- Член од
- 6 јануари 2010
- Мислења
- 1.120
- Поени од реакции
- 104
Грешиш. Имам слушнато голем дел од творештвото на Слаткар.Конкретно зборував за Слаткар.
И зошто по ѓаволите го пуштаат Слаткар по сите дискотеки,а не Некст Тајм на пример.(прати ПРИМЕР дадов само,не сфаќај буквално.)
туку не, подобро е да слушниш од туѓи муабети дека не чини и да си создајш свое мислење инаку ќе си out или фејкер.
Нвм не ти се мешам во твојот вкус,само ти кажувам дека не се проценува квалитетот на еден артист според две-три песни шо ги вртат по ТВ.
И да, пак ќе речам, има песни што ми се свиѓаат, како на пр. Да Полетам. Да пишуваше Слаткар толку добри лирики, а може, затоа што има просечен капацитет, а не да пишува текстови од типот на шоп-шопинг, ние ќе бевме подобра нација.
Ама, ете, се слуша Слаткар баш со тие две-три катастрофални песни, исто како и Некст Тајм (да, се слушаат по дискотеките, тоа е факт), и баш за тие песни зборувам. Се форсира она лошото, а доброто, не е битно, нека стои за украс. Проблемот е во нас, како општество, што голема вредност и даваме на музиката со плитки текстови.
Квалитетот на Слаткар не се проценува од две или три песни. Но неможеш да тврдиш дека се што знам јас од него се Шопинг, ФМ и Топ. Грешка, му одев на настапи и кога не беше комерцијала а и сега му имам отидено на настап. Разликата е огромна. Ми текнува, пред 4 години, со Скит имаа настап во еден скопски клуб. Публиката не му беа тинејџерки што свршаваат на него, туку луѓе кои се таму поради музиката, а не поради тоа што е секси.