Немам ништо да додадам освен ова:
-На една прослава организирана од генералот
Георги Тодоров, началник на Штабот на 7. Рилска дивизија, се држеле здравици за ослободувањето на
Македонија и за нејзиното приклучување кон татковината
Бугарија. На таквите здравици станал и Сандански и наздравил со зборовите:
Пијам за слободна и автономна Македонија, за која се бореа и дадоа скапи жртви обединетите балкански народи. Како полеани со студен туш, бугарските офицери со пцости и со закани му се нафрлиле на Сандански, а некои му се заканиле дека за таквите зборови ќе го исечат со своите сабји. Сандански навидум спокоен, си заминал со сознанието дека
протерувањето на турските сили за Македонија не значело ослободување, дека македонскиот народ е измамен, дека следи распарчување и нова окупација на Македонија.