Македонска археологија

Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Слично како и со другите локалитети пример Исар кај Миравци прво ќе го прочешлаат дивите копачи Мариово па дури потоа ќе ги ангажират легалните...
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Обид за шверц македонско културно богатство


Коментари (0)
18.07.2009 19:03

Цариниците на граничниот премин Табановце денеска околу 14 часот открија над 500 монети и украси.


Се обидел да ги изнесе 44 годишниот З.Д., Хрват со македонско потекло, кој заедно со семејството бил на одмор во земјава.

Според експертите, се работи за непроценливо културно наследство од различни периоди, од железно до византиско време.

„При селекција на возилото и детална контрола, во личните предмети и во предметите каде што се чуваат деловите од возилото, пронајдовме археолошки предмети кои се културно наследство на РМ, за кои нашите закони предвидуваат дека тие предмети се забранети за изнесување од нашата земја“, изјави Марјан Јовановски, цариник.

„Има преку 500 монети од прв век римски период, од прв век наша ера, дури и византиски монети од 12 век. Распонот на монетите е доста широк, но има и накит, две наочариски фигури и еден торквез, кои потекнуваат од 6-ти, 7-ми век п.н.е. од железно доба, тие се доста значајни предмети“, рече Ѕвонимир Николовски, Директор за заштита на културно наследство.

A1

Sto so ovie divi arheolozi koi prodadoa ogromen del od naseto kulturno nasledstvo...?
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
Sto so ovie divi arheolozi koi prodadoa ogromen del od naseto kulturno nasledstvo...
Доживотен затвор без право на помилување првите 30 години и после првите 3 осудени ќе почне да проретчува појавата.

За секој пријавен див копач пријавителот добива 300 евра награда така да и населението ќе биде стимулирано да ги пријавува :).

Се се може ако се сака.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Koga sme veke kaj Arheologijata.



ПРОНАЈДЕНА УШТЕ ЕДНА ЗЛАТНА МАСКА КАЈ ГОРНА ПОРТА
Кај Горна порта во стариот дел на Охрид денеска откриени се вредни археолошки предмети. Сеуште не е потврдено за какви откритија станува збор, но како што неофицијално дознаваме откриена е златна маска и доколку истото се потврди таа ќе биде петтата маска откриена во овој крај.

На 5 метри од маската пронајден е скелет, кој се уште не се знае дали е машки или женски, потоа пронајден е накит од сребро и килибар, златен накит, обетки и златен каиш, а постои можност и за други откритија.

Првичните проценки се дека станува збор за вредни предмети од 5-6 век пред новата ера.

На местото на денешното откритие беше и претседателот на Македонија Горѓе Иванов за да ги види најновите откритија.

Истражувањата на локалитетот Горна порта во Охрид започнаа пред два месеци каде денеска беа откриени овие вредни предмети.

Археолошките истражувања во Охрид се уште се во тек.



Izvor SITEL






Pa ne e bas deka ne se isplakat investiciite vo Arheologijata...

Odime ponatamu:

Охрид: Откриено непроценливо археолошко богатство

19/07/2009 12:57:00
Големина на фонт:


Она што вчера беше пронајдено на археолошкиот локалитет кај Горна порта во Охрид е од непроценлива вредност за Македонија и за археолошката наука воопшто, истакна денеска пред медиумите директорот на Управата за заштита на културното наследство, археологот Паско Кузман, во врска со вчерашното откритие.

Кузман појасни дека на тој локалитет помеѓу Горна порта и црквата „Света Богородица Перивлепта“ во кратко време се откриени 17 гробови, од кои најголем дел се од македонско-хелинистичкиот период, односно некаде од 5-ти век пред нашата ера. Во гробниците се пронајдени најразлични прилози, воглавно златен накит – обетки, приврзоци за ѓердан и слично.

- Во најдолниот хоризонт е откриен и овој гроб, во кој се пронајдени материјали, прилози од времето на златните маски. Тука има нешто позначајно од златната маска, во научна смисол, рече Кузман.

Според него, во гробницата била погребана млада женска особа, со благородничко потекло. На очите на покојничката била поставени златна фолија, на устата ромбоидна златичка, некаде кај срцето златен пикторал. Таквата поставеност на предметите, според Кузман, претставуваат маскирање на лицето на покојникот на начин на каков што досега не е сретнат на друго место на Балканот.

- Ако тука го додадеме златниот колан, златна лента долга околу 40 сантиметри, се добива една гарнитура со симболично значење. Сите предмети се украсни, амфороидни приврзоци за ѓердан од злато изработени филигрански, бронзени и сребрени нараквици, сребрени фибули и златни обетки со конусоидна форма, доста ретки, појасни Кузман.

Тој додаде дека во гробницата има и многу други предмети од килибар, што е невобичаено за овие простори, што значи дека во петтиот век пред нашата ера постоеле силни трговски врски со северот каде воглавно има килибар.

Археологот Кузман појасни дека ваквите вредни археолошки наоди само ја потврдуваат позицијата на Охрид како монденско место во античко време.

Министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска во оваа прилика истакна дека заложбите на Владата и на Министерството за култура во делот на заштитата на културното наследство и истражувањата на голем број археолошки локалитети, токму ги потврдуваат овие резултати кои денеска ги имаме.

- Ова се значајни артефакти кои го потврдуваат нашиот идентитет, историја и култура, рече таа заблагодарувајќи им се на сите од тимот кои работеа во конзервацијата и истражувањата.

Министерката нагласи дека како и досега и во иднина институциите на државата ќе продолжат со активностите во насока на заштита на културното наследство, како и во делот на истражување на голем број локалитети кои се наоѓаат во програмата на Министерството за култура.


Izvor: ALSAT-M

Cuda izleguvaat od ovaa nasa pocva...
Ne cudno sto Makedonija e tolku "posakuvana" od SITE...
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Првпат да се спомне некаква врска со северот.
А Аце наш зборнува од време на време за неговите предци кои дошле од горе.
Гејциве ќе ни останат осамени, ќе мора да ги правиме нордици ако се докаже таа теорија, многу боја ќе се порачи.
 

f91

Член од
12 мај 2008
Мислења
338
Поени од реакции
27
Првпат да се спомне некаква врска со северот....

Не е баш точно.Треба да знаеш дека Охридската школа на Археолози веќе долго време ја има теоријата за Бригите и нивното потекло од Лужичката култура преку Ватина. Овој пат барем не се плесна дека трговијата е еднаква на потеклото за што Паско е за честитање.
 
А

Ајсшутер

Гостин
ДОДЕКА ИМА ВАКВИ ЛУЃЕ ТЕШКО НА МАКЕДОНИЈА САМО ЕДНО ЗА НИВ КУРШУМ ВЧЕЛО И ТОА НА ПЛОШТАД ЗА КАЗНА КАКО ДРЗАВНИ НЕПРИЈАТЕЛИ:pop:
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=0211C0372B2D9940A61C8F8932839AE9
Е вака се работи само активно против криминалот посебно изнесувањето и копањето на артефакти, ја крадат историјата копи*иња глупи уште од нашиот народ ние ќе страдаме цццц.

И дај веќе нека направат асален закон против изнесувањето на артефакти кој ќе го фатат нека му лупнат 10 години затвор па да видат дали ќе им текне на другите да направат нешто вакво исто така и за ископувањето нелегално најмалку 5 години.
 

f91

Член од
12 мај 2008
Мислења
338
Поени од реакции
27
E па не е баш така ,ќе казнуваш и сето тоа ќе запре.Дали запрел било каков криминал и покрај казните?Не,така и ова...не запира на тој начин.Единствено е решение да се откопа се и да се конзервира и така професионално да се сочува.

Ние треба да си запишеме со длаборез во главите наши дека имаме огромно културно и историско богатство под Македонско тло кое треба да се стави во функција на интересите на државата.Од национални па се до економски.


Македонија е музеј ,и ние треба да водиме сметка како цела држава да ни е музеј и како таква да ја ставиме во функција на туризмот.Тоа е наша голема шанса.Но исто така треба да бидеме свесни дека некој работи кој сме ги занемариле со неинвестирање во овие области ќе мораат да се подобрат и за да се подобрат ми се чини дека е утопија да се очекува континуитет во инвестирањето кога се работи за партиските групи кој ротираат во и околу парламентот.Да не зборувам и за интензитетот кој и во партијата на власт е променлив според економскиот статус и буџетската потрошувачка.

Од друга страна нема некаков фонд кој би прибирал донации за оваа намена. Има понуда за јавни инвестиции преку владата,но тоа не е донација.Се отепуваме со донации за секакви општествени ургентни работи но сигурно ни треба фонд и за ваква намена.

Мислам после ова откритие и врапчињата во Јужна Аргентина знаат дека на потегот од Горна порта -Богородица има покрај 17 и други 400+- гробови од кој десетина бар имаат по некоја маска,нараквица,сандала и што ли не.Што ја спречува управата да го истражи целиот терен?Па за да го направи тоа треба да релоцира една добра населба со цени на некретнини во баснословни суми,да прекопа веќе функционални патишта и други попратни трошоци врзани за археолошки истражувања.

А до тогаш најверојатно ќе се копаат тунели, ќе се ровари тајно-ноќе, ќе се градат зидини преку ноќ, вреќи со песок ќе се пренесуваат во мугри итн. Не знам кој сега од комшиите ќе може да одолее, а да не ѕирне бар пола метро подолу-да види дали некоја маска и нему ќе му се поднасмее.

Интересно е штом се спомне злато ,како луѓето преку момент го менуваат карактерот.
 
A

anaveno

Гостин
The metal finds from the site of Dimitra-Sitagroi-Aegean Macedonia

The metal finds from the site of Dimitra, just north of Sitagroi in eastern Macedonia, are currently the subject of some controversy.

According to Orammcnos, the excavator, five beads of copper come from a Middle Neolithic context in trench 11, and four beads of copper, along with two beads of gold, come from a Late Neolithic context in trench I.

Metal finds from the site also include a possible fishhook of copper and another of gold in what seem to be unknown contexts.14

According to Andrcou, Foriadis, and Kotsakis, in their review of Neolithic and Bronze Age (Aegean-Belomorska)Macedonia , the site of Dimitra has three phases, corresponding to Sitagroi 1 to HI, with metal finds, including gold and copper beads, from all phases.1

Accepting a date for Sitagroi I at 5500-5200 в.с. this would mean that Dimitra has some of the earliest copper finds from anywhere in Europe, as well as the earliest object of gold.

http://books.google.com/books?id=kplCyFvn36UC&pg=PA156&lpg=PA156&dq=metallurgy balkan&source=bl&ots=huep1U-HK1&sig=jJMGz_Y1DeOX-1xX3zUVKIQLPUg&hl=en&ei=ukJ5SufKNYK6Na_YnKMO&sa=X&oi=book_result&ct=result&resnum=1#v=onepage&q=metallurgy balkan&f=false
 
Член од
28 мај 2005
Мислења
6.373
Поени од реакции
177
http://www.mav.mk/

За нас

Електронското списание „Македонски археолошки весник“ е заеднички проект на Управата за заштита на културното наследство на Република Македонија и Институтот за општествени и хуманистички истражувања Евро-Балкан.
Негова основна функција е да ја запознае македонската и светската јавност со резултатите од археолошките истражувања кои се преземаат на територијата на Република Македонија. Со самото тоа, Македонскиот археолошки весник, еднаш месечно ќе ги презентира, афирмира и промовира карактеристиките на позначајните наоди откриени на различни археолошки локалитети, кои хронолошки припаѓаат на историските епохи од праисторијата до доцносредновековниот период. Дел од нашата мисија ќе биде да ја приближи македонската археолошка наука до меѓународната стручна и поширока јавност.
Редакција:

  • Паско Кузман, Главен и одговорен уредник
  • Елизабета Димитрова, член
  • Кристина Бицева, член
  • Јован Донев, член
  • Данче Голубовска, член
  • Ивана Крајчиновиќ, секретар
  • Саша Крстевски, технички уредник
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
Откриена погребна кочија од првиот век
Струмица /19/09/ 15:28
Остатоци од погребна кочија.што датира од првиот век, открија денеска во близина на селото Конче, археолозите од штипскиот и струмичкиот музеј, јави телевизија А1.

„Станува збор за четвороколка, но се додека не завршат ископувањата не можеме да потврдиме дали ова било гробница на великодостојник. Нашите претпоставки се дека датира од првиот или вториот од нашата ера”, изјави археологот Трајче Нацев.

Погребната кочија е пронајдена случајно откако археолозите решиле да го истражат пошироко реонот од локалитетот „Манастириште” каде сега работат на друга могила, која била цел на неуспешни обиди на дивите копачи.

Ова е шеста погребна кочија откриена во Македонија

МВР пронајде и одзеде делови од свечена погребна ритуална кочија од 2.век п.н.е

31.10.2010 - 13:21

МВР во рамки на акцијата „Фаланга“ при претрес во домовите на две лица пронајде и одзеде бронзени делови од свечена погребна ритуална кочија, кои потекнуваат од 2-ри век од нашата ера, а кои според првичната идентификација од страна на стручно лице од Управата за заштита на културно наследство, претставуваат предмети од исклучително археолошко и историско значење.

Пронајдени се и други предмети кои потекнуваат од Римскиот период и две икони за кои во тек е стручна идентификација за утврдување на потеклото и културно-историската вредност, соопшти денеска МВР.
Според стручното мислење пронајдените предмети од кочијата се само дел од нејзината целина (фигура од горен дел на кочијата со претстава на пантер и бронзена машка фигура, две фигури-торзо со претстава на машки лик, украсни делови од кочијата со претстава на орел и лав и друго). За останатите делови постојат сомненија дека истите биле продадени на илегалниот пазар со антиквитети надвор од границите на земјава за што, од страна на МВР ќе се превземат дополнителни мерки и активности преку Интерпол.

По извршената дополнителна полициска истрага, појасни денеска портпаролот на МВР Иво Котевски, е утврдено дека постојат докази кои укажуваат оти одземените археолошки предмети биле нудени на продажба во и надвор од границите на територијата на Македонија и тоа, посочи, од страна на одредени членови на организираната група против кои, по спроведената акција „Фаланга“ беше поднесена пријава. Истите во моментов се на издржување мерка притвор.

Против лицата кај кои се пронајдени и одземени предметите ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „прикривање“, а се однесува на добра под привремена заштита или културно наследство.

Котевски потенцира дека Одделот за организиран криминал ќе продолжи со превземање мерки и активности во рамки на акцијата „Фаланга“.

Инаку во текот на јуни отпочна реализацијата на „Фаланга“ во чии рамки беа пронајдени над 3000 монети кои потекнуваат од различни историски периоди, повеќе од 20 фигури со различна големина изработени од камен, бронза, бакар и мермер, голем број на керамички, бакарни и месингани садови, над 160 парчиња разновиден накит (нараквици, прстени, привезоци, медаљони), над 300 метални, камени и керамички делови од предмети, метални секири, повеќе мермерни постаменти и плочи, метални копја и над 10 икони. При претресите пронајдени и одземени се и стари пиштоли и сабји, околу 20 метал детектори, 14 сонди и други направи (ноќни визири, дупчалки) кои беле користени за илегално ископување, потоа поголем број на карти, мапи, фотографии на кои се прикажани разни монети, икони и други археолошки предмети, кои ги користеле за нудење на продажба. Како покарактеристични случаи на недозволено ископување и продажба на археолошки предмети од страна на групата може да се наведат нудење на продажба: метална машка фигура ТОРЗО по цена од 50-60.000евра, девет сребрени монети-сестерци, кралски печат по цена од 3.000евра, сребрена човечка фигура за 3.500евра, мала бронзена човечка глава за 2.000евра, бронзена фигура од човек Хермес-бог на трговците со висина од 12см. и оловна тока, двете за 2.000 евра, диск-претстава на Сонце, печати со непознат релјеф, бронзена чаша со изгравиран лик, фотографија од златна круна и мермерна глава, бронзени фибули и бронзен коњ, златен медаљон за 8.000евра, бронзена фигура (римски војник) за 3.000евра, бронзена фигура со претстава на дете (амор) за 600евра, фигура во форма на крст (од едната страна жена, а од друга дете) за 800евра и круна за 100евра. Кај некои од осомничените беа пронајдени и оружје, муниција и рачна бомба.

Мерки на кривичен прогон беа преземени против 29 лица, а од страна на истражен судија на 23 лица им беше одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/mvr-pronajde-i-odzede-delovi-od-svechena-pogrebna-ritualna-kochija-od-2vek-pne?quicktabs_3=1

 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
Треба Македонија официјално да си ги бара артфактите.

Цело Стоби е во Белград, а не си го бараме

Законот за реституција го донесовме пред Србија. Ние во 2004-та, тие годинава. Хрватите веднаш реагираа и побараа Србија да им врати околу 3 илјади артефакти движно културно наследство. И си ги добија назад. Македонија сé уште не вратила, ниту побарала да и се врати, ниту еден артефакт

СРБИЈА И ВРАТИ НА ХРВАТСКА ОКОЛУ ТРИ ИЛЈАДИ АРТЕФАКТИ


Србија минатиот месец на Хрватска и врати четири икони од иконостасот на манастирот во Крк, 26 икони од ризницата и од црквите од манастирот „Круп“, како и икона на Богородица од иконостасот на црквата „Свети Димитрија“ во Даљ. Србија го донесе Законот за реституција годинава (враќање на незаконски изнесените добра од нејзината територија што се наоѓаат во странски земји), а Хрватите веднаш реагираа и побараа да им бидат вратени артефактите однесени од земјата во некои минати времиња.

Македонија има закон за реституција уште од 2004 година, но досега не побарала да и се врати ниту еден артефакт, иако во светот се наоѓаат над сто илјади материјални артефакти откриени во Македонија, кои се наоѓаат во музеите во Србија, Хрватска, Словенија, во Британија и во други музеи насекаде низ светот.


Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство, вели дека се работи на ова прашање, иако во основа процесот оди многу тешко, зашто се работи за артефакти што главно биле изнесени од Македонија кога таа била составен дел од Бугарија и Кралството СХС.


- Македонија не беше рамноправен правен субјект во Кралството СХС, за разлика од Хрватска и од Србија, кои и беа валидни партнери на државната власт. Токму поради тоа ним им е полесно да го спроведат процесот на реституција. Ние немаме правна основа за тоа, па затоа процесот на реституција кај нас оди потешко - вели Кузман.


Но тој тврди не се седи со скрстени раце.


- Контактираме и со српската амбасада во Македонија и со нашата во Србија. Правиме напори да вратиме дел од нашето движно наследство. Имаме и список на артефакти, цело Стоби е во Белград, маските од Требениште. Тоа се значајни артефакти, кои и припаѓаат на нашата држава и кои се обидуваме да вратиме назад, таму кај што припаѓаат - вели Кузман.


И покрај оптимистичката најава на Кузман, факт е дека Македонија досега нема ни поднесено барање за реституција, а не па да вратила нешто. Отсуството на прецизен попис и број на изнесени предмети е една од причините.


- За апсурдот да биде поголем, во Македонија до 2004 година немавме ни законска одредба да се грижиме за реституција. Исклучок беа законите за ратификација на конвенциите на УНЕСКО. Но и сега, кога има законска рамка, немаме елементарна основа за реституција, а тоа е евиденција по држави и институции што имаат предмети по потекло од Македонија - вели Јован Ристов, еден од подготвувачите на Законот за заштита на културното наследство.


Познавачите сметаат дека целосен


преглед на фактографски податоци и сознанија за разнесените артефакти од земјава веројатно никогаш и нема да имаме, бидејќи за многу грабежи не се зачувани податоци или тие се прикриваат во земјите каде што сега се наоѓаат одземените предмети.


Сепак, реституцијата не е само на хартија туку и се применува. Доказ за тоа е последниот случај со Србија и Хрватска.


Српскиот министер за култура Небојша Брадиќ изјави дека односите меѓу двете држави се во подем, нагласувајќи дека работата на комисијата на експерти во областа на културното наследство најмногу придонела за тоа.


- Верувам дека завршувањето на процесот на враќање на културните добра ќе придонесе за меѓусебната доверба и добрите односи меѓу нашите држави - изјави Брадиќ, нагласувајќи дека министерствата за култура на Хрватска и Србија ќе ги продолжат активностите на тоа поле.


Враќањето на културното наследство е резултат на двегодишната интензивна работа на српско-хрватската комисија за враќањето на културните добра, која ја предводеа претставници на министерствата за култура на двете држави. Досега се вратени околу 2.600 артефакти движно културно наследство на хрватските музеи, галерии и цркви.
Автор: Ангелина Димоска


 
V

Vollstandig

Гостин
Дали ако се пронајде вреден антиквитет, може да се продаде во македонија, се мисли на музеите, т.е дали државата дава пари за тоа?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom