Директно или индиректно додворување?

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Прашањето ми е кој начин на додворување го преферирате?
Директно - одма преминувате на главното или индиректно - вртите како “киша око Крагуевца“?

Што е поинтересно, вртење од околу додека го кажеш или покажеш она што го сакаш или директно без срам и перде во лице да му кажеш некому : Ми се свиѓаш?

Кој начин вие го применувате?

И што мислите дали машките повеќе го применуваат директниот начин, а девојките индиректниот, зошто е тоа така или не може да се генерализира?
 
Јас сум дирекна и тоа дури и премногу.Ама го мразам тоа од околу..Немам трпение за вртење на муабети,а и одма сакам да знам на што сум..Дирекно одам in media res..дирекно да се оди кон поентата,а не бла,бла....
 
Од околу... Глумење лудило, тотално игнорирање па на крај покажување малку чувства.. Поинтересно ми е :pipi:
 
индиректно...подобро е мислам онака спонтано,а не све наеднаш да се случи,

Глумење лудило, тотално игнорирање па на крај покажување малку чувства.. Поинтересно ми е
и јас мислам дека е подобро ова..некако тогаш повеќе се развива меѓусебното свиѓање..
 
Ја применувам сите видови на дудлање.:))))

А сакам да ми се пушта директно :pipi:
 
Мистериозност. И тоа го сметам како индиректност затоа што кај мене тоа не е глумење лудило или што ти ја знам туку самиот сум таков. Покажувам знаци на заинтересираност но не загризувам целосно. оставам таа малку да ме разоткрие. Ако ме дешифрира и тоа и` се допаѓа преминувам на фаза два - врска.
 
Секое губење време на женско е залудно,непродуктивно и деморалирирачки настроено(советувам да не се прави).Факт е дека кај поголемиот дел од жените ке биде губење време.Но кај оној мал процент со кој што ке кликнеме поминатиот труд ке изгледа како блажество и од губење време ке се преформулира во ддддоброволллно врзување.Има регистрирани примери кога жена успеала да врзе слободен човек и овој да не се буни премногу:nesvest:
Од секогаш сум бил директен,без многу трт-мрт.Имало случаи кога сум оддувувал на прв погледа добри риби,имало случаи кога ме марширале и не толку добри.Арно ама тој мој начин на лоу толеранс испадна профитабилен.У таа моја историја имам неколку саглам врски,значи не она колку да се каже него фул тајм добро време поминато со женско.Последната од тие врски испадна и нај итересната,сеуште трае,произведе 2 деца,а се почна својствено за мојот начин на размислување и делување-300 на саат од сам старт.
Заклучок од моево искуство?
Или знам да им верувам на моите инстинкти т.е не сум папучар или сум имал среќа!:baeh:
 
mislam deka pointeresno e malce misterioznost, posto ako direktno kazes deka ti se sviga se ke propadne...
 
Си вртам си вртам ехее:pos: неможам да бидам директна, што да правам таква сум, ама ќе изнајдам 100 начини да му текне дека ми се свиѓа или пак го сакам. Сакам мистериозност, да биде интересно, некој ќе каже губење време, ама не е така. Интересна е целата таа ситуација и со тек на време ти сфаќаш дали стварно ти значи таа особа што толку се трудиш околу неа. Сакам директни луѓе ама страв ми е за нив некако, зашто тие сакаат одма во момент да им се каже што и како, а тоа не е баш лесно.:pipi:
 
Од околу... Глумење лудило, тотално игнорирање па на крај покажување малку чувства.. Поинтересно ми е :pipi:
Срам те било!:) Некој карши тебе се труди, се поти, пробуе да сврзе 2 реченици, а ти не ни го слушаш а...ццц:)
@тема
зависи од девојката и ситуацијата..ако иде лесно, одма вака вака, ако не, одоколу:)
 
Срам те било!:) Некој карши тебе се труди, се поти, пробуе да сврзе 2 реченици, а ти не ни го слушаш а...ццц:)
@тема
зависи од девојката и ситуацијата..ако иде лесно, одма вака вака, ако не, одоколу:)
Епа види вака.. Ако некој се труди да сврзе некоја паметна реченица за мене, ако се поти кога стои до мене ми дава до знаење дека навистина го интересирам и дека сака да се покаже во најдобро светло пред мене. :pipi:
 
сакам директно додворување несакам да ме мотаат со денови од страна:toe:
 
Епа види вака.. Ако некој се труди да сврзе некоја паметна реченица за мене, ако се поти кога стои до мене ми дава до знаење дека навистина го интересирам и дека сака да се покаже во најдобро светло пред мене. :pipi:
не се доискажа, што би значело ако тој би го правел тоа ?=)
 
Со која како, најискрено. Вистина, многу појќе добивам кога ќе сум директен со некоја, ама пак постојат девојки (малку на број, што никогаш не ми биле девојки, а сум ги свиѓал многу) на кои едноставно не можам да им го кажам тоа. Само, тоа не е индиректност, туку воопшто не е...Значи ги свиѓам, ама не се обидувам на никаков начин тоа да им го искажам, па дури ни индиректно. Најверојатно некоја глупа фобија јебем га.

Најчесто тие девојки ми се „добри другарки“. Значи, со нив се однесувам со истата добрина и искреност, со која би се однесувал и кога би ми биле девојки. И токму поради фактот што ми се другарки, и ме имаат прифатено таков, сфаќам дека им е непоимливо да ме гледаат на поинакво ниво. За жал...
 
Без крв во алкохолот НАЈ ДИРЕКТНО:)
Без алкохол во крвта се кружи и се кружи и се кружи дур да и скурчи:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom