Македонска археологија

Член од
24 октомври 2008
Мислења
215
Поени од реакции
11
Postojat i pishani i materjalni dokazi koj davaat bistra slika za prashanjeto i ova e eden kompletno antagonistichki iskaz koj treba celosno i kompletno da se otfrli.
Ќе додадам и за овие пишани и материјални докази, зарем тебе не ти е јасно малку за основните историски факти, дали си свесен како биле селективно уништувани “пишаните докази“, и сега кои докази останаа врз основа на што се израснуваа “нови компатибилни историчарчиња и експерти за историјата“ кои ќе даваат оценки за антагонистички ставови види те молам само формулации, само една капка ќе спомнам, во древната историја толку многу е пишувано за Александар Македонски, а не е останато скоро ништо, зачувани се само оние ракописи од кои може да се добие само искривена слика за него, како војководец и освојувач и тн. затоа јас не би бил толку сигурен како ти што си сигурен за постоечките докази кои секогаш се сервираат во посакуван контекст и со смислено наведување, јас сепак мислам дека одново ќе биде пишувана македонската историја дури и за време на римскиот период
 

f91

Член од
12 мај 2008
Мислења
338
Поени од реакции
27
Римјаните биле ослободени од плаќање на такса 124 цели години само заради грабежот кога ја завладеале Македонија.

http://classics.mit.edu/Plutarch/paulus.html

Ајде ја завладеале. Кога ја одвладеале?

Ако не се рачунаат прикаските за мали деца пишувани во 19 век тоа се случило во 1453 година.
 
Член од
24 октомври 2008
Мислења
215
Поени од реакции
11
Римјаните биле ослободени од плаќање на такса 124 цели години
само заради грабежот кога ја завладеале Македонија.
http://classics.mit.edu/Plutarch/paulus.html
Ајде ја завладеале...кога ја одвладеале?Ако не се рачунаат прикаските за мали деца пишувани во 19 век тоа се случило во 1453 година.
Во ред, но тоа не е поентата на мојот текст, јас зборувам за нешто сосема друго
 

f91

Член од
12 мај 2008
Мислења
338
Поени од реакции
27
Во период од околу 400 години после падот на Македонија под Рим повеќе Римски автори пишувале за уништувањето на Македонија и
ефектот од тоа- декаденцијата на Рим.Насилствата и тортурата од такви размери се запишани во антрополошките наоди од тој период.
Ништо не може да ја измени таа вистина.
Познато е дека имаше и кај нас и во странство автори и тоа посебно оние од славистите кој велеа дека Античките Македонци биле целосно романизирани па ги бараа кај Власите под Јурачек линијата.
Насилството не прави Романизација туку Бегалци и омраза како логична последица.Во време на владата на Костов Медицинскиот факултет и генетскиот отсек направија дузина на генетски испитувања на Власите за да го докажат потеклото и сите испитувања не покажаа било каква врска.И ако има некаква врска Римското насилство со доагање на Словени е во повлекување на Македонски бегалци во правец на Молдавија,од каде што се вратиле во 6 век најверојатно заедно со дел на Словени и Власи.Ова произлегува од генетските докази за присуство на хаплогрупата И1б во тој дел,а по потекло од Македонија.За истото пишува и Горгија Пулески во својата Историја.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
'in Macedonia you can dig half a meter and uncover priceless relics that go back thousands of years'.:smir:
 
A

anaveno

Гостин
....па ги бараа кај Власите под Јурачек линијата.
...Во време на владата на Костов Медицинскиот факултет и генетскиот отсек направија дузина на генетски испитувања на Власите за да го докажат потеклото и сите испитувања не покажаа било каква врска....Македонски бегалци во правец на Молдавија,од каде што се вратиле во 6 век најверојатно заедно со дел на Словени и Власи...
Koi Vlasi bre?
I Vlasite ne se "Vlasi".
 
Член од
24 октомври 2008
Мислења
215
Поени од реакции
11
ДИОН

Каде беше постирано, објавено за археолошките истражувања во Дион и за тоа дека последните испитувања укажуваат дека староста на Дион датира и до 8 век п.н.е. ?



 
Член од
17 декември 2008
Мислења
2
Поени од реакции
0
Ke ve molam, ako ima informirani tocno ili arheolozi...

Imase mozebi pred godina ili sl. na vesti za otkritie vo mariovsko. Mislam deka bese ridce za koe Kuzman se izjasni deka mozebi stanuva zbor za carska grobnica ili taka nesto.

Dokolku imate informacii za ova (dali prodolzija iskopuvanjata i sto se planira) ve molam da mi kazete.Kazaa ednas i tolku :( Mislam deka e vazno. Fala, mnogu sum zainteresiran.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.882
Поени од реакции
1.094
А што со дивите копачи?

Брат се ова што се случува е премногу добро.Ама јас како студент по археологија сум многу разочаран од некој работи. Ќе ти го пишам само примерот со мене и неколку мој колеги кога на локалитетот Скупи буквално на некој начин не избркаа и ни рекоа демек нема работа, а на наше место беа примани луѓе што немат појма од археологија.

Исто така сум разочаран што годинава на симпозиумот кој се одрза во Кичево беа изнесени имиња на диви копачи кој имаа ограбено Пајонска гробница, а не се на место каде што припагаат, туку соработувале со полицијата и сега се шетат слободно (сигурно пак ја крадат нашата историја и ја продават).

Кажи ми што со овакви проблеми и како вака да одиме напред и да успееме. Поздрав и се надевам ке контактираме...
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
Богати наоѓалишта во Кочанско



На археолошкиот локалитет Св. Атанасиј", кај кочанското село Спанчево, минатата година во две истражувачки кампањи се откриени значајни артефакти од енолитскиот период, односно 4 век пред нашата ера. Откриени се предмети од керамика, глина, од школки и женски фигури во најразличен облик.

Според надлежните од Музејот на Македонија, најзначајниот откриен предмет е фигура на машка глава, редок примерок, што ја збогатува и збирката на ретки артефакти од овој археолошки локалитет од енеолитот. Откриените артефакти, според археолозите, се идентични со откриените артефакти на археолошкиот локалитет Пилаво, кај село Бурилчево, Кочанско, со што се потврдува поврзаноста на овие два локалитета од левата и десната страна на Брегалница.

Eneolithic Artefacts Found in Macedonia’s Kochani Area

BalkanTravellers.com

13 January 2009 | Important archaeological finds dating from the Eneolithic Era, fourth century BC, were discovered last year during two research campaigns of the St. Atanasy site near the village of Spanchevo in the Kochani area in eastern Macedonia.

The finds included ceramic, clay and seashell items and women’s figurines in various forms, the Macedonian newspaper Vecher reported. The most significant find, according to the Museum of Macedonia, was a rare example of a male head, which enriched the collection of rare finds from the site.

http://www.balkantravellers.com/en/read/article/970
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.882
Поени од реакции
1.094
Археолошката офанзива продолжува. На 02.03.2009 година почнува повторно да се истражува скопското Кале, а наскоро и други локалитети (Стоби, Скупи, Исар Марвинци, Хераклеа, и др.).

Па со господ напред да откриеме усте многу наоди кој ке го потврдат фактот дека сме она што сме - МАКЕДОНЦИ.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
Мариово станува магнет за дивите копачи


Скопје 15 јули 2009

Битолскиот дел на Мариово станува магнет за дивите копачи. Државата не само што нема национална стратегија за археолошки ископувања, туку воопшто нема план за истражување на овој дел од Мариово.

Археолозите потврдиле дека постојат остатоци од антички и од средновековни градови и оти Мариовскиот регион е ризница на артефакти.

Наспроти тоа, дивите копачи се најчестите непоканети гости во опустошените мариовски села. Облечени како туристи, со замаскирани метални детектори тие ги прекопуваат селата и задоволни, со полни џебови, заминуваат од Мариово, тврдат мештаните.

Вистина е дека само мал дел од надри археолозите и’ паднале в раце на полицијата. Инспектори по организиран криминал во домот на битолчанец запленија осум бронзени монети од времето на кралот Аминта Трети, дедо на Александар Велики, како и од периодот на владеењето на Филип Втори. Битолчанецот го ископал ова археолошко богатство во Мариово каде што раката на овдешните археолози се’ уште не допрела.

Од битолскиот Завод и музеј потврдуваат дека последните години е присутна појавата странски државјани за одреден надоместок да ангажираат македонски граѓани диво да ископуваат. И тоа на одредени локации каде што на таканаречените стари карти постојат податоци дека има културно богатство. Потоа пронајдените предмети заминуваат за странство. Сознанијата на музејот се дека токму грчки државјани се најголеми откупувачи, особено на археолошки предмети, кои го потврдуваат постоењето на античките Македонци.

Првиот човек на пелагониско-мариовската Општина Новаци, градоначалникот Лазар Котевски, бара археолозите да влезат во овој регион со плански истражувања пред дивите копачи сосема да го изораат Мариово. Котевски го гледа развојот на туризмот во Мариово преку откривање и презентирање на археолошкото богатство од овој крај. Токму затоа тој стравува дека отсуството на план за археолошко истражување ја прави нереална и нивната замисла за развој на културниот туризам во битолскиот дел на Мариово.

„Добар дел од археолошките наоѓалишта во Мариово не се испитани. Како Општина бараме да почнат тие ископувања, а не дивите копачи да располагаат со македонското културно наследство“, предупредува Котевски. Најпосетени дестинации од дивите копачи во Мариово се селата Зович, Градешница, Старавина и Будимирци.

„Нашите сознанија се дека странци, во договор со наши граѓани, го снимаат теренот и незаконски ги ископуваат деловите околу селата. Доаѓаат Грци, Бугари, но и Французи. Некои добронамерно, а за други стравуваме дека имаат прикриени намери“, нагласува Котевски.

Во тоа дека Мариово е ризница на артефакти многу пати се увериле и самите мештани. Но, Котевски вели дека Мариовци не се упатени во археологијата и често несоодветно ги третираат пронајдените предмети.

„Мештаните воопшто не се едуцирани. Доколку најдат нешто додека ги извршуваат земјоделските работи или градежните прекопувања тие тоа ќе го зафрлат или ќе го искршат. Исто како пред некоја година, кога пронајдоа вино закопано од Првата светска војна, од пред 100 години, па ги искршија шишињата“, потсетува Котевски.

Археолозите со сигурност тврдат дека Мариово лежи врз темелите на антички и средновековни градби. Каде и да се копна ќе се најдат археолошки предмети, без оглед на нивната вредност. Археологот Гордана Филиповска-Лазаревска од Завод и музеј Битола, како експерт за средновековна култура, вели дека во Мариово е особено позната средновековната населба Лениште кај селото Зович. Таму своевремено се пронајдени сребрени монети од 13 век, од времето кога трговци од Венеција тргувале низ Мариово.

„Во Мариово има значајни археолошки наоѓалишта. Тоа го потврдиле наши колеги. Затоа мештаните во разговор потврдуваат дека доаѓаат диви копачи, трагаат и веројатно ги наоѓаат, ги земаат и исчезнуваат со тие наоди. Во однос на тоа каде ги продаваат се зборува дека има голем откупен центар во Солун. Не знам дали тоа е точно, но во секој муабет има по некоја вистина. Или можеби завршуваат на некои аукции во светот“, додава Гордана Филиповска-Лазаревска, археолог во Завод и музеј Битола.

Наспроти ваквите состојби и предупредувања, надлежните од Завод и музеј Битола се категорични дека државата нема ниту пари, ниту кадри за да почне со археолошко ископување на Мариово.

Во информацијата што Завод и музеј Битола ја достави до Советот на Општината околу заштитата на културното наследство на подрачјето на Битола на некој начин признава дека дивите ископувања стануваат се’ почести. Во отсуство на национална стратегија за археолошки ископувања вредните археолошки предмети илегално патуваат за странство, се вели во информацијата на Завод и музеј Битола.

„Мариово е ризница, но државата секогаш има приоритети. Од материјален аспект е невозможно целата држава да се прекопува во исто време. Нема и толку многу стручни лица за да бидат ангажирани на сите археолошки локации во државата. Ова не е јавно претпријатие каде што се копаат само канали, потребна е стручност“, вели Зоран Николовски, директор на Завод и музеј Битола.

Битолските археолози последните месеци единствено влегоа во Чебрен каде што се планира изградба на хидроцентрала. Дадоа предлози што е потребно да се дислоцира од битолскиот дел и тука завршија кусите анализи. Мариовските села и пространите терени до границата со Грција и натаму им се препуштени на дивите копачи.
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Потхитно да се стават стапици за мечки, или пак ако ги фатат на дело да ги стрелаат на лице место!

Овие гадови ја продаваат нашата историја и иднина!
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Па имаме невработеност...нека постават чувари, шумари, екологисти, полицајци, како сакат нека ги наречат. А над нив нека стават контролори, над контролорите шефови и над шефовите камери. За секој случај оти има доста душички продадени низ нас, прво стенкаат а после се ебат!
Проклети да се сите кои ќе продадат дел од македонската историја надвор од државава.
 

MAKEDONEC_PP

ПОБЕДАШ
Член од
7 декември 2007
Мислења
778
Поени од реакции
74
Исто така за цела МАКЕДОНИЈА е непознат локалитетот Стибера во близина на Прилеп, а 70% од статуите пред влада се од таму!!! Се претпоставува врз основа на финоста на обработката на мермерот дека станувало збор за град во кој имало врвна школа за каменоресци.





 

Kajgana Shop

На врв Bottom