Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Да расчитиме... Незнам од каде ви се овие информации за скршени пршлени, раце и слично... Дечкото ја дупна главата на базен при скокање и доби потрес на мозок, ништо посериозно, го оставија да полежи 2-3 дена во болница. Друг повреден член имаше од фрлањето на флаши од страна на навивачите на Дортмунд кога одевме накај стадионот, но ни тоа не е нешто сериозно, мала расекотина на муцката.

Некои работи во врска со групата не треба и не смеете да ги пишувате на форумов, тоа да ви биде јасно! Ова се однесува на помладите членови на групата што пишуваат на форумов.
 
Ондак ни воџите нека не пишуваат на фејсбук, а како што прочитав и како што ми кажаа има и скршен пршлен и на ФБ можеш да прочиташ од воџата. Јас само го пренесов тоа а дали е така не знам не сум бил ако си бил сигурно подобро знаеш само пренесов јас што ми кажаа :)
 
Го пренесуваме и пишуваме само она што е претходно објавено од некои видни луѓе во Комити. Нема сигурно да пишеме нешто што не треба.....
Иначе најверојатно и Настевски ќе остане во Вардар. :)
 
Ѓурѓевиќ останува во Вардар
6718823083F4B444AB71EA07CC583EC6.jpg

Младиот офанзивец до јуни треба да остане меѓу "црвено-црните"
Најдобриот стрелец на "вардарците" по есенскиот дел од шампионатот Фахрудин Ѓурѓевиќ сосема извесно и натаму останува во редовите на најтрофејниот македонски клуб.
Според нашите информации, 19-годишниот офанзивец деновиве е пред официјален договор со новото раководство на клубот за продолжување на соработката до крајот на актуелнава сезона. Ѓурѓевиќ претходно беше на тестови во француските прволигаши ПСЖ и Ленс со најава за почеток на своја интернационална кариера, меѓутоа на крајот, сепак, одлуката е да се остане во црвено-црниот дрес и низ пролетниот дел од првенството.
 
И не така лош состав :) Полека полека склопивме добар тим...
Евентуалните први 11 за пролетва:
1.Симов 2.Ѓорѓиевски 3.Нено 4.Џангаровски 5.Бојовиќ 6.Мојсов 7.Ристевски 8.Настевски 9.Пандовски 10. Ѓурѓевиќ 11.Вандеир
 
толку богаташи никој не гио зима вардар срамота .
Без вардар нема фудбал во македонија .
 
Го пренесуваме и пишуваме само она што е претходно објавено од некои видни луѓе во Комити. Нема сигурно да пишеме нешто што не треба.....
Иначе најверојатно и Настевски ќе остане во Вардар. :)
Овај е тој што беше во конкуренција за најдобар млад играч каде што победи Владица ?! тој што требаше да оди во еспањол или во франција некаде ?

ps.bootboy поздрав друже гледам си напреднал во групата :helou:
 
Тој е. Оваа полусезона ќе има подршка од поискусни и до некоја мерка поквалитетни играчи. Сигурен сум дека уште повеќе ќе се истакне сега.
 
Добра вест е што Ѓурѓевиќ останува до крај на сезоната, а се очекува и Настевски да го стори истото.

П.С Прва пријателска во Макарска на 10ти февруари (четврток) против локалниот клуб Ураниа од Башка Вода.
Сепак денес се одиграла првата пријателска на припремите во Макарска. Поразени сме од Рудар Приједор со 0:1.

http://sportsport.ba/bh_fudbal/prijedorcani-slavili-protiv-vardara/51409
 
Сепак денес се одиграла првата пријателска на припремите во Макарска. Поразени сме од Рудар Приједор со 0:1.

http://sportsport.ba/bh_fudbal/prijedorcani-slavili-protiv-vardara/51409

Пух разочарување уште од одма, али сепак треба време тимот се воигра.
Вака така солидно се засиливме. Добивме засилувања во сите полиња од теренот, и конечно можеме да се носиме со сите екипи од Македонско првенство. Сепак малце ќе треба да помине време за да се воигра тимот. Што повеќе утакмици изиграме во овој подготвителен период тоа подобро.
Инаку има ли новости за Божиновски???
 
Победа во вториот контролен натпревар од 1-0. Најверојатно против Широки Бријег ( вака некако им беше името ).
Стрелец на голот Карлос.
 
Победа во вториот контролен натпревар од 1-0. Најверојатно против Широки Бријег ( вака некако им беше името ).
Стрелец на голот Карлос.
Не сме играле сигурно со нив, пошто како што кажа Долрокс они се на припреми во Австрија, а таму отишле м,инатата среда па нема шанси да се вратат одма :) И патем ја победиле Австрија Виена :)
Не е битно кој бил противникот, битно да се одиграат што е можно повеќе средби за да се воигра екипата.

Кај Швабите не се отиде али во Данска се иде :zlo:
пс. Кога играме точно со Хајдук?

Види ги прво условите за идење :icon_mrgr
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom