Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
sto zboris be??? organizirano bea ili ??? aj ako imas poise informacii prezentiraj pred javnosta ;)
 
Незнам дали организирано или не, ми кажаја дека 30 души имало дојдено и навивале. Така да мие би требало да почнемо со гостувања, ако не во Кратово против Силекс, во Ѓорче идеме сигурно.
 
pa ako taka napraile zs da ne, ali da ne otisle znaes kazual pa tamu se sobrale i navivale kako demek obicna publika u toj stil demek neso svakas
 
Епа добро де, немора да идеш со автобус. Ќе си платиш комбе, 5-6 комбиња и фаќај путот :) Кј идеш? На екскурзија :):) Биле околу 30 души они како што разбрав, ваљда не дошле 10 авотмобили...Ќе се снајдеме некако.

Или планирате да ја пропуштите Тетекс - Вардар на 8ми Ноември? :):)
 
pa ako taka napraile zs da ne, ali da ne otisle znaes kazual pa tamu se sobrale i navivale kako demek obicna publika u toj stil demek neso svakas
Otisle vo kezual varijanta 3-4 koli...
2churrl.jpg


Eve edna slika...osven vo Tetovo na drugo mesto ne veruvam deka bi si dozvolile da idat
 
Следната со Работнички ќе биде вистински тест за Вардар...и лани Вардар имаше послаб тим од Работнички па пак славеше,се надевам исто дека ќе биде и во сабота :vozbud:
 
Следната со Работнички ќе биде вистински тест за Вардар...и лани Вардар имаше послаб тим од Работнички па пак славеше,се надевам исто дека ќе биде и во сабота :vozbud:
И јас се надевам дека ќе ја повторам истата расост од лани. Тогаш при првиот гол кога тепавме 2:1 трчав од едниот до другиот крај на западна, и се клањав на колна:vozbud::vozbud: тоа беше гол кој највеќе сум го прославувал во животов :):) Се надевам дека ќе го направам истото и во недела само од јужната трибина :)
 
http://www.sport.com.mk/?ItemID=BBC0095E78D89F46BDFD53C26D6219EC
"ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ" ПО ЦЕЛИ ПЕТ КОЛА, КОНЕЧНО, ДО ТРИУМФ, МЕЃУТОА ТОА НЕ ГИ РЕШАВА ПРОБЛЕМИТЕ СО КОИ ЖИВЕЕ НАЈТРОФЕЈНИОТ КЛУБ
"Вардарците" го губат трпението
* "Не може да продолжиме на овој начин затоа што во прашање е голо преживување. Играме за клубот, меѓутоа тоа како дополнително да ги олабавува оние кои се задолжени за решавањето на проблемот. Можеби е подобро веќе да не играме", велат вардаровите фудбалери
DEA9A7E751AF5744A19D10AD0461B085.jpg

"Црвено-црните" по пет натпревари пауза, конечно, стигнаа до нов триумф, па макар бил тоа и против отпишаниот Милано, меѓутоа очигледно ниту таа победа не може да ги "залечи" сите проблеми со кои се соочуваат играчите и стручниот штаб низ актуелниот шампионат.
И вчерашниот тренинг на "вардарците" повторно мина низ атмосфера на прашања, неизвесност и очекувања... Сега с$ поочигледно ги напушта и трпението кое изминатите два месеци беше пресудно за непрекинување на тренажниот процес и натпреварите на тимот.
"Не може да продолжиме на овој начин затоа што во прашање е голо преживување. Постојано се најавуваат некакви нови спонзори, но очигледно до недоглед се одолговлекува и со тоа, а само како дополнителен за нас товар", истакнуваа вардаровите фудбалери на вчерашниот тренинг.
"Навистина немаме никаква услови за тренинг. Несоодветни терени, без логистика, без лекарска грижа, и на крајот на сето тоа е што целокупните трошоци се на наш товар, а дел од нас не може ни основно да преживеат. Некои од нас, кои не се од Скопје, постојано треперат и дали ќе бидат исфрлени од становите поради неплатени кирии. Претходно штрајкови имало за неисплатени рати, премии и слично, меѓутоа ние се бориме барем за исплата на плата. Не бараме идеални услови, меѓутоа во Вардар сега немаме ни со кого да поразговараме околу сите овие проблеми. В ред е да се водат преговорите за нов финансиер, меѓутоа мора и ние со нешто да бидеме запознаени, мора тековните работи во спортскиот дел да се реализираат", дополнуваат "вардарци", кои очекуваат деновиве конечно состанок со раководните лица за да не дојде до продлабочена лоша атмосфера пред дербито со Работнички.
"Добро е што има двонеделна пауза во првенството, па се надеваме до тогаш с$ да биде решено. Ниту еднаш досега не ги прекинавме тренинзите и натпреварите затоа што сакаме да играме за клубот и сме свесни дека само на тој начин можеби ќе придонесеме побрзо да се решат проблемите, но се губи веќе трпението. Играме за клубот, но од друга страна тоа како дополнително да ги олабавува оние кои се задолжени за решавањето на проблемот. Можеби е време и подобро веќе да не тренираме и да не играме", велат едногласно вардаровите фудбалери.
Некако, низ актуелниот момент во крајно незавидна ситуација е и шефот на стручниот штаб Марио Вујовиќ свесен за неможноста понатаму да се продолжи на овој начин.
"Навистина може во голема мера да се разберат фудбалерите затоа што очигледно не може повеќе да се издржи притисокот на неизвесност. Од психолошки аспект тимот е на најниско можно ниво, што влијае на игрите на теренот без разлика колкава е желбата за надигрување. Сите ние и фудбалерите сакаме од сесрце да играме за Вардар, меѓутоа факт е дека секојдневното соочување со беспарицата за играчите е сериозен товар кој убива секаква надеж во нив", вели Марио Вујовиќ.
Претходно, од клубот се најавуваше дека во текот на минатата недела ќе се реши прашањето со новиот финансиер, меѓутоа за најтрофејниот наш клуб останува постојано надежта од ден за ден...

Од ИО ги преземаат директните преговори за новиот финансиер
Преговорите околу правно-административното регулирање на евентуалниот влез на новонајавениот финансиер во Вардар и натаму продолжуваат со тоа што во иднина директните преговори со претставникот на норвешко-австриската компанија ги преземаат од страна на Иницијативниот одбор за спас на клубот, односно "Клубот на навивачи".
Драги Сетинов, кој досега беше вклучен во преговорите, наредниот период ќе се посвети максимално на екипата и спортскиот дел оставајќи понатаму колективните членови од Собранието на клубот да ги прецизираат деталите директно со заинтересираниот финансиер.
Инаку, од австриско-норвешката компанија и изминатиов викенд потврдиле дека се сериозно заинтересирани со значителна сума на годишно ниво да инвестираат во "црвено-црните" редови, со тоа што очекуваат, согласно претходниот договор, писмена потврда од сите три колективни члена дека нема да имаат никакви финансиски побарувања за нивниот влез во клубот. Токму во таа насока деновиве се одвиваат разговорите и на адвокатските тимови меѓу двата тима...
"Има позитивни вибрации... Преговорите и договорите и околу подготовката на техничката документација се во тек, со тоа што понатаму директните преговори ги водат од Иницијативниот одбор за спас на ФК Вардар", ни изјави вчера спортскиот директор Драги Сетинов.

За Ступиќ еден месец пауза
Офанзивецот Бошко Ступиќ по повредата на лигаментите на коленото на дуелот со Металург, најверојатно, го очекува пауза од околу еден месец пред да се врати на зелените терени.
На последниот натпревар против Милано, поради вирус не настапи ниту Оливер Пеев, меѓутоа тој се очекува веќе од утре да се приклучи на тимот.
 
Генерација 1986/87, шампиони на СФРЈ.
Стојат: легендарниот тренер Андон Дончевски, Чеде Јаневски, Момчило Грошев, Јовче Џипунов, Дарко Панчев, Вујадин Станојковиќ, Драган Канатларовски. На клупата: Илија Најдоски, Венцо Симоновски, Мирко Петров, Тони Савевски, Коки Аврамовски

8917_150698421379_12245646379_2498545_4834915_n.jpg



http://www.facebook.com/album.php?aid=31561&id=12245646379&ref=mf#
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom