Час по историја за ЈУ АС Цитроен клубот, кој постоел од 1964 до 1991 година. ЈУ за Југославија, АС за Ами и Спачек. Постоеле секции, главно по поголемите градови од цела Југославија (вклучувајќи ја и Македонија), а претстедателството било во Белград каде еднаш годишно се организирал собир на ниво на цел клуб. Во покасниот период се печати и весникот ЈУ АС клуб, кој излегувал 3 пати годишно. Врв и најбитниот факт е тоа што во 1973 е организиран првиот светски Цитроен собир со повеќе од 750 возила од 18 држави.
Ќе видите некаде низ видеата, има ентузијаст кој дошол од Португалија, притоа поминувајќи повеќе од 5000 километри. Исто така во 1971 година претставникот на Цитроен за Балканот во тоа време носи Цитроен СМ на собир...
Целта ми е да се направи една споредба... Што постои денес од сево ова? Каде се вистинските ентузијасти? Навидум само кај нас нема сериозен пристап и интерес кон ваквите клубови.