Гледам... имаш многу енергија и желба да протнеш и наметнеш некои ставови, што само по себе, е работа за почит...независно од нивната суштина и објективност. Еве, преку пример со мојот дедо плсатично ке ти покажам како би изгледала твојата замислена трибина. Дедо ми 1941 година како трудовак е пратен во Бугарија, каде ,скоро, до капитулација на монархистичкиот режим работел во еден каменолом. По војната, како богат трговец ( со генерации неговото семејство се бавело со трговија), од новата комунистичка власт е фатен и ставен во затвор. Под обвинение дека е воен профотер ( иаку цело време бил на работа во каменолом во Бугарија...ама имал голем имот и требало да му се земе) е осуден на смрт, па после пресудата е преиначена на 5 години робија.Нормално, по тогашните високо идеологизирани законски норми целиот имот му е конфискуван. Како се одвивало самото судење? Пред народ народниот суд заседава... толпа народ во судот...провокатори во салата на одреден временски период довикуваат: уа, народен непријател...а толпата прифаќа. Е, така би изгледал и “ дебатата “ на историчарите во твој верзија. На секое искажување на уважениот прод. др. Зоран Тодоровски , ти и другите провокатори би довикувале...уа, предавник,...уа бугараш... и би се сведела целата “ дебата“ на негово исвиркување. Затоа, намерите ти се нечесни. Тоа се прави на јавна ТВ дебата, каде ке се соочат аргументите а јавноста ке пресуди. Љубчо пред 1-2 години понуди јавна ТВ дебата на слична тема, но никој немаше храброст да ја прифати .