Кога цел свет влезе у социјализам, зашто не и ние?

  • Креатор на темата Креатор на темата saso82
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
11 април 2007
Мислења
1.677
Поени од реакции
25
Сведоци сме дека државиве све почесто после кризава интервенираат од нивните државни резерви и де факто ги купуваат фирмите кои се во банкрот со цел да ги одржат во живот и да продолжат со работа со што тие фирми се како порано во Југославија во сопственост на ,,работниот народ,, или како беше она ССРНМ (постариве можат да кажат за скаламерииве на времето).

И наместо да стојат париве во моменти кога цел свет е у криза и кога ресурсиве се најефтини во последниве години, со што изградбата на нови објекти (кои би биле изградени од средства наменети за капитални проекти и од државните резерви), би била најефтина. Покрај тоа што би била најефтина изградбата, со изградба на нови фирми пр. фабрики за телевизори, софистицирани конзервни индустрии, и разни други фабрики за производство за кои нормално после опсежни анализи би се констатирало дека би биле исплатливи за производство, и подоцнежен пласман на истите стоки во странство и нормално кај нас, со ова ќе се запослат одреден број работници.

По изведувањето на вакви активности, истиве компании би се ставиле на берза за да се продадат по реалната вредност.

Нормално за тоа време со нив треба да стопанисуваат менаџери кои ќе бидат добро платени, а ќе можат многу лесно да се контролираат преку ревизорските куќи.

Сега малце идејава е фиктивна за нашиве политичари и воопшто за ,,нашиов,, апашки менталитет, али вреди да се барем размисли. Бидејќи не сум Бог знае каков си економист, уствари не сум економист и воопшто, има ли некои постручни, веднаш да кажат дека е неостварлива или?
 
Работава....ветерот дува, зашо не и ние :)))
 
А што мислиш дека се тие компании не и се должни на власта, која пак е контролирана од други моќни компании, при што истите тие компании (значи овде спаѓаат и банки) ја имаат контролата индирекно врз тие компании кои побарале помош.

Соцјализам... НЕ! Некој нов вид на контролирачки монополски капитализам ДА!
 
Kaj nas toa poveke ne pali.Koj veke gi gleda opstite interesi!Se naucivme da gi stavame licnite interesi na prvo mesto i toa e toa.
 
Nie so vakva zelena politika kojznae dali ke vlezeme voopshto...ke sonuvame za socijalizam.Zhiveeme vo totalitaren rezhim.
 
Чудно некое сетило има народецов наш,само кога е во опозиција му текнува дека живее во некој си режими :toe:
 
Nie so vakva zelena politika kojznae dali ke vlezeme voopshto...ke sonuvame za socijalizam.Zhiveeme vo totalitaren rezhim.
Мислиш ко СФРЈ социјализам, друже_________ ми ти се кунемо социјализам ??
Е да тоа не е тоталитарен режим :pos2::pos2:
 
Не плукај по системот што не си го осетил :wink: Систем како систем социјализмот беше добар во екс Југославија ,но политичките одлуки и задкулисните игри на тогашните политичари успеаа да создадат негативна слика за истиот.Социјализмот како систем е добар само ако имаш прави политичари истиот да го применат како што треба.Многу европски земји се поблиски до социјализам одколку до демократија......
 
Zatoa se i pobogati tie zemji. I vo pravo e covekot, ne mozete da zborite za sistem koj ne ste go osetile.
 
@delboy
tocno taka,socijalizmot,kako ideologija e najdobriot sistem,dokolku se sproveduva pravilno.se sto se slucuvalo loso vo bovsa SFRJ bilo samo poradi faktor covek,a ne poradi toj sistem kako ideologija.
samo edna ispravka,vrv na demokratijata e socijalizmot(samoupravuvanjeto koe bilo na sila vo SFRJ).tocno e deka najrazvienite zemji kako Svedska,Norveska idr.se pobliski do socijalizmot,a ne do kapitalizmot(kapitalizmot,a ne demokratijata,toa se dve sprotivni raboti,i nikako ne mozat da odat zaedno)
 
a za kakov ``socijalizam`` se zboruva? mozebi od ovoj tip

``Фени бара ние да му ја платиме загубата. Лани не го делеа профитот, а сега кога пак ќе заработи нешто, бара граѓаните да му ја платат помалата заработувачка од никелот
Газдите на кавадаречкиот комбинат Фени прават профит, а бараат помош од државата и ги тераат вработените денеска да штрајкуваат пред Владата. Тие со притисок сакат да ги реализираат целите, што од хохштаплерски, што од политички причини. Како што дознава ВЕЧЕР, Фени и не ја чувствува светската криза, бидејќи врз основа на годишни договори се уште го продава никелот по претходно договорените цени. Така до крајот на годинава тон никел ќе го продава за 18.000 долари, при што ќе се реализира добивка од околу 20 милиони долари. Новите цени на никелот ќе бидат утврдени дури во првиот квартал од 2009 година и ако дотогаш цените останат ниски, тоа ќе се рефлектира на нивните идни приходи. Како што дознаваме, менаџерите на Фени имале состанок и со сопственикот во Лондон, од каде добиле ветување за 40 милиони евра помош, како финасиска инјекција за да се справат со актуелната состојба. Инаку,Фени лани имал профит од фантастични 90 милиони долари. Комбинатот во негатива би влегол дури идната година но, само ако падот на цената на никелот продолжи и во првиот квартал од идната година. Овие позитивни финансиски резултати, компанијата не ги обелоденува, а во исто време се заканува дека ако не добие помош од државата, ќе стави клуч на врата.
Во октомври менаџментот на комбинатот испрати 190 работници на принуден одмор со образложение дека го намалува производството заради падот на цената на никелот. Се закани дека ќе ги остави без работа и останатите осумстотини. Сега, повластен третман за една од најпрофитабилните компании во земјава ќе бараат работниците со протест пред Владата.
Очигледно ова е дел од економскиот хаос што Црвенковски го подготвува. ВЕЧЕР веќе пишуваше дека газдите на металуршките компании, директно поврзани со се уште актуелниот шеф на државата, подготвуваат економски хаос во Македонија, со единствена цел - помош на Црвенковски во неговата намера да се врати на голема врата во СДСМ, и да ги ослаби позициите на Владата и Груевски. Случајно или не, сегашните газди, или генерални директори, на металуршките гиганти почнувајќи од Фени, па се до Макстил, се директори од времето на комунизмот. Време кога претходниците на Црвенковски како и тој потоа со СДСМ соработуваа со нив, создавајќи и политички и лични врски.
Комунистичките директори, како на ФЕНИ и неколкутемина други, останаа без привилегијата за пониска цена на струја што за нив значеше чиста заработка само по тој основ од неколку милиони евра годишно. Овие пријатели на Црвенковски не му го забораваат одземањето привилегии на Груевски.
Патем, тие се што сега со Црвенковски подготвуваат штрајкови и економски хаос, беа меѓу најбогатите компании во Македонија последниве години. Да го земеме случајот Фени. Цената на никелот лани на светските берзи се движеше околу 32.500 долари за еден тон. Ако се има предвид дека ФЕНИ произведува повеќе од 17.000 тони годишно, со заработка мерена во неколку десетици милиони евра годишно, таа е една од најбогатите компании во Македонија. ``

izvor vecer
 
Мислиш ко СФРЈ социјализам, друже_________ ми ти се кунемо социјализам ??
Е да тоа не е тоталитарен режим :pos2::pos2:
Конкретно во земјава која живеам,Шведска , социјализам до муда.Уште во 60 тите години се испратени стручњаци во Југославија да го проучат системот кој е спроведен и функционира одлично.Не мешај баби и жаби.:nenene:
 
a za kakov ``socijalizam`` se zboruva? mozebi od ovoj tip

``Фени бара ние да му ја платиме загубата. Лани не го делеа профитот, а сега кога пак ќе заработи нешто, бара граѓаните да му ја платат помалата заработувачка од никелот
Газдите на кавадаречкиот комбинат Фени прават профит, а бараат помош од државата и ги тераат вработените денеска да штрајкуваат пред Владата. Тие со притисок сакат да ги реализираат целите, што од хохштаплерски, што од политички причини. Како што дознава ВЕЧЕР, Фени и не ја чувствува светската криза, бидејќи врз основа на годишни договори се уште го продава никелот по претходно договорените цени. Така до крајот на годинава тон никел ќе го продава за 18.000 долари, при што ќе се реализира добивка од околу 20 милиони долари. Новите цени на никелот ќе бидат утврдени дури во првиот квартал од 2009 година и ако дотогаш цените останат ниски, тоа ќе се рефлектира на нивните идни приходи. Како што дознаваме, менаџерите на Фени имале состанок и со сопственикот во Лондон, од каде добиле ветување за 40 милиони евра помош, како финасиска инјекција за да се справат со актуелната состојба. Инаку,Фени лани имал профит од фантастични 90 милиони долари. Комбинатот во негатива би влегол дури идната година но, само ако падот на цената на никелот продолжи и во првиот квартал од идната година. Овие позитивни финансиски резултати, компанијата не ги обелоденува, а во исто време се заканува дека ако не добие помош од државата, ќе стави клуч на врата.
Во октомври менаџментот на комбинатот испрати 190 работници на принуден одмор со образложение дека го намалува производството заради падот на цената на никелот. Се закани дека ќе ги остави без работа и останатите осумстотини. Сега, повластен третман за една од најпрофитабилните компании во земјава ќе бараат работниците со протест пред Владата.
Очигледно ова е дел од економскиот хаос што Црвенковски го подготвува. ВЕЧЕР веќе пишуваше дека газдите на металуршките компании, директно поврзани со се уште актуелниот шеф на државата, подготвуваат економски хаос во Македонија, со единствена цел - помош на Црвенковски во неговата намера да се врати на голема врата во СДСМ, и да ги ослаби позициите на Владата и Груевски. Случајно или не, сегашните газди, или генерални директори, на металуршките гиганти почнувајќи од Фени, па се до Макстил, се директори од времето на комунизмот. Време кога претходниците на Црвенковски како и тој потоа со СДСМ соработуваа со нив, создавајќи и политички и лични врски.
Комунистичките директори, како на ФЕНИ и неколкутемина други, останаа без привилегијата за пониска цена на струја што за нив значеше чиста заработка само по тој основ од неколку милиони евра годишно. Овие пријатели на Црвенковски не му го забораваат одземањето привилегии на Груевски.
Патем, тие се што сега со Црвенковски подготвуваат штрајкови и економски хаос, беа меѓу најбогатите компании во Македонија последниве години. Да го земеме случајот Фени. Цената на никелот лани на светските берзи се движеше околу 32.500 долари за еден тон. Ако се има предвид дека ФЕНИ произведува повеќе од 17.000 тони годишно, со заработка мерена во неколку десетици милиони евра годишно, таа е една од најбогатите компании во Македонија. ``

izvor vecer

Јас никаде не ја гледам врскава помеѓу извадоков од вечер и темава за социјализам:toe:.Но ок јас тебе можам да те разберам зошто се трудиш да на секоја тема имаш потреба да ја прикажеш сегашнава влада како заложник на СДСМ.....:salut:

glasses_orange.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom