Фан Клуб: Милан

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Mилан се интересира за Вучинич изгледа и испратиле понуда до Рома.
 
Силва еднаиот а другиот Инзаги и немаше пенали...:)

Ако е истиот куп кај што игра и Интер тогаш би требало да има пенали. Вчера Интер - Америка беше 1-1 и играа пенали. :toe:
 
Ми се допаѓа што вчера Ди Џенаро дал гол и како што читам,се повеќе се задоволни и изненадени од неговото залагање на тренинзите,напредување и довербата која ја гради кај Лео...Не затоа што многу сакам да игра прва постава туку затоа што сакам да има конкуренција и добра клупа во тимот.
2-2 отсекогаш ми бил најглуп резултат што може да постои,али добро е,со Калач на голот,супер е! :)
Сега за 2 дена играме наредна пријателска со Клуб Америка...Лео изјави дека ќе испробува нови играчи и варијанти.Мене ме интересира како ќе се покажуваат Абате,Ди Џенаро и Ониеву...
 
Milan 2-2 La galaxy
Солидно изиграно од дел од играчите на Милан. Пример Ди Џенаро... и тоа како игра добро. Искрено вчера прв пат го видов играчов но добар беше. Ми се свиѓа кај тренеров Леонардо што за разлика од Анчелоти остава простор и за млади играчи... имаат шанса да се докажуваат. Кога сме кај него еве што изјавил после натпреварот Милан - Ла галакси линк ... интересно интересно...
 
Реал Мадрид - Милан
25/8/2009
Сантијаго Бернабе!
-----------------------
Ауу Ќе биде Јакоо! :vozbud:
 
Здраво да се преставам прво јас сум Давор да не бидам вака некултурен дека ви се убацувам у дискусија али како голем фан на овој клуб Милан мора и јас да пишам нешто.

Го сакам клубов уште од кога бев мал 2ро одделение тоа беше 1997ма и за чудо ден денес само за нив навивам немам ни 2ор омилен клуб.

Па читав некој предходни коментари ме мрзеше да поминуем све ипак има премногу страни, вчера Милан не изигра ништо посебно од моја гледан точка али со тој тим што беше таму тоа беше и максимумот да не се лажеме. Само изреволтиран сум што се уште ги браните Галијани и Берлускони и нивните постапки што го доведоа до ова држиште Милан да нема титула во Италија 2003-04 и еден куп скандали што го следеа со наместените утакмици. Неможе еден тим како што е Милан да нема квалитетни и врвни играчи што цела негова историја ги имал веќе смачено ми е да ги гледам Seedorf , Jankulovski и уште некој па до кога со овие играчи !? Може ке изненадат за до 4то место во Италија па ке се пласираат и наредна година у LC али што дека кога филозофијата им е само да учествуваат, а тоа што го споредувате Leonardo со Carlo Ancelotti тоа е смешно
: )) али ваше право е неможан да ви се мешам за мене Carlo е еден од најдборите тренери што ги имал Милан и ќе го докаже тоа годинава со Chelsea дека е еден од најдобрите.

Милан не е тоа што беше а и тешко во наредни 3 години ке биде !! Освен ако не донесат квалитени играчи РЕДНО Е ВЕЌЕ !!

Али како и да е ќе ги бодриме цела сезона ( може ке му текне на кучето Роналдињо да почне да игра ) надежта последна умира :vozbud:.

Милан <3 !!!!
 
Добредојде Давор се надевам ќе бидеш активен ;)
 
Знаете колку ќе губите за 5 дена хаха 4 : 0 =)

Никој не може да каже како ке игра Милан од 1 утакмица и тоа пријателска,сега се експериментира и после ке се види како треба да биде се...од вчера тоа што го видовме,Рони мислам дека озбилно си ја сфатил работата и сигурен сум дека ке дава се од себе+тренерот е нов во работата па се си иде полека само да почекаме малце,уште да ги донесат тие 2-3 фудбалери и тогаш немам гајле...:smir:
 


Еве ги головите на Ди Џенаро е првиот, Силва ич не ја ни допре...
 
Калач под итно да се дае или поклони некаде... Не знам што се дешава со Дида?! И за тренинзите коа читам не се спомнува никаде...Подобро Сторари нека брани отколку Калач...

А Роналдињо каков пас даде за вториот гол...Свака му част!

Добро е...Од клипов головите што ги примивме не беа некои опасни.Сеа не глеав да знам дали не надиграле,ама ова е добро.Со нов трењер,нов концепт, и нова тактика,ова,засега е добро...
 
milanelcuore.blogfree.net /
Слики од Милан-Галакси

Иначе мило ми е што Ди Џенаро играл добро...
Рони полка се врака
На Бориело му треба уште малце време
Неста добредојде назад ЦАРЕ
Инзаги како и секогаш ЅВЕР
Се повеке и повеке ми се свига Антонини
Калач мора да се мења !!
Ни фалат Пирло и Пато.....особено Паткава ама добро ни иде
Лео е добар ке не изведе на прав пат ке видите.....
Сеа уште да се активираме на трансфер пазарот.....
Форца Милан
 
Вчера утакмицата за мене претставуваше ужас не се знаеше кој на која позиција игра играа брканица Рони цела утакмица не трчаше се обидуваше со неговите пасови и многу ме изнервира ова вчера беше многу поразлично од тоа што Лео го најавуваше он најавуваше активна игра во која сите ќе бидат во движење :tapp:

Бекс не утепа! Алал да му е што топки даваше ...

Бев задоволен од Фламини Амброзини Неста другото беше тиња ааа да и забележав спринт на Абате муња бил дечково ! И добро беше го видовме малиов Албертази (незнам дали точно го напишав) ! Ди Џенаро што толку го фалевте незнам што толку посебно направи освен центаршутот/шутот после топката ја немаше толку во неговите нозе

И за крај Рони псс многу се очекува од него а уствари во таа брканицата вчера он беше најдезорјентиран човеков покушаваше да прими топка дури позади средина и ми изиграваше Пирло :tapp: глупаво изигра нешто почна да трча во 93та и мене тоа уште толку ме полуди
 
Статус
Затворена за нови мислења.
Back
На врв Bottom