Стрелец
El Mariachi
- Член од
- 23 јануари 2005
- Мислења
- 910
- Поени од реакции
- 10
„Северна“ Македонија основа на решението
Медијаторот Нимиц достави нов пакет на идеи до преговарачите на Грција и Македонија. Без разлика што Грција вчера инсистираше Нимиц да се откаже од нов предлог, тој сепак се одлучи денеска да даде идеи коишто во наредните неколку недели двете страни ќе треба добро да ги анализираат и да дадат одговор за него.
Инаку ова не е крај на патот во преговорите. Според него, Грција и Македонија, како две соседни земји ќе треба уште долго да живеат заедно и во иднина да соработуваат, двете земји не може да зборуваат за крај на патот, туку само за напори како да се дојде до решение коешто ќе овозможи стабилност на Балканот.
Се работи за добра база, врз основа на која двете страни ќе мора да се изјаснат наскоро, рече Нимиц, притоа не даде прецизни рокови, до кога треба Македонија и Грција да одговорат.
Затоа што секако медијаторот не може да каже дека процесот на преговори би можел да заврши се додека постои и најмала можност спорот да се реши.
Инаку, неофицијално од она што може да се дознае веднаш по прес-конференцијата се работи за многу комплициран пакет без решение за името на македонска нација и македонскиот јазик.
Различни нивоа, различни полиња на јазикот, има комплицирана анализа на опсегот на употребата на јазикот, при што придавката „северна“ Македонија најверојатно ќе биде основата на која понатаму ќе треба да се најде решение.
Од грчка стана се уште нема реакции. Грција уште вчера најави дека не е подготвена за нов предлог особено ако Нимиц зборува за националната припадност, нешто што како директно прашање во предлогот го нема.
Меѓутоа има неколку различни идеи, коишто дополнително ќе го објаснат правото на Македонија, на нејзиното име и јазик, да се нарекува Македонија во ОН.