Поднесени над шест илјади барања за услугата Max TV
Поднесени над шест илјади барања за услугата Max TV
Македонските граѓани пројавиле огромен интерес за новата услуга Max TV, изјави вчера за Тотал главниот извршен директор на Македонски Телеком Николај Бекерс.
“Веќе може да објавиме дека за само една недела после стартувањето на новата услуга се поднесени над шест илјади барања за користење на оваа услуга, што претставува одлична бројка“, изјави вчера за Тотал Бекерс на конференцијата Cisco Expo 2008.
Бекерс ни кажа дека пројавениот според пројавениот интерес за новата услуга очекуваат одлични резултати во првиот квартал од наредната година.
“Уверени сме дека имаме одличен производ и дека на македонсските клиенти тоа ќе им се допадне“, ни рече Бекерс, најавувајќи нови и разновидни пакети во текот на 2009 година.
“Она што сега го нудиме, претставува почетен пакет, а во подоцнежните фази планираме да ја надополниме понудата со нови пакети, откако претходно ќе ги провериме интересите на нашите клиенти. Засега можеме да кажеме дека планираме да стартуваме спортски пакет, филмски пакет и најверојатно ќе има уште една понуда, а тоа би бил пакетот на Албански јазик“, рече Бекерс, кој сеуште не можеше да зборува за рокови кога би започнале новите попнуди бидејќи како што кажа сепак Max TV услугата штотуку започна.
Како што ни објасни, македонскиот модел е ист со моделот во Црна Гора и Унгарија и Германија, каде што за оваа услуга исто така се пројави огромен интерес.
Услугата Max TV, Телеком ја стартуваше пред една недела. На почеток Македонски Телеком ќе понуди IP TV во два различна пакета: 3Max Comfort и 3 Max Comfort +. Двата пакети вклучуваат три услуги: телефонија, Интернет adsl и телевизија со преку 70 ТВ канали. Првиот пакет 3Max Comfort, кој вклучува 25 гигабајти сообраќај на Интернет и 500 бесплатни минути разговор на телефон, чини 1.999 денари, а вториот 3 Max Comfort +, кој вклучува неограничен сообраќај на Интернет и неограничени телефонски разговори чини 2.499 денари.
(Тотал)
http://www.total.com.mk/default.aspx?mId=16&eventId=13507