Фан Клуб: Милан

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Абе едно е football manager друго е Анчелоти, ти можеш во 100 комбинации да го ставиш Пенант во првиот тим, јас ти реков, он би играл на една од позициите на Кака или Рони, со друго зборови шанса нема да биде првотимец, а тоа е она што тој го бара . Анчелоти со години ја преферира истата формација, или менува формација со двајца напаѓачи, доста долго време не користел крило во средината незнам што те тера да веруваш во тоа дека во овој тим на Милан има место за Пенант, а и од кај тоа дека е квалитетен играч . :toe:

И кај гледаш тука место за Пенант, башка што овие играчи што ги наброја немаат никаква врска со позицијата на која игра Пенант ( класично крило ), Бекам и во репрезентацијата на Англија беше користен како централен играч од средината, така ке биде користен и тука, плус, нели увиде дека крилните играчи во Италија тешко просперираат, затоа и Мурињо ја смени тактиката, без крилни играчи во средниот ред, со максимално користење на бековите за тие позиции . :toe:


Syn.. многу чуден човек си:):)

Штом Анчелоти го бара тогаш си има некоја своја замисла не се секирај ти. Нема да даваат миљони и плус висока плата за да ја грее клупата ...
Плус да не заборавиме е играч од Премиер Лигата- најјаката лига во светот а не од Португалија. Кварезма мисли дека игра против Амадора,Навал,Леиксосес...и ќе дрибла како сака, е нема брат.:toe:

А за болдираново изгледај едно клипче од него па кажи ми дали ќе го смениш мислењето :wink:

Не за бадијала и Реал Мадрид го бараат.
 
Syn.. многу чуден човек си:):)

Штом Анчелоти го бара тогаш си има некоја своја замисла не се секирај ти. Нема да даваат миљони и плус висока плата за да ја грее клупата ...
Плус да не заборавиме е играч од Премиер Лигата- најјаката лига во светот а не од Португалија. Кварезма мисли дека игра против Амадора,Навал,Леиксосес...и ќе дрибла како сака, е нема брат.:toe:

А за болдираново изгледај едно клипче од него па кажи ми дали ќе го смениш мислењето :wink:

Не за бадијала и Реал Мадрид го бараат.

Пенант единствено може да игра во клуб како Портсмут.:toe:
Реал може да го бараат и Асан Цевката од Кавадарци е сеа за шо намена ќе му биде....:icon_lol:
 
Ronaldinho добро игра сеа за сеа. Малце себичи али и тоа е дозволено пријателска е.
 
Пак од пеналче гол сме дале:)

п.с Еве го на Milanez' играчот Кардачо. Сега ќе ја реши утакмицата..:vozbud:
 
ајнц - ајнц
како што рече швабата на ДСФ

нема победа
гледам првиот состав бил со Бекс, Пато и Пирло
па ете се подготвија
сега само победи треба во официјалниве натпревари да се редат
прва Рома да падне :smir:


едит:
пенали ммм
не знаев
 
со оглед на тоа што хамбург играше доста агресивно и со прва постава (бар така мислам)... 1-1 не се така лоши, ни фалеа некој првотимци но не значи и дека неможевме да победиме


некој мал репорт за Бекам да даде? :)
 
Ете нишо, ама хамбур не се лоши ама сепак роналдињо му го пикна..
 
Дида фати пенал :vozbud: на Тијаго Невес и еден промарши

а Рони, Шева, Пипо и Фламини дадоа
на Емерсон (вошка) му го фати - е многу ме нервира

победа :smir:
на пенали ама си е победа 5-4
 
Ја гледав само дур играше Бекам, ама исто ка да не играше го немаше нигде освен ан моменти што се појавуваше и се гледаше дека нема душа човекот затоа си излезе второ, не покажа некоја добра игра...
Второ се вртев на моменти не гледав целосно не ми беше интересно :)

Да го пофалим Дида одлично одбрани, а голот што го прими не се бранеше дека предтоа имаше одбрана па се одбаци топката до циганот, и пенал фати :)


пс. Пипо даде убав гол од пенал а Емерсон промаши :pos:
 
Статус
Затворена за нови мислења.
Back
На врв Bottom