Слаткар(истика)

Член од
20 ноември 2008
Мислења
6.104
Поени од реакции
2.514
Еве неколку видеа од концертот во саботата! Супер беше!Полека но сигурно се претвара во ѕвезда...ако веќе и не е!
За тоа дека тебе ти било супер не се бунам можи тебе ти се допага шоа срање шо го праи Слаткар ама за ова дека се претвора во ѕвезда :tapp:
Слаткар бе во никој случај не мојт да станит ѕвезда. Ѕвезда не се стануват со пцуење и правење глупав хип-хоп (ако можам да го наречам хип-хоп:smir:) А вие фановите може да си го викате „ѕвезда“ уште сила 2 години... Потоа ке пропаднит в земја! :smir::smir:

Еве една интересна песна
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.736
Поени од реакции
9.480
За тоа дека тебе ти било супер не се бунам можи тебе ти се допага шоа срање шо го праи Слаткар ама за ова дека се претвора во ѕвезда :tapp:
Слаткар бе во никој случај не мојт да станит ѕвезда. Ѕвезда не се стануват со пцуење и правење глупав хип-хоп (ако можам да го наречам хип-хоп:smir:) А вие фановите може да си го викате „ѕвезда“ уште сила 2 години... Потоа ке пропаднит в земја! :smir::smir:

Еве една интересна песна
Не знам што значи да собереш минимум 5-6000 публика на Метрополис...Од радозналост сигурно не оделе..

Иначе овие со дисов сами автогол си дале...Ако имаат ма*иња да снимаат дис, нека кажат кој се или од нешто се плашат? Дисов е за нигде. Лирика 0, прво нека научат да рецитираат па после да снимаат. :smir:
 
Член од
27 март 2009
Мислења
1.051
Поени од реакции
112
ај бе шо се замарате ..Марко праи пари ..ти не ..срање не срање него ___ го боли ..си ги има парите .си ги праи парите ..си гради кариера ..бар има некој да го слуша ..тој е бренд ти не ..(како што кажа ИксонамзуК)тој е кока кола , ти не ..
Пљу ..(за дисот)не ми се допаѓа ама ич ..
 
Д

ДаркхарТ

Гостин
ај бе шо се замарате ..Марко праи пари ..ти не ..срање не срање него ___ го боли ..си ги има парите .си ги праи парите ..си гради кариера ..бар има некој да го слуша ..тој е бренд ти не ..(како што кажа ИксонамзуК)тој е кока кола , ти не ..
Пљу ..(за дисот)не ми се допаѓа ама ич ..
Патетики. Ако земам да вртам назад во темата едно пола од мислењата се со оваа содржина. -.-
едит! ајде нападнете ме дека му љубоморам затоа што не сум како него.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.736
Поени од реакции
9.480
Вака вака да се разбериме:
Јас не реков дека песнава шо ја стаив е иднината на македонскиот хип-хоп него онака ја ставив. А мене ми е интересна бидејки го серат Слаткар. А тоа дали тие ке си го кажат името или не не ме боли мене зш јас песнава ептен случајно на најдов на интернет и јас не ги слушам овие двајца него си ја слушам Легијата и ова го имам кажано, најпоќе ми е криво што Слаткар ке го уништи хипхопот мо македонијава а не дека тоа што Слаткар прави пари, нека си прави ама слушни песна од Пеше или од РнС и споредија со која било песна од Слаткар и ке се забележи дека Пеше и РНС немаат равен.

Како прво, ако си љубител на хип хоп и овој дис ти е интересен немам коментари. Со вакви рими може и баба ми да се*е и подобро да излезе дури...

Никој не ги оспорува РНС и Пеше, но слушни и ти нешто од минатото од Слаткар па после увиди. Џака Накот беше дел од албумот Слаткаристика Будало, a беше дел и од спектакалот на Метрополис Арена

Еве што ти порачува Џакси Накси...па пошто го слушаш можеби и ќе го послушаш што вели:smir: (Слушај од 2:36 до 3:19)

 
Член од
20 ноември 2008
Мислења
6.104
Поени од реакции
2.514
Ок бе брат. Ја не те нападнав тебе, али ова е стварно лошо. А филмот кој го фурате дека РНС и Пеше или цела легија ќе оди против Токсика и Слаткар нема да го гледате, за жал...
Никој не спомна такво нешто. И не би сакал да има такво нешто зошто тоа многу ке влиае на хипхопот.

Како прво, ако си љубител на хип хоп и овој дис ти е интересен немам коментари. Со вакви рими може и баба ми да се*е и подобро да излезе дури...

Никој не ги оспорува РНС и Пеше, но слушни и ти нешто од минатото од Слаткар па после увиди. Џака Накот беше дел од албумот Слаткаристика Будало, a беше дел и од спектакалот на Метрополис Арена

Еве што ти порачува Џакси Накси...па пошто го слушаш можеби и ќе го послушаш што вели:smir: (Слушај од 2:36 до 3:19)
Нема потреба да слушам убаво знам што вели Џакси ама немат врска ако Џака или РнС или било кој друг си стојат добро со Слаткар не мора и јас да го почитувам :).
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Не мора никој да ме тера за да го серам јас обожавам да го серам.. :smir:
Не мора да значи дека се она шо се поклопува со твоето мислење е добро и дека мора да се спомне.

..
Epa nema dosta brate
vo zamka si faten
i vo trakite skraten
i gresno svaten vo zatvor
praten zosto na delo si faten.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Отворена е темата повторно. И пазете како дискутирате, со памет во глава. :smir:
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.646
Поени од реакции
34.067
Ќе снима спотови дечкото за сите песни од албумот, или само за ударните one-hit-wonders?
Чисто информативно.
 

radzo

Man Utd!
Член од
20 јануари 2008
Мислења
696
Поени од реакции
17
Ќе снима спотови дечкото за сите песни од албумот, или само за ударните one-hit-wonders?
Чисто информативно.
не ме факај на збор...на тв мислам дека слушнав дека од овој албум нема веќе спотови,Да полетам беше последен..а на лето нов албум..
 
Член од
18 февруари 2010
Мислења
1
Поени од реакции
0
Ај сеа малку трач опуштете се со препукувањата,дали сте знаеле дека Слаткар е битолски зет:vozbud:.



Најмногу сепак ме изненадува што девојката е полнолетна:devil3:.
Ај на здравје прв пост ми е.
 
Член од
9 февруари 2010
Мислења
116
Поени од реакции
3
Хипхоперски среден прст за поп-сцената?

И додека хип-хопот до неодамна на македонската музичка сцена егзистираше во форма на урбана супкултура, се чини дека во последниве неколку месеци неосетно се трансформира во најновиот комерцијален поп-феномен

Ако блуз-културата се развивала во услови на тешка принудна работа, хипхоп-културата се развивала во услови на масовна невработеност. Искован во огништата на Бронкс и Кингстон, хип-хопот станал есперанто на младешката бунтовност и движење што обележува цели генерации, пишува Џеф Чанг, автор на најсеопфатната историја на хипхоп-културата. Во неговото дело, насловено „Не може да запре, не сака да запре - една историја на хипхоп-генерацијата“, тој ги датира корените на последниот бунтовнички музички правец околу 1973 година. И додека хип-хопот до неодамна на македонската музичка сцена егзистираше во форма на урбана супкултура, се чини дека во последниве неколку месеци неосетно се трансформира во најновиот комерцијален поп-феномен.


МЛАДЕШКИ БУНТ


- Хипхоп-културата за младите е најавтентичен вид младинска урбана поткултура. Нејзините корени се во американските гета, но сé повеќе, особено со посредство на музичките матрици преку кои таа се експримира, ја освојуваат младата популација, без оглед на класно-слојната припадност. Чинам дека овој тип младинска поткултура се комерцијализира и дека нејзината основа како андерграунд-култура прераснува во мејнстрим-култура, обележена со блазиран стил на имитација на „бунтовничките“ тенденции од кои, во основа, потекнува - објаснува социологот Антоанела Петковска.
Тони Зен и Слаткаристика - Спушти се доле
„...Те знам ја тебе,
не ми глуми нежно газе,
ти си причина што
Слаткаристика
е безобразен,
имаш уста за пушење (сисе за медаља)
г’з боли глава,
совршено би влегло
у кадар,
дадов понуда ти сама реши, ќе бидеш
најдобра пичица како Сара Леши,
нема време за мислење, ама мислим брзо,
би ти го напунил носот, за да ти го напунам гзот...“
Излегувајќи од подземјето, македонскиот хип-хоп бесрамно и го покажа средниот прст на мејнстрим-сцената, откако на саботниот концерт раперот Слаткаристика успеа да собере приближно 6.000 млади луѓе, според некои процени претежно средношколци и деца со по некој родител. Нешто што ретко им успева на актуелните „најголеми ѕвезди“ од поп и од рок-сцената, кои главно настапуваат на свирки по клубови и дискотеки. Дури и во ретките случаи кога некој ќе реши да направи „голем“ концерт, бројката на посетители ретко надминува две-три илјади.

- Очекував концертот да биде профи, а за посетеноста не размислував. Претходно правев неколку концерти низ Македонија и сите поминаа супер, така што потајно се надевав дека и овој ќе биде топ. Што се однесува до комерцијализацијата, порано нашите емисија мислеа дека, ако снимат песна со добар продуцент или ако снимат добар спот, ќе ги нарекуваат комерцијала. И затоа многу таленти останаа во нивните маала, а нивните текстови не ги презентираа во јавност. Тони Зен, момците од „Токсикологија“ и јас решивме да бидеме попрофесионални, одговорни и организирани затоа почнавме да соработуваме со профи-продуценти и режисери - вели Марко Маринковиќ алијас Слаткаристика.


ЈА ДОСТИГНАВМЕ АМЕРИКАНСКАТА 1973-ТА


Се чини, речиси 20-годишната транзиција конечно го донесе македонското општество до американската 1973-та. Додека возрасната популација тешко се справува со своето секојдневие, гравитирајќи меѓу исполитизираноста и апатијата, младите својата револуција ја искажуваат преку хип-хопот. Можеби не се многу тие што се шетаат со спуштени панталони и развлечена облека, карактеристична за оваа култура, но речиси и нема средношколец, па и основец кој не ги знае наизуст стиховите на Слаткаристика, на Тони Зен, „Токсикологија“ и други рапери од новата генерација. Тоа што е најкарактеристично за овие стихови е вулгарноста и отсуството на цензура во нивниот јазик.


- Секако, хип-хопот е и реминисценција на постмодерните тенденции во културата, каде што сé е дозволено и сé може да се цитира, без оглед на иницијалните причини за појавата на одделни стилови на однесување и идеолошките модели на кои се потпираат ваквите стилови. Вулгарноста на жаргонот е данок на ваквите имитации, но и на реалното неприфаќање на тривијалноста и хипокризијата на култивираниот говор, кој не успева достатно да ја долови резигнатноста и безнадежноста на современата кич-цивилизација - вели Петковска.


ВУЛГАРНОСТ VS ХИПХОП-ЖАРГОН


„ФМ не ме пушта дека пцујам ко копиле, сакам да пцујам и цензура не ми треба, јас сум само искрен и остај ме да си пеам“, „...Курво не се дери, магла!... мозокот ми е на пауза од зелени срања...“, „...малолетна пијана пичка, и излегла цела цицка... толку директно ме фати за моето мочало...“, „Што кур бараш ти со мене...“, „Ме знаат ко дрскиот ем-си, товарен ко магаре со розови кеси... - Кажи ми како ми стои? - Профи, профи...“ Ова се само дел од стиховите на Слаткаристика, кои заедно со него ги пееја и шесте илјади млади луѓе во саботата.

- Изразувањето во рапот е слободен јазик кој допира до сите луѓе. Не значи дека треба да е вулгарен. Треба да е искрен и реален. Само така луѓето се пронаоѓаат во текстовите - вели раперот.


Слаткаристика - За инат
„...Те сакам кога
не се ебаме 24 часа
а кога ќе ми кажеш
„беги не те сакам“.
Те сакам кога со моите
срања си преукупирана,
те сакам кога си
блјакава доле
недепилирана
„БЉАК“...“
Неговите стихови и не се многу поинакви од оние на неговите колеги, овде или во светот. Впрочем специфичниот хипхоп-жаргон е една од главните карактеристики на хипхоп-културата. Но, дали треба вулгарноста да се изедначи со жаргонот?

- Младите, претежно средношколците, кои се на возраст кога се изградуваат како личности и си го бараат местото во општеството го доживуваат вулгарниот жаргон на хип-хопот како нешто бунтовно и револуционерно. Од песните што ги слушаат тој неретко преминува и во нивниот разговорен јазик - додава д-р Елена Јованова-Грујовска од Институтот за македонски јазик „Крсте П. Мисирков“.

Таа вели жаргонот претставува специфичен социолект кој се употребува во усното општење, при што се задоволува стремеж кон експресивен и необичен исказ, желба за демонстрирање припадност кон определена група. Тој е најчесто користена лексика меѓу младите луѓе, кои претставуваат посебна социјална категорија. Но, многумина сметаат дека е погрешно вулгарноста да се изедначува со хипхоп-жаргонот.

- Хип-хопот отсекогаш изобилувал и со вулгаризми. Тоа е неминовно за рап-музиката. Но едно е да бидеш вулгарен и да пцуеш сé и сешто без причина, а друго кога тие пцости имаат некаква цел и се наменети кон некого и поради некаква ситуација, како на пример политичка, економска или поради нетрпение кон некој друг музичар. Во Македонија не постои хип-хоп сленг, а наместо тоа, честопати дијалектите се изедначуваат со него - вели Славчо Ковилоски, хип-хоп активист и аналитичар, културолог и поранешен член на групата „Клан Исток“.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=217101034165&id=48&prilog=0&setIzdanie=21912
 
Член од
9 февруари 2010
Мислења
116
Поени од реакции
3
Револуционерната „стара школа“ и новите момци



Албумот „Новиот аспект на старата школа“ на „Чиста околина“ своевремено беше концертно промовиран во магацинот на „Македонска пошта“ (денешниот дискоклуб „Колосеум“), на кој присуствуваа над илјада вистински обожаватели и приврзаници на хипхопот, што беше голем храбар и револуционерен потег на членовите на групата




И покрај тоа што во последно време хипхоп-музиката и изведувачите во Македонија доживеаја голема популарност, сепак, спотовите, изданијата и настапите не се тоа што ја создава сцената. Точно е дека Слаткаристика и неговата музичка компанија направија концерт со импозантна бројка на посетители, но сепак многу пред него вакви револуционерни спектакли потпишаа составите како „Чиста околина“ или „САФ“, за кои слободно може да се каже дека се пионери на македонската хипхоп-музичка сцена.

Во мај 1996 година, „Чиста околина“ го објави својот албум „Новиот аспект на старата школа“, кој патем беше објавен на компакт-диск, а во истиот период се појави и деби-изданието насловено „Сафизам“ на групата „Сакам афрофризура“, попозната како „САФ“. Овие изданија и до ден-денес се вбројуваат како култни револуционерни албуми на домашната музичка сцена.

Во создавањето на хипхоп-сцената во Македонија, голем придонес дадоа и повеќето концерти што беа задолжителен елемент на промоција на хипхоп-културата кај нас. Тоа што денеска го прават „новите фаци“, пред петнаесетина години го направија некои други, кои тогаш се сметаа за авангарда. Албумот „Новиот аспект на старата школа“ беше концертно промовиран во магацинот на Македонска пошта, (денешниот диско клуб „Колосеум“), на кој присуствуваа над илјада вистински обожаватели и приврзаници на хипхопот, што беше голем, храбар и револуционерен потег на членовите на групата. Во 2001 година „САФ“ направија голем концерт во преполната петта хала на Скопскиот саем, каде што како гости се појавија членовите на американскиот состав „Дас ефакс“.

- Ова што денес се случува на македонската хипхоп-сцена не може да се нарече нова хипхоп-револуција, бидејќи таа одамна помина. Вистинската македонска хипхоп-револуција беше во деведесеттите години на минатиот век, кога „САФ“ го направија концертот на Саем заедно со американскиот состав „Дас ефакс“. Во тој контекст мора да се спомене и фестивалот „Полноќна миса“ на Темната страна, како и емисијата „Црна хроника“ на Ви Џеј на Канал 103. Мислам дека сега, наместо терминот „нова хипхоп-револуција во Македонија“, поприкладно е да се каже „нов хипхоп-бран во Македонија“ - вели Славчо Ковилоски, од „Клан Исток“.


КОМЕРЦИЈАЛИЗАЦИЈА НА ХИПХОПОТ


По речиси два децении, некои нови македонски изведувачи почнаа да го користат хипхопот во комерцијални цели, но сé уште има и такви што им се верни на хипхоп-постулатите.
„Чиста околина“ -
Грк на мојот штрк
.... Тие си го чуваат
својот грчки емитант
И гомна само јадат,
Република Скопје
на сите ќе им кажам,
на моево остро копје
Можеш со Булгаринот,
со нив само така
на такви имбецили
не подавам јас рака
Името едно, наше е!
Само една порака,
ЕБЕТЕ СЕ....
- Повеќето нови хипхоп-изведувачи кај нас не го сфаќаат хипхопот сериозно. Но можеби не се виновни тие, затоа што во денешно време и на глобално ниво овој вид музика доби голема комерцијализација. Едноставно тоа се прелеа и се преслика и кај нас. Мислам дека кај нас сé почна со појавувањето на „Пис брадрс“ или Ена Веко во 1990 години, за подоцна да се појават и Тони Зен, Слаткаристика и многу други, кои сфатија дека од оваа музика може да се прават големи пари. Жалосно е ова што му се случува на хипхопот. Но, покрај овие комерцијални фаци на домашната хипхоп-сцена, постојат и повеќе бендови и изведувачи што одлично си ја тераат работата и кои многу ги почитувам - објаснува Самоил Петрески од „Чиста околина“.

За разлика од него, Гоце Трпков, членот на „САФ“, смета дека новите домашни хипхип-изведувачи сериозно си ја сфаќаат работата.

- Ме радува што младите слушаат урбана музика. За мене ова не ми е чудно, бидејќи во изминативе години сум сведок на зголемувањето на популарноста на хипхоп-музиката. Да не си ја сфаќаат сериозно музиката не би биле таму каде што се денеска - додава диџејот Гоце.


АНГАЖИРАНА ЛИРИКА


Сите хипхоп-изведувачи, и постарите и помладите, се согласуваат дека во нивната лирика има премногу вулгарни зборови и пцости, но исто така сите се едногласни дека тоа е задолжителен дел од хип-хоп културата.
С.А.Ф. - Раце горе
... јас кревам раце горе
само за да гласам
стиховниот експерт
не прави грешки
кога рецитирам раперите
фаќаат прибелешки
а во стилот мајко ебач зошто од Чаир доаѓам
па Смилен „што е“ кажи им да кренат раце горе...
- По некои непишани правила, лириката на хипхопот треба да содржи вулгарни зборови и пцости. И нашите текстови за песните се исполнети со такви зборови, но ние никогаш тоа не сме го нагласувале, за разлика од денешниве младинци што тоа го истакнуваат и го користат во комерцијални цели - вели Петрески.

Слично мислење има и диџејот Гоце, кој не гледа ништо лошо во таквиот начин на изразување.

- Хипхопот е искрена музика, па поради тоа и лириката е таква. Луѓето пцујат во секојдневниот живот многу повеќе отколку што тоа го има во хипхоп-лириките. Јас не гледам агресивност и деструктивност во хипхоп-текстовите - вели тој.

Прв хипхоп-речник

Текстовите на хипхопот, освен тоа што имаат вулгаризми, секогаш се проследени и со сленговски речник. Кога се зборува за сленгот во хипхопот се мисли на формата на кодираниот говор, кој е развиен во црнечките гета во 20-тите години на минатиот век. Тој настанува со занемарување на стандардната употреба на англискиот литературен јазик и со заменување на регуларните зборови со нивни алтернативи. Иако и домашните изведувачи се обидуваат да воведат таков македонски сленг, сепак тоа оди малку тешко.

За сите луѓе што се заинтересирани за хипхоп-лириката, пред неколку години на македонскиот пазар се појави и првиот Англиско-македонски хипхоп-речник, кој го составија Славчо, Александар и Емилија Ковиловски, кои велат дека го направиле овој речник поради сé поголемата потреба за приближување на читателите кон хипхоп-културата.


eve nesto mnogu dobro od denesniot vesnik-nova makedonija


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=217101036492&id=48&prilog=0&setIzdanie=21912

:toe::toe:
 

Stre3T Danc@

The definition of #BFABB
Член од
10 април 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
146
Како прво, би искоментирала дека ми е драго што дневен весник посветил колумна на хип хоп, што во принцип се случува ретко. Има доста инфо кое повеќето не го знаат.
Инаку доста контроверзно.
Ќе се осврнам на под-топикот "Револуционерната „стара школа“ и новите момци". Се збори за Чиста Околина дека веќе ја поставила хип хоп револуцијата, а и како да не ја постави кога се пр(а)вата екипа која ги постави темелите. Е сега, малку не се прави разлика меѓу хип хоп и рап, тука е контроверзноста.. но, ок. Никој никаде не кажа дека Слаткар е темел на хип хопот, само со поинаков стил ја надогради револуцијата. И тој непрестанато не потсетува вметнувајќи дел од нивните лирики како знак за почит : На времето навлечени на Чиста Околина, постарите MCja сањаат за LP ко САФизам... или Тони Зен со неговата песна Нова школа, стар аспект.
Исто така, има инфо за настапот на Чиста во денешен Колосеум, кој тогаш навистина доживеал успех, бидејќи единствена реклама била Канал 103, а било full crowded. Интервјуиран е и Самоил од Чиста, екипата која за жал одамна е распадната.
Тука не е споменат Јоге, уште еден член на Чиста, кој се пресели и основа семејство во Јапан (моментално е тука, но повторно ќе се враќа). Човекот е дефинитивно трансформиран, почнал да слуша транс, техно и станал редовен посетител на клубските журки.
Чудно е префрлањето од еден жанр на друг како да е ништо, кога си предизвикал револуција.
Единствено се согласувам со ѕверот Гоце (САФ) кој има соработувано со многубројни артисти, од Bad Copy до Сиги.. најреално кажува како стојат работите
Хипхопот е искрена музика, па поради тоа и лириката е таква. Луѓето пцујат во секојдневниот живот многу повеќе отколку што тоа го има во хипхоп-лириките. Јас не гледам агресивност и деструктивност во хипхоп-текстовите.
Ме радува што младите слушаат урбана музика. За мене ова не ми е чудно, бидејќи во изминативе години сум сведок на зголемувањето на популарноста на хипхоп-музиката. Да не си ја сфаќаат сериозно музиката не би биле таму каде што се денеска.
Не го сфаќам Петрески..
По некои непишани правила, лириката на хипхопот треба да содржи вулгарни зборови и пцости. И нашите текстови за песните се исполнети со такви зборови, но ние никогаш тоа не сме го нагласувале, за разлика од денешниве младинци што тоа го истакнуваат и го користат во комерцијални цели.
И тие ги користат. Така е всушност ставен акцентот на вулгарноста, што значи пак се сведува на истиот заклучок.. Има пцости и ќе има, без разлика. :toe:
 
Член од
5 октомври 2008
Мислења
1.287
Поени од реакции
314
Браво за слаткар..

Клошар кој успеа толку луѓе да собере. :tv:

Да идам и да слушам како пее "ти си топ за да те ебам".

Жалното е што женските се диват на тоа. :smir:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom