17.06.2009
Ferrari потврди: Нема да настапиме следната сезона!-Dali e konecno ?:icon_eek:
Иако FIA ги стави на листата на екипи за следната сезона на Формула 1 од Ferrari се огласија со соопштение во кое велат дека нема да настапуваат следната сезона по најавените нови правила. FIA сепак, се повикува на спроведување на долгорочниот договор потпишан пред неколку години...
Ferrari 29 април предал условна пријава за настап на Светското првенство на Формула 1, кој содржел одредени услови. До денес тие услови не се исполнети. Иако Ferrari писмено побарал од FIA да не ги вклучува Ferrari како безусловен учесник во натпреварувањата следната сезона, токму тоа се случило. „За да отстраниме секакво сомнение ние во Ferrari сакаме да потврдиме дека нема да настапуваме во FIA под правилата кои се пропишани за следната сезона“, стои во официјалното соопштение на екипата од Maranello.
Покрај Ferrari, FIA на листата на екипите за следната сезона ги ставила и останатите девет постојни екипи – Williams и Force India кои пратиле безусловни пријави, но и Red Bull, Ferrari и Toro Rosso бидејќи FIA инсистира на спроведување на долгорочниот договор кој тие три екипи го потпишале пред неколку сезони. Тука секако ќе настанат проблеми, бидејќи од Ferrari веќе порано најавуваа преземање на одредени контрамерки повик ако се повика FIA на тој договор. Досега Ferrari го поддржа Red Bull, чии официјални лица исто така најавуваа дека нема подлегнат на притисоците на FIA.
Ќе има проблеми и со останатите пет екипи – Brawn GP, McLaren, Renault, Toyota, и BMW Sauber. И нив FIA ги стави на листат на екипи за следната сезона, иако и тие го условиле настапот со пролонгирање на новововедените правила на FIA, кои би требало да вредат веќе од следната сезона.
На нив FIA им одреди седмодневен мораториум. До овој петок или 19 мај, ќе треба да ги повлечат своите условни пријави и да вложат безусловни. Ако не се случи тоа, FIA ќе ги исклучи од натпреварувањата.
Ако останат ставовите непроменети и на двете страни, најмногу ќе претрпат навивачите, љубителите на Формула 1.
Конечно, новите три екипи од седната сезона ќе бидат шпанскиот тим Campos Grand Prix, зад која стои мексиканскиот милијардер Carlos Slim, USF1, американска екипа која ја држат Peter Windsor и Ken Anderson, британскиот Manor Grand Prix, кипа чие влегување пред Lola и Prodrive е најголемо изненадување. Под името Manor Motorsport екипата стана позната натпреварувајќи се во Формула 3. Ја водат John Booth и Nick Wirth.
17.06.2009
Alonso: „Не сакам да возам во „новата Формула 1“ на Mosley“.
Двојниот светски шампион Fernando Alonso најави заминување од елитното автомобилистичко натпреварување ако новите правила на Mosley стапат на сила, солидаризирајќи се со „синдикатот“ на Ф1 FOTA.
Зад Alonso се седум тешки трки на почетокот на 2009 година. Вози многу добро, собира поени каде е тоа можно, но Renault едноставно е преспор и славниот шампион не може да се бори за победата.
„Ако произведувачите се договорат и организираат паралелно натпреварување, тоа ќе биде занимливо, бидејќи тогаш ќе гледаме навистина врвна технологија и најбрзите болиди на светот“, вели Alonso.
Но од друга страна тој наоѓа време за бавење со политика во Формула 1, па така во април се залагаше за забрана на укинувањето на двојните дифузори, а сега стана во одбрана на правата на Ф1.
„Ќе возам во било која друга категорија наместо во Формула 1“, изјави Alonso за Daily Record, поддржувајќи ги на тој начин настојувањата на својот Renault ограничувањата на буџетот да не се воведат веќе следната сезона.
„Тимовите понудија максимален компромис“, коментирал Шпанецот на предлозите на намалувањата на трошоците.
FOTA бара радикално намалување на трошоците да се спроведе во тригодишен период, а не веднаш на крајот на сезоната.
„Екипите не можат наеднаш да ги намалат буџетите од 500 милиони на 45“, го коментира Alonso планот на Mosley.