Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Ебате фудбалерите. Гледаат дека се менува управа тие штрајкуваат. Бог да чува и да брани....
Брат а што да јадат? Од што да платат кирии? :tapp: не зезај од ноември дужи Трифун пари и секој ден како ќе плати никако да стигнат...ги поддржувам фудбалерите во целост!
 
Абе што се случи кое време денеска треба да бидат претставени засилуванјата и трењерот?
 
А дали е вистина дека Вардар го земале Даниел Љубоја од Штудгарт.Ако е вистина алал да му е
 
Брат а што да јадат? Од што да платат кирии? :tapp: не зезај од ноември дужи Трифун пари и секој ден како ќе плати никако да стигнат...ги поддржувам фудбалерите во целост!

Абе имаат право да се бунат али не сеа коа има промена. Сеа на кого се бунат? На Трифун што си оди или на србинот кој уште не дошол асално.
 
Во повеќето медиуми беше објавено дека новиот тренер и другите засилувања ќе бидат објавени на пресконференција која ќе се одржи во вторник (денес), иако други имаа објавено дека пресот ќе биде одржан утре.
Треба да бидат претставени четворица нови засилувања од Србија и еден од Бразил. Освен со нив, се водат преговори и со уште двајца фудбалери од нашево првенство, исто така и нивните имиња се држат во тајност.
Мошне ме интересира што ќе се случи ...се надевам и дека ќе биде соопштен терминот на одигрување на најавената пријателска со Наполи.
 
Ако било закажано за денес пресконференција сигурно би била од 12 часот..
 
А дали е вистина дека Вардар го земале Даниел Љубоја од Штудгарт.Ако е вистина алал да му е

Рекоа дека најкасно до утре ќе се знае за него и за Христов, мада за Гоце 99% е сигурно.
 
Остојиќ како можен нов тренер на Вардар,поранешен тренер на Звезда и на неколку српски прволигаши
 
Повторно пролонгација ...може сеуште се преговара со некого:nesvest:
Извадок од денешен Вест:

Промоцијата на новиот тренер и петте најавени засилувања од странство е одложена за утре или за задутре, кога се очекува доаѓањето на новиот финансиер Мишо Поповиќ и на неговиот партнер Драган Аца Булиќ
 
Денес само официјално беа потврдени ангажманите на Христов и Трајчев со кои е подпишан едногодишен договор. Се водат преговори и со двајца екс-вардарци Дејан Милошевски и Славчо Георгиевски. Тоа се единствените информации од клубот сега засега.
 
Аууу, ако го земете Славчо Георгиески...ТОП играч! Супер ако го земете, изигра топ против Израел и од тогаш не го видовме во репрезентација. Единствениот кој му се спротистави на Катанец и му кажа во лице што мисли за него. Затоа и го нема во репрезентација. Топ ако го вратите назад.
 
Славчо Георгиевски мислам игра негде у Бугарија Тупан го викаат, и изигра многу добро против Спарта Прага 3 коло Л.Ш ко го даде голот со глава на градски.

А Дејан Милошевски игра во Ветра (Литванија и капитен им е) 1982 год. е роден и има играно во Вардар порано, како и во Цементарница, а младинските школи ги помина во ССК Младинец во Драчево. Одлично технички подкован фудбалер и игра во средина(везњак)
 
Абе имаат право да се бунат али не сеа коа има промена. Сеа на кого се бунат? На Трифун што си оди или на србинот кој уште не дошол асално.
На Трифун што не дава пари 4 месеца :tapp: а и ова се пролонгира...се чека Собрание за крајот на неделава,значи до тогаш нема да тренираат а некои веќе изиграа еден куп пријателски,ќе биде тешко на пролет
 
Како најново засилување покрај Христов и Трајчев, најверојатно ќе биде и еден 22-годишен бразилец Пауло (напаѓач). Преговорите со Дејан Милошевски се во завршна фаза. Затоа што нема информации за Славчо Георгиевски најверојатно останува информацијата на Гоксо дека кариерата ја продолжува во Кина. Се преговарало и со тројца поранешни репрезентативци.

Инаку Милољуб Остојиќ ја одбил понудата од Вардар и сега како најсериозен кандидат се споменува Слободан Халиловиќ.
http://halilovicslobodan.com/biography/biography.html

Како што најавува Захариев, ќе има дури 5 странски засилувања
 
Врти сучи сеуште живееме во свет на шпекулации. Ајде да се надеваме дека до недела се ќе биде познато и дека од понеделник ќе можат да заминат за Нови Сад во комплетен состав надополнети со најавените засилувања.
Што се однесува до Тупан, не го даде само израмнувачкиот гол во Скопје туку и водечкиот во Прага, а претходната сезона и на Дуделанж му закачи еден "комад".
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom