Оксиморон

  • Креатор на темата Креатор на темата Nemiseverue
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.307
И покрај тоа што оваа стилска фигура личи на идеален начин за поигрување со интелигентно “challenged“ луѓе, ќе ја поставиме како сериозна тема. Во ред, не до толку, толерирам зафрканции, само барам секој пост да има смисла и душа во себе. Да биде од срце.

За оние кои не им е познато, оксиморон е стилска фигура која спојува две различни зборчиња. Како “гласна тишина“ или “комунистички вмровец“ :nesvest:

Повелете, добредојдени се цели реченици.
 
Си беше еднаш еден млад старец, со коњ кој бавно галопираше. Старецот запре крај еден дрвен камен и гласно тушна.

:pipi:
 
Што е подобро, да ја знаеме вистинската лага или лажната вистина??
 
Тишината беше оглувувачка...?...Ако сфатив добро...:toe:
 
Зима е, горештини тешки еден млад старец јаваше пешки, седеше на дрвен камен и тивко се дереше "еј ти ваму дојди тамо"
 
Зима е, горештини тешки еден млад старец јаваше пешки, седеше на дрвен камен и тивко се дереше "еј ти ваму дојди тамо"

...Во блиската далечина, му забелеа нешто црно, тоа беше дрво, зимзелено, изглеат беше круша.

:salut:
 
Тој чувствуваше дека живата смрт му се доближуваше и бавно брзаше да стигне до стариот младич...
 
Црната светлина широко се собираше, додека глувата музика нежно болката ја радуваше.
 
На воените академии, кога се учи за муниција, има еден термин „хуман куршум“. Тоа се оние куршуми кои се со шпицаст врв, и се доволни да го убијат војникот наспроти оние засечените и тапите куршуми кои се наречени„нехумани“ и покрај тоа што го убиваат војникот, тие и го распарчуваат одвнатре...

Колку може да биде ХУМАН куршумот? :)
 
На воените академии, кога се учи за муниција, има еден термин „хуман куршум“. Тоа се оние куршуми кои се со шпицаст врв, и се доволни да го убијат војникот наспроти оние засечените и тапите куршуми кои се наречени„нехумани“ и покрај тоа што го убиваат војникот, тие и го распарчуваат одвнатре...

Колку може да биде ХУМАН куршумот? :)
Колку што има и friendly fire. :)
 
Си беше еден млад старец, се гледаше во блиската далечина и му се белееше една црна точка!
 
Оксиморонот како стилска фигура се вбројува во фигури на мислата и во буквален превод значи остроумна лудост, т.е кога нешто навидум е нелогично, а всушност мудро и длабокоумно срочено. Погоре не прочитав ниту еден оксиморонски израз или фраза (со исклучок на речита тишина), а јас како пример ги предлагам овие стихови на Ренџов:
"Ми се поклонува кутрото
Зашто мисли: Од злато сум,
Од сребро сум, од олово сум,
Од чиста вистина сум."
П.С. Во стиховиве има и антиклимакс, т.е надолна градација, и всушност на неа е втемелен оксиморонот.
 
Чекај чекај... што е оксиморон е многу јасно. Спојување на два различни (спротиставени) поими. Твоето поетско сфаќање на поимот нема да го негирам, но во никој случај не можеш да го осудиш значењето и длабочината на било кој од напишаните поими. Ако фецес на платно е уметност, дефинитвно и “хуман куршум“ има вредност. Патем, и по твојата дефиниција, постот на Трн многу добро ја долови поентата и суштината.

Ренџов... поентата на стиховите е... оксиморонска. И секако дека припаѓа на темата, но те молам немој да пишуваш дека оние кои веќе се изјасниле дека згрешиле, бидејќи не си во право. Сигурно ретки се оние на форумот кои можат да ја доловат оваа стилска фигура на ваков начин, но тоа не значи дека токму тука треба да напишат нешто вакво, или пак да очекуваме дека ако не можат, треба да премолчат.

Сликата со Гарфилд... фантастично, и зар тоа не требаше да искочи на виделина?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom