Слаткар(истика)

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.128
Поени од реакции
3.993
Ајдете прекинете бе...Не го слушате, не се замарајте.:smir:

Цунами во Метрополис Арена

Слаткар го положи најтешкиот испит во кариерата!

Неколку илјади млади луѓе синоќа (сабота, 13-ти февруари) ја исполнија првата сала на скопско Сајмиште, популарната Метрополис Арена, а поводот за овој масовен собир беше прв голем концерт на хип-хоперот Слаткаристика пред скопската публика, на кој го промовираше актуелниот албум Слаткаристика будало.

На голем стејџ, со одлично озвучување, многу добро осмислено сценарио, две помошни сцени, видео-бимови, жив бенд, DJ-и, танчери, гости и илјадници грла кои ги пееа неговите песни... – Марко Маринковиќ, попознат како Слаткаристика на најдобар можен начин го положи најтешкиот испит во својата досегашна кариера – целосно да ја задоволи публиката во својот град. Со други зборови, ова беше концерт каков одамна и се нема случено на Метрополата, особено не од домашен артист.

Фразата дека првите кучиња се фрлаат во вода, дефинитивно ништо не значи во кариерата на Слаткаристика, бидејќи голем концерт во Скопје претставуваше прво па машко – стандард кој веќе на следната средба со своите фанови од градот, ќе мора самиот да го надмине. Како во продукциска смисла на зборот, така и според гламурозноста на самиот настан.

Како и да е, синоќешниот настап на Слаткаристика во Скопје, кој започна еден час по предвиденото време за старт (место во 20.30 тој се искачи на сцената во 21.30 часот!), траеше полни два часа. На стартот публиката ја загреваше диџеј, по што се искачија членовите на Токсикологија, за да конечно, на фановите им се обрати главната ѕвезда на вечерта – Марко Маринковиќ – Слаткаристика.

Иако на музичката сцена, особено комерцијалнава, откако ја започна соработката со Јованов рекордс, е неполна година, публиката сите песни ги пееше заедно со Марко. Бендот кој го придружуваше, во комбинација со диџеите, се покажа одличен избор, а гудачкиот оркестар, во некои теми, вистински погодок. Со ваква подршка, на хип-хоперите кои беа со и околу Слаткаристика, не им беше тешко да ја кренат публиката. Одтаму и пораката од Слаткар, откако ја испеа култната Жолта штампа, до новинарите, дека треба малку подлабоко да ја расчепкаат домашната хип-хоп сцена, сосема е на место и држи вода.

Меѓу гостите кои настапија на концертот, беа: Токсикологија сосе Сиги, Џака Накот, Скит Скитара, Кацар, Аце НЛ, Пука козметика, диџеј Чваре, и секако - Тони Зен, еден од најдобрите пријатели на Слаткар. Во свој стил, Тони на сцената дојде качен на кровот на џип, што дополнително ја воодушеви публиката.

Концертот кулминираше со големите хитови од албумот Слаткаристика будало- ФМ и Шопинг, а крајот беше резервиран за актуелниот сингл Да полетам, кога на сцената се искачија сите гости кои таа вечер настапија со Слаткар.

Oрганизаторите - Јованов рекордс, најкоректно си го одработија овој голем настан...

Пукајте хејтери .!.
Negovata popularnost pokazuva samo kolku e prost narodot vo zemjava, a ne kolku on e dobar. I ne zamarjte so komentarite od tipot "ako ne go sakas ne go slusaj, nikoj ne te tera bla bla bla", ne se zamaram ja za nego, ama se zamaram so narodov e tolku prost stom smeta deka takvo nesto e interesno i zabavno, toa e samo pokazatel na kolku nisko nivo ni e opstestvovo...
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.736
Поени од реакции
9.480
Да бев таму ке пукав накај бина...пиштоли1

Иначе Ластовица пунеа стадион па никому ништо...
Не беше...штета

Negovata popularnost pokazuva samo kolku e prost narodot vo zemjava, a ne kolku on e dobar. I ne zamarjte so komentarite od tipot "ako ne go sakas ne go slusaj, nikoj ne te tera bla bla bla", ne se zamaram ja za nego, ama se zamaram so narodov e tolku prost stom smeta deka takvo nesto e interesno i zabavno, toa e samo pokazatel na kolku nisko nivo ni e opstestvovo...

Епа ако има паметни како што викаш, немаше да се замараат со проблемите на другите, туку ќе си гледаа својот леб.:smir:
 
Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.128
Поени од реакции
3.993
Епа ако има паметни како што викаш, немаше да се замараат со проблемите на другите, туку ќе си гледаа својот леб.:smir:
lele lele "ama me zaeba sea"... Ti ako se sekiras samo za sebe i svojot gz toa e druga prikaska, ama mislam deka sekoj svesen covek pokraj za sebe se grizi i za svoite bliski kako i za svojata zemja, i jas licno mislam deka Makedonija zasluzuva da ima opstestvo koe e na nesto povisoko nivo, sramota e sto narodov (ili barem del od nego, normalno ne site) e tolku primitiven i prost da gi smeta vakvi luzeri kako slatkar za nesto dobro ili vredno...
 
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.120
Поени од реакции
104

Поради тоа што народот е примитивен и прост, како и секој примитивен и прост народ кога ќе се појави некој кој е добар во она што го работи, не само во музиката туку и во други области, народот ќе го отфрли. Затоа што е примитивен и прост, а за таков народ постои примитивна и проста музика која е општо прифатена.
 
Кажи колку сум јак а :)...

Па што к да се секирам јас за некој што нит го знам. Секако ми е грижа лично за мене и луѓето околу мене што ми се мене важни, а за некој што си нема друга работа и да гледа што е добро за некој трет или што ти знам таму јас тоа си е негов проблем.

Ако се гледа што е добро или лошо за македонскиот народ ќе ти предложам една тема к...ТУРБО ФОЛК- таму можеш да го едуцираш народот што шунд музика е тоа, а не да се вреѓа тоа што го направил Слаткар досега или хип хопот.

Го знаете ли Слаткар во времето на ЕО? Го знаете ли Слаткар пред албумот Слаткаристика Будало воопшто? Или се запознавте со Слаткар на ТВ кога го гледавте спотот на Спушти се Доле.
Користел погрдни зборови во своите песни? Ало...рапот се основа на погрдни зборови и пцовки веќе 3-4 декади наназад, а вие сега го откривате тоа...Алелуја!
Гледам секаде се критикува Слаткар поради тоа што се комерцијализирал...хммм па еден Еминем исто се комерцијализира, па што не го критикува некој сега, сите му спуштаме капа за тоа што го направил.

Дајте доста ја трупата темава со глупости. Ако не го слушате, не мора да наметнувате мислења на темава, ваков бил таков бил дткал не дткал.
 
BloodyTampon

Works in deep&dark places
Член од
8 август 2009
Мислења
798
Поени од реакции
60
Поради тоа што народот е примитивен и прост, како и секој примитивен и прост народ кога ќе се појави некој кој е добар во она што го работи, не само во музиката туку и во други области, народот ќе го отфрли. Затоа што е примитивен и прост, а за таков народ постои примитивна и проста музика која е општо прифатена.
Well put.
 
VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Карактерот и интелегенцијата на човекот се проценува според музиката шо ја слуша:icon_excl
Добар заклучок,мора да признам.
 
Член од
29 март 2007
Мислења
6.820
Поени од реакции
238
Кажи колку сум јак а :)...

Па што к да се секирам јас за некој што нит го знам. Секако ми е грижа лично за мене и луѓето околу мене што ми се мене важни, а за некој што си нема друга работа и да гледа што е добро за некој трет или што ти знам таму јас тоа си е негов проблем.

Ако се гледа што е добро или лошо за македонскиот народ ќе ти предложам една тема к...ТУРБО ФОЛК- таму можеш да го едуцираш народот што шунд музика е тоа, а не да се вреѓа тоа што го направил Слаткар досега или хип хопот.

Го знаете ли Слаткар во времето на ЕО? Го знаете ли Слаткар пред албумот Слаткаристика Будало воопшто? Или се запознавте со Слаткар на ТВ кога го гледавте спотот на Спушти се Доле.
Користел погрдни зборови во своите песни? Ало...рапот се основа на погрдни зборови и пцовки веќе 3-4 декади наназад, а вие сега го откривате тоа...Алелуја!
Гледам секаде се критикува Слаткар поради тоа што се комерцијализирал...хммм па еден Еминем исто се комерцијализира, па што не го критикува некој сега, сите му спуштаме капа за тоа што го направил.

Дајте доста ја трупата темава со глупости. Ако не го слушате, не мора да наметнувате мислења на темава, ваков бил таков бил дткал не дткал.
ех тие времиња коа настапуваа на Афу ра коа настапуваа у вулкан па пред настап се собиравме пиевме у скопјанка со слаткар и скит ама се сменија работите тоа е како викаат Money rulled the world
 
M

marsovka

Гостин
Карактерот и интелегенцијата на човекот се проценува според музиката шо ја слуша:icon_excl
Добар заклучок,мора да признам.
Сеа плеј листата ми се состои од
Опери
Рап музика
Српско
Метал
Слаткар :vozbud:
што ми дое под рака

Што ме прави мене тоа ?:јебач:
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.736
Поени од реакции
9.480
ех тие времиња коа настапуваа на Афу ра коа настапуваа у вулкан па пред настап се собиравме пиевме у скопјанка со слаткар и скит ама се сменија работите тоа е како викаат Money rulled the world
Не знам за тоа пред настап, не сум имал таква можност, ама зборот ми е, песните од тој период, па и сега се баш нешто...
 
VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Сеа плеј листата ми се состои од
Опери
Рап музика
Српско
Метал
Слаткар :vozbud:
што ми дое под рака

Што ме прави мене тоа ?:јебач:
Чим имаш Слаткар и српско(ако е турбо-фолк) дефинитивно спаѓаш во групата на прост и нискоинтелегентен народ!

Шала на страна,јас мислам дека членовите погоре кои зборуваат за тоа колку е фејк ако ти се допаѓа некоја песна на Слаткар или некоја песна во стилот "лепша од ночи",треба да одговорат на прашањево и да се согласат со мојот заклучок базиран врз иронија.
 
Stre3T Danc@

The definition of #BFABB
Член од
10 април 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
146
ех тие времиња коа настапуваа на Афу ра коа настапуваа у вулкан па пред настап се собиравме пиевме у скопјанка со слаткар и скит ама се сменија работите тоа е како викаат Money rulled the world
И Чиста околина и Саф се поими за македонскиот хип хоп, но како што изминуваат годините изумираат се повеќе.. И за жал ретко кој ги сфаќа нивните дела, некој кој ги слуша прв пат им звучи смешно, денешните траки се со многу поинаков стил, но тоа се почитувало и ќе се памети. Има луѓе како Слаткар да не потсетуваат. :)
Секако дека ништо не трае вечно, како и самиот Слаткаристика. Но, настаните како неговата Хип хоп револуција и уникатноста на концертите и настапите.. се евенти кои не се забораваат никогаш. Барем за мене, а додека има како мене ќе се оживува неговото дело и на уште многу други вредни артисти да се споменат со години. Ако опстои рапов во иднина, тогаш и неговото име ќе биде меѓу спомнатите.
Слаткар барем има можност да не потсети на старите добри времиња на Рап тврдина тракиците, на Единствена Опција. Се најубаво од мене, нека држи вака и подобро уште многу долго, но ете некогаш ќе падне на ниво како Сафра, кои успеваат да организираат за жал еден настап во годината. Ништо не трае вечно, но уживаме додека трае.
Штета е да се распадне екипа како Чиста, сите на различни страни.. еден во Јапан, други калуѓери.. И враќање очигледно нема. Но, историски гледано останале првата и вистинска олд скул група. Така и со револуцијава и Марко.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom