Буџет на Република Македонија 2009

  • Креатор на темата Креатор на темата ogledalo
  • Време на започнување Време на започнување
Се јавија вработени во јавна администрација изгледа :icon_lol:
Друже, јас сум сопственик на приватен бизнис. Мене нека ми ја покачи платата. А искрено речено, почнав да размислувам за затварање на бизнисот.

Ти објасни Струмикс. Не може бе чоек утре да се разбудиме и да живееме ко швеѓани...чекор по чекор иде тоа. Најискрено ти кажувам, да можам уште истиот момент ќе ја сменам владава од што не ја сакам и не ја подржувам. само глуп ми е пристапот на уште поглупиот народ на некои владини одлуки. Сакаат подобар стандард, ама не сакаат поголеми плати...

Па преку таквото мислам.

П.С не сум ја под Јавна Администрација :):) немој да имаш погрешна слика.
 
Рајмз, дупиш и ти.
Сите сакаме убави плати, нема никаков коментар околу тоа.
Проблем е што платите се зголемуваат неприродно. Буџет е тоа, Влада на РМ не е приватна фирма на груевски па да зголемува плати на луѓе што всушност зимаат плата од мој данок. Наместо тој данок да оди во здравство, пат, економија... тој оди за плаќање на гласачите на груевски. П***** дим. Види ја веста уште еднаш, од 2.5 милијарди евра буџет, 1.5 милијарди евра се планирани за плати на јавната администрација. Она социјално и пензии игнорирај го, ние сме социјална држава само декларативно. Секој ден можеш да прочиташ/видиш како навистина живеат социјалците и пензионерите.
 
Ako ova e tocno sto go pisuvate togas i definitivno Makedonskata ekonomija do godina bankrotira i toa definitivni i pod garancija.

Kakov debil i moron treba da bides i 75% od budzetot da preraspodelis vo javna potrosuvacka odnosno za plati i penzii na adminastracijata WOW WOW
WOW World Of Warcraft fucking unbelivible Jesus Christ!!!!!!!!!!!!!!!!

I definitivno ovie od vladata odlepile i imaat samo edna zadaca kako do kraj da ja unistat i ovaa drzava i ovoj narod.

Neka im odi na cest toa samo mislam deka tie nemaat ni cest ni razum ni sovest bidejki ako imaa nesto od ovie osobini ke si priznajea deka ne si gi biduva i ke si dadea ostavki po itna postapka.
 
Не сум економист, но од она малку што го знам, тоа е дека токму сега, во овие околности е примелива Кејнзовата теорија, т.е. инвестиција во јавни работи од инфраструктурата.
Мислам дека државата требаше многу повеќе да даде за такви работи како што реков во погорниот пост.
А за плати и социјални трансфери...мммм...ми се чини дека ќе се донесе споменуваниот закон за предвремено пензионирање.
Викаш ќе има ефект примената на овој дел од кејнзовата теорија . Можеби ќе ја зголеми агрегатната потрошувачка на кус рок , а со тоа ќе влијае на БДП .Но што би се случило на долг рок...
Кога ќе видиш , сите граѓани на Македонија по природа се Кејнзијанци , сите чекаат на државата да им помогне , нели :toe:Еден барем Класичар да се јавеше ...
 
*Кејнзоновата теорија кај нас се применува од 45 па навака и како што убаво си разбрал од даскалот, таа можи на краток рок да попрај нешто, на долг работата кинисиват надолу.. и така тера надолу.. проблемот е што тогаш решението не се бара во фунадменталните закони и принципи на економијата дефинирани пред 200 и кусур години туку се бара пак во кејнзо-комунистичка доктрина...
Сиов овај раст, сиот овај дефицит сево ова е имагинарно, ќе се сруши како кула од карти

1. Во македонија сите граѓани се комунисти, кензијанци е преблаг збор.
2. Има либерали... http://capitalism.blog.com.mk ... ти е интерсно дувло на малкуте што ги има...

Рајмз, дупиш и ти.
Сите сакаме убави плати, нема никаков коментар околу тоа.
Проблем е што платите се зголемуваат неприродно. Буџет е тоа, Влада на РМ не е приватна фирма на груевски па да зголемува плати на луѓе што всушност зимаат плата од мој данок. Наместо тој данок да оди во здравство, пат, економија... тој оди за плаќање на гласачите на груевски. П***** дим. Види ја веста уште еднаш, од 2.5 милијарди евра буџет, 1.5 милијарди евра се планирани за плати на јавната администрација. Она социјално и пензии игнорирај го, ние сме социјална држава само декларативно. Секој ден можеш да прочиташ/видиш како навистина живеат социјалците и пензионерите.

Значи, што е финтата... обичниот, просечниот македонски граѓанин не плаќаше данок.. додека пак данокот беше висок и прогресивен.. т.е побогатите плаќаа поголеми проценти...
Сега данокот е понизок! А има поголеми наплати на даноци.. на што е тоа резултат ? На УЈП... мислам од морална гледна точка нема ништо лошо во тоа да се наплаќаат даноците... ама прати краткава анализа...
некој кога му се наметни данок во сивата економија или ќе почни да го плаќа или ќе затвори... е сега.. сакнкционирање на неплаќачи на данок е во ред, ама кога тие се малку!. Кај нас повеќето не плаќаат данок и одатму санкционирањето е опасно! рачунај сето производство што е во сива економија да обели или да се посети од инспектори... од нив половина нека затворат и тоа ќе повлече таква катастрофална спирала надолу и ќе пропадниме... А очигледно е дека тоа ќе се случи.в година се планира зголемување на буџетските приходи,и сите што имаат приватни бизнси пазете се! придонесите се намалени! сега ќе плаќате наместо 80% од пријавената плата помалку - 76% - (цирка), а за сметка на тоа добивате - екстра инспекции, трудови!. кај нас обелувањето на сивата економија мора да оди посетпено, полека оти е опасно...

Нели законите, санкциите се насочени за мала група престапници - доколку се работи за голема се доведува во прашање самата санкција и закон. Истото и со даноците...
 
Офф леле овие теоријски школи ќе ми расправаат кои се докажаа на дело баш во моментов колку се успешно предвидливи.

:tapp:
 
Ќутете бе арно сме поминале,јас очекував да надмине 3 милјарди со ребалансот.Како не ви срам овде да се бунтувате,наместо да се радувате кога тие пари се за вас.Владата напорно работи 24/7 според најновите спотчиња,“нишајврати“ едни невидени.:je:
 
ќе бев многу порадосен ако првите две ставки бе обратни, односно 486 милиони денари за државна администрација и 1,5 милијарди за инфраструктура.
 
ќе бев многу порадосен ако првите две ставки бе обратни, односно 486 милиони денари за државна администрација и 1,5 милијарди за инфраструктура.
Да ти се позлати устата.
Легнувам да спијам и да сонувам подобро утре дека реално, кој и да дојде на власт ние сме онаквувани.
 
ќе бев многу порадосен ако првите две ставки бе обратни, односно 486 милиони денари за државна администрација и 1,5 милијарди за инфраструктура.

Па што се бе по 1000 евра месечно бруто плата за администрација,толку изнесува доколку ја поделиме на 130 000 административци таа 1.5 милјарда.Зар има некој што би дремел по цел ден во канцеларија за 800 евра нето?Треба секојдневно да се измислат нови давачки за плукарина,киварина,оџачарина,бунарина па и по некоја ајварина на пример.Впрочем измислувањето казни и нови рекламни спотчиња на Српски јазик е исклучително тешка работа на “фабриката“.
А инфраструктурата и не е битна толку,зошто ти е една нуклеарка или 10 гасни термоцентрали на пример кога си имаш соседи секогаш спремни да ти продадат скапа струја,зошто да правиш подобри патишта па да може колоните автобуси со работници побезбедно и побрзо да стигнат во Скопје и да ја резилат владава со пароли и демонстративни свирежи?Е нема така бе со лесно,вака барем ќе си обезбедиш 150 000 сигурни нишајврати,и најмалку уште толку нивни блиски подржувачи,па си имаш позамашно гласачко тело за 100 годишна власт.:toe:
 
При една световна финансова криза,при огромен дефицит по текуштата сметка -2,2 милиарда,со увеличение от 110% от миналата година и за да биде падането потврдо владата заложи дефицит во размер на 190 милиона евро.
Ова може да се нарече само лудост.
 
фми само време ќе покаже што и колку било нешто лудост во тој даден момент да се направи, така да на нероден петко капа не му се крои.
 
За која влада станува збор?
Нашата или вашата?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom