Оваа случка ме стави на размислување: дали вистински знаеме да ги цениме само оние кои се победници?
Најчесто да, иако не знам дали е тоа баш ценење или лижење или некоја стравопочит.
Јас ретко ги ценам победниците ... верувам во тоа дека ретко кој победува затоа што се изборил на фер начин и го заслужил истото. Повеќе ценам некој кој изгубил затоа што избрал правилен начин на борба и отстапил кога сфатил дека така е невозможно да победи.
Дали е потребно да има борба, па на тој начин да се одреди кој ќе остане жив, а не кој вистински заслужува или кому му е потребно нешто?
Повеќе од потребно, но таа борба не би требало да е ништо друго освен борба со зборови и дела. Луѓе сме со поголеми способности од животните, со што од старт имаме поразумни оружја за борбата.
Дали едноставно нема доволно ресурси за сите нас, па мора да има борба за нив, па оној што ќе победи да има право нив да ги користи?
Доколку нема алчни луѓе кои го посакуваат целиот свет за нив, ќе има доволно ресурси за сите нас и ќе нема потреба од борба за да се издвојат поединци кои би можеле да уживаат во се`, на сметка на тие кои не можат да уживаат ни во сон.
Јас мислам да. Јас мислам дека мора да има конфликт, од причините што ги наведов погоре: ресурсите се ограничени, а кандидатите многу. И секогаш мора да има начин на селекција. А борбата, па ако сакате и насилството, се универзален јазик, кој сите го разбираат, како и сигурен начин да се добие оној кој нештото го „заслужува“: кој ќе остане, тој заслужува, зашто едноставно нема други кои би конкурирале за истото.
Кои ресурси се малку за да ги задоволат сите кандидати?
Иначе не се сложувам со тоа дека универзален јазик е борбата или насилството. Тоа како што кажав може да биде начин за животните, дека тие реално не ни можат поинаку да се разберат. Ние луѓето знаеме да зборуваме, со што можеме да решиме многу повеќе несогласувања. Друга работа е што најчесто се избира полесниот пат до целта т.е. насилството, како најсигурно средство.
Борбата е неопходна, селекцијата е неизбежна.
Кога ќе се стави една голема пирана во аквариум со златна рипка, пираната колку и да е грда и злобна има поголеми заби и поголема сила од златната рипка, нема потреба да се прашуваме кој ќе го добие аквариумот.
Утопијата можеме да ја создадеме само во нашите малечки рамки на постоење во квадратурата која што нашите тела ја опфаќаат, а и таму секој ден нешто ќе ни ја раздрмува и уништува благосостојбата.
Зошто мора да е борбата неопходна и да мора да постои селекција? Зошто мора да се селектираат луѓето и работите кои ќе ги добијат? Затоа што некои сакаат се`, а другите помалку? Или сите сакаат исто, но мора да се поделат работите за некои да имаат на пример средства за 5 наредни генерации, а некои да не можат наредниот ден да купат леб?
И да, по трет пат во ист пост да кажам дека е срамота да се споредуваме со животни. Но еве и така нека биде доколку поинаку не можеме да се разбереме ... златната рипка како таква има натприродна моќ, па за себе ќе си замисли една желба и ќе си ја исполни т.е. ќе ја парализира пираната. Може и така, нели?
За крај, ако луѓето ја искористат предноста што се луѓе и утопијата си ја создадат прво во својата квадратура, нема да имаат потреба од борба со другите околу нив. Во тој случај би знаеле што сакаат, што е навистина вредно и со тоа дека да се бориш со нешто што е исто со тебе е чиста глупост. Но нели, таа утопија на сите би им сметала (не би напредувале, би останале неписмени и сл.), па мора да сме борбени, алчни и злобни за да си ја создадеме потребата да се истураме на другите, со што би си ги надополниле своите празнини и недостатоци.
Често знам да се усрамам што сум девојка поради лошите примери од мојот вид, но кога размислувам за вакви нешта, се срамам и што сум човек, исто нешто како тие на кои борбите и конфликтите им се опсесија.:kesa: