Зависи што сакаш да научиш,што сакаш да свириш,колку си озбилен,дисциплина ова-она.
Кажи што поточно те интересира од солирање,пошто вака е широк поим,мислам на стил џез,блуз,рок,метал ова-она,сакаш побавни солажи,фразирање,22 ноти у секунда...
Како и да е според мене најдобар почеток за солирање ти е да си ја уозбилиш левата рака,да ја координираш,да ја засилиш.
Како шо ќе рече Gilbert левата рака е воланот а десната е гасот,ако не можеш да го контролираш воланот не пипај гас.
Финтата во брзото свирење не се наоѓа само во левата ни само во десната туку во нивна координација и економичност.
Под економичност, мислам да пружиш најмал напор за да постигнеш некоја ултра брзина.Мали движења во рацете,опуштеност,загревање обавезно и слично.
Најдобар начин да ја увежбаш раката е легато техниката,за ова ќе ти треба електрична(можеш и на акустика али искрено не е тоа тоа).
А најдобар легато тренинг ти пружа видеото на Rusty Cooley Shred Guitar Manifesto.
Е сега таму ќе најдеш shapes за 2 ноти од жица,3 ноти од жица и 4 ноти од жица,ти оди до 3 ноти од жица.
4 ноти од жица е веројатно најзаебаното нешто што ќе го сретнеш оти stretch-овите на прстите се прилично потешки(не се обидувај 4nps пентатоника,само Rusty може тоа)башка shape-от се поместува за степен и се менува на секоја жица.
За полесно да го визуелизираш вратот при солирање и да го гледаш ко целина низ која можеш да тарашкаш изгледај го,исто од Cooley Fretboard Autopsy.
Следно нешто што би требало да ти биде на репертоар е трзајот,поточно alternate picking и economy picking.(воглавно слично само што economy e smoother,ќе осетиш).
Добар професор по трзање е Paul Gilbert а можеш(уствари мораш)да го провериш и Guthrie Govan.
За напредно трзање провери го Art of Picking од Cooley.
Ако овие две техники им посветиш по минимум шест месеци активно,секојдневно вежбање тогаш си на добар пат.Под активно подразбирам дисциплинирано
полезно потрошено време во вежбање(не свирење) а не дрнкање или безвезален шред,пошто веруј ми кога ќе набиеш брзина само ќе ти доаѓа да влезеш во некоја солажа при вежбање.
После тоа можеш да земеш и да ги комбинираш овие две техники и да вежбаш hybrid picking,провери го Petrucci,он има некои такви идеи.
Потоа можеш да си одбереш некоја егзотична техника како sweeping или tapping на која ќе можеш да и се посветиш.
Воглавно барем 4-5 години активно увежбај техника и можеш слободно да маршираш во полето на музикалноста.(пошто тогаш ќе моеш све да свириш).
Се разбира додека вежбаш соло не смееш ни под разно да затупиш ритам бидејќи џабе ќе ти е после.
Ова е мој распоред