Вчера бев нервозен и не можев да пишувам за утакмицата,а и сеа не знам што да напишам.Малце немавме среќа,нападот слабо играше,голманот фати неколку шута,и тоа е тоа.Тој Ди Џенаро е од младинската школа на Милан,ми се чини дека летоска го продадоа.Такви играчи горат од желба за гол...А се гледаше и по него,за малце не го удри срцето.
Иначе во вакви утакмици се губи првенството.Сега за да ги вратиме шансите,мораме убедливо да го надиграме Интер.
А мене најмногу ме загрижува состојбата со Кака...Нема да игра против Англија,а не се знае ни за против Интер.Таман почнаа да се враќаат повредениве играчи,ако Кака е посериозно повреден,лошо ќе биде.