Крусер
Тотем Пума
- Член од
- 4 јули 2008
- Мислења
- 3.556
- Поени од реакции
- 1.613
- Возраст
- 47
Денес го шетав кучето. Сретнавме една улична кучка на која и` беше времето за парење и имаше едно улично куче до неа. Моето куче сигурно ја намирисало, па почна да и` се приближува.
Другото куче почна да му `ржи и да ја брани кучката. По малку дојде до тепачка и двеве кучиња се закасаа. Ми имаат кажано дека ако две кучиња се касаат, не е добро да се одделуваат, бидејќи треба да се воспостави хиерархија и тоа е нивниот начин. Моето испадна како посилно и го кутна другото. За сето тоа време кучката си ја бркаше својата работа.
Но, откако моево победи, јас го викнав назад (го врзав) и почнав да го влечам назад, со цел за да избегнам понатамошна борба. Кучката почна да го следи и сфатив дека „си го бара“. Затоа го одврзав моево куче, кое и` се качи и ја опаша (т.е. ја оплоди). За сето тоа време другото куче кружеше наоколу и не се обиде ништо. По некое време, кучката почна да цвили и му се тргна на моето куче и веќе не му „даваше“.
Оваа случка ме стави на размислување: дали вистински знаеме да ги цениме само оние кои се победници? Дали е потребно да има борба, па на тој начин да се одреди кој ќе остане жив, а не кој вистински заслужува или кому му е потребно нешто? Дали едноставно нема доволно ресурси за сите нас, па мора да има борба за нив, па оној што ќе победи да има право нив да ги користи?
Дали оние мисли за мир и благосостојба се сепак само утопија?
Јас мислам да. Јас мислам дека мора да има конфликт, од причините што ги наведов погоре: ресурсите се ограничени, а кандидатите многу. И секогаш мора да има начин на селекција. А борбата, па ако сакате и насилството, се универзален јазик, кој сите го разбираат, како и сигурен начин да се добие оној кој нештото го „заслужува“: кој ќе остане, тој заслужува, зашто едноставно нема други кои би конкурирале за истото.
Мислам дека е вистина онаа поговорка: "A war does not determine who is right; a war determines who is left."
Кои се вашите мислења?