Шкендија за титула, Вардар за "живот"
И да посакуваа, љубителите на фудбалот во Тетово, а особено оние кои ја симпатизираат Шкендија не можеа да имаат подобро отворање на есенскиот дел
Утре под Шара гостува тимот на Вардар. Есенскиот шампион во дербито го пречекува најтрофејниот македонски тим сакајќи да му го земе "скалпот" и да "се одлепи" од другите конкуренти за шампионската титула.
Шкендија на домашен терен игра импресивно сезонава. Ниту еден противник не успеал да ги освои сите три бода, а единствен кој остана непоразен на гостувањето кај овој тим е Тетекс и тоа уште во првото коло од овој шампионат. Од тогаш па наваму сите оние кои гостувале кај "црвено-црните", со наведнати глави го напуштаа градот под Шара.
За разлика од Вардар, кој има сосема нов лик, Шкендија со истиот тим од есенскиот дел атакува кон првото "злато" во својата историја. Со само мали корекции носејќи го Аломеровиќ во средниот ред, тетовци со добро воигран тим кој атакува на трите бода со скопските "црвено-црни".
ШКЕНДИЈА - ВАРДАР
Градски стадион во Тетово. Капацитет: 12.000. Почеток: недела, 14 часот. Главен судија: Марјан Ецкоски (Охрид). Помошници: Лазе Чакарески (Струга) и Ацо Мацески (Струга).
ШКЕНДИЈА: Зендели, Елмазовски, Никитовиќ, Бериша, Цуцули, Усеини, Мустафи, Аломеровиќ, Емини, Хасани, Сали.
Тренер: Ќатип Осман
ВАРДАР: Симов, Ѓоргиевски, Бојовиќ, Б. Џангаровски, Нено, Ристевски, Т. Џангаровски, Мојсов, Настевски, Фабио, Вандаир
Тренер: Зоран Стратев
ПОСЛЕДНИ НАТПРЕВАРИ
Вардар - Шкендија 0:2
Шкендија - Вардар 1:0
Вардар - Шкендија 4:1
Шкендија - Вардар 0:1
Вардар - Шкендија 1:0
ВКУПНО:
15 3 3 9 8:20