Напорни луѓе - како да се справиме со нив?

  • Креатор на темата Креатор на темата Mad Maxx
  • Време на започнување Време на започнување

Mad Maxx

SSG3000
Член од
4 мај 2005
Мислења
1.235
Поени од реакции
64
Возраст
47
Дали сте наишле на некого кој органски не го поднесувате?Кој после 5 мин. муабет ви предизвикал чувство како да сте копале цел ден?Некого кого колку и да се обидуваме и мозгаме неможеме да му најдеме ни една допирна точка со реалноста или некој логичен ред во начинот на размислување и донесување одлуки?
Како да се однесуваме со вакви луѓе?Да ги толерираме или да се сече од корен?Имам пробано и со двата начини без резултати.Ставање на игнор исто така не функционира,премногу напор зрачи глупоста да те остави рамнодушен,посебно кога ти влијае непосредно на секојдневието.
За оние кои имаат сличен проблем,ај да пробаме тука да ја испукаме негативната енергија која ни ја билдаат овој тип на луѓе.
 
Избегавање,ако тоа не успее а не успева секогаш-толерирање и климање потврдно со глава на се што ке каже,пропратено со превртување очи се до конечно спојување на жици и кажување у фаца,и конечно слобода.
Може ке ти го земе за зло можда не,али ипак подобро за тебе да ти го земе. :)

Не знам кој е правилен тек на дејствата горе,би требало да се почне и да се заврши со третото пошто ке ти нема крај со другите две :)
 
Справување со нив.. па незнам која би била правата формула за да остраниш некого сем тоа да му го кажеш во фаца, дека е напорен и дека го тупи ама максимално..но, сепак ретко кој може така на некому да му укаже дека не е во ред неговиот однос, затоа пробуваме со некој неврзани, спонтани муабети што би рекле одоколу да му се даде до знаење дека навистина е напорно да бидеш во негова близина, а кога ни тоа не помага (учтивоста) тогаш се сече во корен и се кажува се директно без пардон.
 
Избегавање,ако тоа не успее а не успева секогаш-толерирање и климање потврдно со глава на се што ке каже,пропратено со превртување очи се до конечно спојување на жици и кажување у фаца,и конечно слобода.
Може ке ти го земе за зло можда не,али ипак подобро за тебе да ти го земе. :)

Не знам кој е правилен тек на дејствата горе,би требало да се почне и да се заврши со третото пошто ке ти нема крај со другите две :)

Кога би било толку лесно супер би било:)
Зборам за луѓе кои се толку убедени во тоа што го прават или мислат да не прифаќаат ништо од други.И подоле од гомно да го напраиш он бе брате пак по негово си тера.И да го седнеш ко дете мало и да земеш да му црташ објаснувања он пак по негово ке си тера.Сум мавал и клоци,и заушки и сум се однесувал отворено непријателски кон такви луѓе и пак ништо.Нареден пат кога нема да можам да ги ескивирам пак иде напорот.
Да не се одговараше за нив ко за луѓе ке беа лесно решливи,вака...:toe:
 
речете им слободно , немој да се срамите , ама треба да се кажи на добар начин , со насмевка . Јас обично му велам : брат не ме замарај жити мене , триста проблеми имам . Така неколку пати и ке си ја свати работата , зашто нико га не тражи на телефон. :)
 
Епа не знам пријателе после “клоци заушки и отворено покажано непријателство’’ кој би ти праел муабет.... ако има таков да знаеш дека можда има задни намери со тебе..најозбилно :)

Ми текна у друо у меѓувреме.Почни да го дупиш пред сите,исмејувај го спрдај се со него се дур не почне да те мрази и да ти прави муабет само формално т.е.само за неопходни и битни работи што носат мала количина муабет. :)
 
отворено непријателство е чиста глупост . т.е. зошто сосила да си ствараш непријатели . Непотребно е и излишно. само пријатен уморен израз на твојата фаца и гледање во празно ,верувај ке си сфати тој . не ме замарај бе брат проблеми ми тежат . пробајте :)
 
Џабе е друже.Еве ти пример за каков тип на луѓе зборам.Брат му на моронов го краде Фиќото на татко им и идат двајцата да се повозат.Ги запира сообраќајна и им бара документи.Овој знаеш што вика?Ја стопирав,не го знам овој.:uvo:
И нема врска тоа задни намери,и ја сум женет а и колку страшно да звучи и туморов е женет.Освен краток рафал правилно усмерен од некој поголем калибар друго не помага.За ваков тип на луѓе зборам.
 
Да ги пратиме на Марс....:aplauz::aplauz::aplauz::aplauz::aplauz:
На жалости ги има и такви....
Па како по некое правило кога најмалце сакаш да ги видиш....ќе ги сретнеш на улица....и тогаш почиње......
еј друже да ти кажам ова она..... одговор : аха ок извини се брзам
ама да се видиме да пиеме кафе.... одговор : аха ок извини се брзам
ќе те бaрам дај ми мобилен..... одговор : аха ок извини се брзам
И така инсистираат ко ......@###@@$$$@#@
 
Си лежам дома,гледам филм,ставен на релакс,10 саат навечер и звони мобилниот.Гледам кој ме бара и мрак ми паѓа на очи.
-Еј друже,што правиш?
-Те чекам тебе да ми се јавиш г'з мамин да ми ти :sekss::zid:
 
Си лежам дома,гледам филм,ставен на релакс,10 саат навечер и звони мобилниот.Гледам кој ме бара и мрак ми паѓа на очи.
-Еј друже,што правиш?
-Те чекам тебе да ми се јавиш г'з мамин да ми ти :sekss::zid:
:pos:


За среќа, не се среќавам премногу со вакви сморови иако знае да налета некој одвреме навреме. Но тука за несреќа, кога ќе налета некој обично незнам како да се справам, бидејќи најчесто немам срце да го отерам од кај шо излегол, па оди на постепен игнор.
 
Нема како да се справиш... Ќе треба да го испукаш па да те збори цел град после
 
бидејќи најчесто немам срце да го отерам од кај шо излегол, па оди на постепен игнор.

100 % ефективна постапка.
нагативност е што одзема доста време , а до тогаш, ќе си бидете подложени на тортура.

Иначе напорни луѓе , би ги дефинирал , сите оние што играат таква игра во животот за која ние........
неможеме да ја разбереме
или е премногу проста
или е премногу сложена
или е навредлива за нас
или ни ја скратува слободата
или незнам што.....
и најдобар начин за справување е да не ја прифаќате понудената игра.

и со пасивно играње....ќе си сфатат дека не сте интересни за нив, и ќе ве остават.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom