Учете италијански со Бекам
Интернет порталот Гол покрена интересна иницијатива, поврзана со преминувањето на Дејвид Бекам во италјанскиот гигант Милан, што ќе се случи денеска. Според овој сајт има некои интересни работи што Бекам треба да ги знае на италијански по неговото приклучување во тимот.
Еве го списокот на десетте најважни реплики:
1. Извини Пирло, јас ќе го изведам овој откосо слободен удар.
2. Жалам убавице, јас сум женет. Но Пато не е...
3. Сигурен сум дека правите извонредно кафе, но јас би сакал шолја чај.
4. Извинете, може ли да останам за постојано во Милан?
5. Господинот Капело е извонреден човек. Тој е главен и умен, а освен тоа изгледа и добро.
6. Чудно е што Пипо Инзаги е подобар од Ален Гордон (напаѓач на ЛА Галакси).
7. Каде е продавницата на Армани?
8. Навистина ли ви се допаѓа Руд Гулит?
9. Не сум дојден тука за да продавам дресови.
10. Ајде момче, подај ми ја топката.