноправни сите тимови па правилата и нема така лесно да се менуваат - секоја година различни правила.

Е добро, зошто тогаш Ферари би бил најгласен против ова, ако овие алчниве старци го фаворизираат?

Инаку и јас викам алелуја!

Дај боже да се оправи работата. Формула ќе биде многу подобра без овенатите садо-мазо старци.
 
Член од
16 март 2009
Мислења
2.130
Поени од реакции
183
Е добро, зошто тогаш Ферари би бил најгласен против ова, ако овие алчниве старци го фаворизираат?

Инаку и јас викам алелуја!

Дај боже да се оправи работата. Формула ќе биде многу подобра без овенатите садо-мазо старци.
ферари имаше бенифиции од страна на ф1 и ништо повеќе...ако другите зимале стимул од 200 000 евра,ферари зимаа 500 000 евра(не сум сигурен за ова)...со заминувањето на ферари,голем дел од спонзорите СИ ОДАТ,и не само спонзори на Ферари,туку и на Ф1 во глобала...со заминувањето на Рено и на Мекларен,сите британски и шпански спонзори ќе си отидат заедно со тимовите во новата Фота Ф1...А ферари истотака беше фаворизиран од страна на Bridgestone,додека другата страна беа Рено и мекларен приврзаници на Michelin....сега СЕ НАДЕВАМ дека ќе има два до три произведувачи на пневматици....сезоната кога Мекларен возеше на мишелинки не им значеше ништо,ништо не ни освоија,ама барем немаше монопол од страна на Bridgestone....секогаш е убаво кога се има избор....за новата сезона доволно е да се врати ѕверот на патеката...најубавиот болид со мерцедесов мотор ЕВР!-McM Mp4-23



Како ли му е само на Берни старецот скапан,маму му јебем,една сезона уништи од Ф1!!!-што ли мисли сега,кога тимовите му бегаат од рака???
 

gelcev

Scuderia Ferrari
Член од
13 август 2008
Мислења
451
Поени од реакции
10
ферари имаше бенифиции од страна на ф1 и ништо повеќе...ако другите зимале стимул од 200 000 евра,ферари зимаа 500 000 евра(не сум сигурен за ова)...со заминувањето на ферари,голем дел од спонзорите СИ ОДАТ,и не само спонзори на Ферари,туку и на Ф1 во глобала...со заминувањето на Рено и на Мекларен,сите британски и шпански спонзори ќе си отидат заедно со тимовите во новата Фота Ф1...А ферари истотака беше фаворизиран од страна на Bridgestone,додека другата страна беа Рено и мекларен приврзаници на Michelin....сега СЕ НАДЕВАМ дека ќе има два до три произведувачи на пневматици....сезоната кога Мекларен возеше на мишелинки не им значеше ништо,ништо не ни освоија,ама барем немаше монопол од страна на Bridgestone....секогаш е убаво кога се има избор....за новата сезона доволно е да се врати ѕверот на патеката...најубавиот болид со мерцедесов мотор ЕВР!-McM Mp4-23
Berni vo edno intervju izjavi deka Ferrari zima 80000 poveke a ne kako ti sto kaza 500000
Normalno deka ke ima beneficii koga e naj trofeen tim :smir:
I nikoj ne im e kriv koga McLaren im e za nikade areodinamikata
 
Член од
27 мај 2008
Мислења
164
Поени од реакции
29
Odlična vest, ovo se čekalo, a sad ona dva matorca mogu da duvaju u jogurt ...
 

gelcev

Scuderia Ferrari
Член од
13 август 2008
Мислења
451
Поени од реакции
10
ФОТА ЌЕ ФОРМИРА ПАРАЛЕЛНО ПРВЕНСТВО

Дата на објавување: 6/19/2009

Осумте екипи обединети во асоцијацијата на Формула 1 тимови (ФОТА) објавија дека ќе формираат паралелно првенство бидејќи не можат да ги усогласат ставовите со светската автомобилистичка федерација ФИА.

Откако вчера Лука ди Монтеѕемоло изјави дека позиците на Ферари биле познати уште од седницата на нивниот управен одбор кој пред неколку месеци најави истапување од Формула 1 доколку не се повлечат правилата кои нудеа поголема техничка слобода за екипите со помали буџети, сега соопштението на асоцијацијата вели дека ФИА и спственикот на ТВ правата работеле да го разбијат нивното единство. Од друга страна, тие постигнале многу суштествени заштеди на трошоците во услови на голема економска криза и им обезбедиле помош на помалите екипи, но желбите и ставовите на мнозинството биле игнорирани од федерацијата.
Тимовите нашле компромис во инаку бескомпромисната атмосфера, тврди ФОТА, но не можеле да се откажат од фундаменталните вредности на спортот и решиле да ги повлечат своите претходни условени пријави за учество во Формула 1. Поради сето тоа, не постои друга алтернатива освен да се започне со подготовка на ново првенство кое ќе ги рефлектира вредностите на неговите учесници и партнери. Новата серија ќе има транспарентно раководство, еден сет правила за сите, ќе охрабри повеќе учесници и ќе ги слуша желбите на навивачите нудејќи поевтини влезници за трките.
ФОТА очекува сите битни возачи, ѕвезди, спонзори, промотери и компании кои историски биле поврзани со највисокото ниво на моторспорт да бидат дел од нивната серија.

ФИА во својот одговор потенцираше дека рокот за поднесување на пријави за 2010 година истекува во петок навечер, што очигледно претставува уште една надеж за нив ека некои од екипите ќе ја напуштат ФОТА. Од светската автомобилистичка федерација изјавија дека се разочарани, но не и изненадени од неспособноста на ФОТА да постигне компромис. ФИА тврди дека е јасно дека одреени елементи во рамките на ФОТА го предвиделе овој расплет низ продолжените преговори и не соработувале со полна верба во дискусиите, што најверојатно се однесува на Флавио Бриаторе.
Според оваа реплика, раководството нема да дозволи друг да ги диктира правилата, ниту да прифати финансиски „вооружена“ трка. Сооппштението завршува со информацијата дека ФИА ќе ја објави листата на учесници во Формула 1 во сабота.

На претходната листа беа имињата на досегашните десет екипи, од кои „бунтовници“ се сите освен Вилијамс и Форс Индија, а три нови тима беа вклучени меѓу учесниците за 2010: Кампос, Манор и УС Ф1. Според медиумите, на резервната листа на чекање се екипите Продрајв, Бребем, Марч и Суперфунд, додека Лола го повлекла своето барање.
 

eMilanist

Ursus domesticus
Член од
27 септември 2007
Мислења
2.401
Поени од реакции
1.828
Фала богу нема да има зезање со правилата секоја година.
Очекувам враќање на v10 моторите.
Нека пукнат старците сеа.
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
493
Поени од реакции
13
Фала богу нема да има зезање со правилата секоја година.
Очекувам враќање на v10 моторите.
Нека пукнат старците сеа.
Море нека ги пукнат v12 е тоа ќе биде филингот ! :vozbud::vozbud:
 

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
barem ke gledame pobrzi bolidi...se nadevam
 

Kajgana Shop

На врв Bottom