Видете душички, јас не сум Феномен, ни некој друг, јас сум си росоњер и сум горд на тоа.
По враќањето од Бразил на Браида на врвот на неговиот список бил 17- годишниот Нејмар од Сантос играч кој игра во напад и позади напаѓачите.
Ван Бастен им го предложил на газдите на Милан Луис Суарез, и тоа што побргу да го земат
Милан влезе во конкуренција со Манчестер, Арсенал и Барселона по 21 -годишниот Србин на Дортмунд Ненад Суботиќ. Дечкото игра бек а може да игра и централен нешто како Ведран Чорлука е дечково
Мммммм, многу јак играч, еден од најголемите Бразилски таленти, според Пеле негов директен наследник, ама овие душевно болните од Сантос барале 30 милиони за него....ќе ги добиат....:tv:
Уште кога ја видов цифрата од 20 милиони се ми стана јасно, Милан никогаш нема да ги даде тие пари за Суарез!
Одличен млад играч, висок 193 cm, често постигнува голови, го имам гледани, али тешко да го земиме, голема е конкуренцијата и сигурно вреди околу 12-5...
Се шпекулира дека Антонини во јануари ќе премине во Наполи во замена за Ѕунига, овој Ѕунига лани беше најдобар играч на Сиена, солиден десен бек и искрено не знам зошто Наполи би го дале во замена за играч ко Антонини.
Али ако се оствари ова ја сум им благодарен.
пс. ве молам некојте сеа одма со “Антонини е млад и има потецијал, само не добил шанса’’. Играч шо не успеал да се наметне пред Одо и Замброта и да избори прв тим пред овие два офуцани лика, нема шо да бара во Милан.
Чудна работа, можеби поради тоа што Маџо го играат како десен бек, а овој лево игра изгледа, знам ги гледав еднаш и така играа, а на Ѕунига природната позиција како што знам му е офанзивен десен бек.
Од шефот мал поздрав:smir:
На бесилка, ОДМА! :nerv::nerv:
А може и Роналдињо е во оваква состојба:
Адриано: „Пиев што ке стигнам“
Напаѓачот на Фламенго Адриано призна за магазинот "Р7" дека во периодот што го мина во Интер бил на прагот да стане алкохоличар поради депресија.
„
Тешки ми беа деновите во миланскиот клуб. Оставив впечаток на измамник, пијаница, неодговорно момче, бунтовник и којзнае што уште“ вели 27-годишниот Бразилец.
Робусниот напаѓач за тимот од "Џузепе Меаца" играше изминатата сезона, но се разболе од депресија, па долго време мина на трибините, едно време дури и на лекување во Сао Паоло. Сега во Фламенго ги решета мрежите во бразилската лига, каде со 13 гола го дели првото место на листата на стрелците со Јонас и Диего Тардели.
„
По смртта на татко ми минував низ тежок период во животот. Се разболев од депресија, па почнав многу да пијам. Само пијан можев да ја поднесам тагата, па затоа се "топев " во алкохол секој ден, секоја ноќ. Не бирав што пијам, пиев се. Една вечер пиев вино, другата виски, третата пиво ... или се заедно, но пиво пиев буквално нон-стоп. Од излегувањата се враќав доцна, се плашев да заспијам, бидејќи би го преспал утринскиот тренинг. Во таква состојба одев на тренинзите. Тогашниот тренер Роберто Манчини тогаш ме праќаше дома, а во јавоста беше пласирана приказната дека сум повреден, дека ме мачи мускулот, глуждот...Бев скршен во секој поглед“- објасни Адриано.
Бразилецот додава дека сега е во најдобар ред.
„
За мене тоа е веќе минато. Повеќе не пијам. Повторно уживам во фудалот и се радувам секој ден“- оптимистички звучи Адриано.
од кај знаете....