Видете зошто бугарите немаат своја историја, па ја крадат нашата

Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
zemjata treba da ima idnina a istorijata e minato, ne se zivee od stara slava.
 

Despot

ВОЈВОДА
Член од
25 септември 2008
Мислења
497
Поени од реакции
280
zemjata treba da ima idnina a istorijata e minato, ne se zivee od stara slava.
Не ама без минато немаш иднина. Немат да знајш кој си и шо си.

А бугариве се чисти смешки, немат со шо да се фалет од минатото и зато сеа сакет да го користет нашето.

Немат проблем викам јас. Ак се по македончет и работет за доброто и иднината на Македонија. И ак научет да зборвет македонски, а не бугарски. :P
__________________
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
И додека се смеете, Божидар Димитров секоj ден си го прчи среде артефакти од Македониjа во Боjана. Некои се донирани на музеjот лично од бугарски патриоти. Така е запишано на табличките:vozbud:
Непроценливи Maкедонски богатства украдени од Бугарите (кои тие ги прикажуваат како бугарски):
















 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Украле илјадници предмети од културно-историското богатство на Македонците, над 2000 многу вредни артефакти со непроценлива вредност (за кои знаеме)...











 
Член од
7 мај 2005
Мислења
1.231
Поени од реакции
307
Некој од тие кретените на Каракачанов постирале поздрави на татарски сајт!! Ги поздравуваат Татарите и им викаат дека биле крвни браќа!! :D:D

КЛИКНЕТЕ НА ЛИНКОВИТЕ ПОДОЛЕ ДА ВИДИТЕ ШТО ПИШУВААТ!! :tv:

Благодарја ти братле, колкото можах се постарах да прибавја линкове и к'м други Б'лгарски родолјубиви организации и сајтове, и за в б'деште време ако нјамате ништо на против! ште поствам и други линкове препратки на родолјубиви Б'лгарски партии и организации. Инак поздрав от мен Мирослав Илиев Блажев к'м всички Б'лгари по целијат свјат и нај-вече на Волжско Уралските Б'лгари. И ште с'м много благодарен ако нјакои от вас ми изпрашта в линкове новини около Волжско Уралската Б'лгарска обштност на емејл поштата ми atila_1975@abv.bg и обештавам че ште направја специален блог в www.blog.bg за Волжско Уралските Б'лгари и че ште пускам много статии в мојат собствен блог www.atila.blog.bg Инак огромен поздрав за всички Волжски Б'лгари и наши братја по кр'в.

http://www.bulgarlar.info/forum/index.php?topic=32.0

http://www.bulgarlar.info/forum/index.php?topic=14.0
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Прашаjте Тито шо подпишал и тогава зборуваjте шо е украдено!
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
57
Поени од реакции
0
жал ми е

За жалост на сите форумджии мога да ви кажа, че историјата за вагоните е с'всем друга. След малдотурскија преврат новите турци почват јако горене на целија архив, и поради факт'т, че в Б'лгарија е имало голјама фабрика за преработка решават да правјат т'рговија. Турците праштат вагони(!) с архиви, но блгарски агент оште от там разбира какво богатство е това и започва едно штуро прибиране на архиви. И в момента Турција отправја молби за вр'штане на запазената част от него, но нали знаете, че де јуре всичо е изгорено! Е, сигурно нешто ште в'рнем, ама танто за кукуригу, сиренето е с пари.
Оште по интересен е факт'т с архива на С'рбија, којто е "прибран" п'рвата световна, и него ште в'рнем, ама друг п'т.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Бугарите имаат репутација на фалсификатори на историјата!

Еве за што се работи, да одиме по ред:

The Past In Question, by Keith Brown





Баш така!

Дали ви е неопходен превод?
Ако има доброволци нека ги преведат само подвлечените делови, благодарам.
 
Член од
31 декември 2007
Мислења
212
Поени од реакции
8
Токму на оваа тема разговарав со еден човек, кој зборуваше околу манифестот, токму за тоа што го има во горепостираниот текст. Дека Бугарите се фалсификатори нема потреба од разговор.

Во Македонија и меѓу македонскиот народ има многу убава изрека: "Бугарска работа" -- нешто кога е замачкано, нешто кога е ископирано и лажно т.е. фалсификат.
 

Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.453
Поени од реакции
1.791
Имаат долга традиција во фалсификување која трае до ден денешен.

Доволно е да се видат нивни сајтови како промацедониа.цом во кои има куцани текстови кои се претставуваат како оригинали или нивната Википедиа.
 
Член од
22 февруари 2009
Мислења
746
Поени од реакции
35
ИНТЕРВЈУ СО СТЕФАН ВЛАХОВ МИЦОВ

Софија секогаш била дволична спрема Македонија, вели бугарскиот историчар

Вие сте еден од ретките бугарски интелектуалци кoј не се согласува со официјалната историографија на Софија во однос на македонското минато и националниот идентитет на Македонците. Кои се аргументите врз кои ги засновувате Вашите ставови?

- За жал, бугарската историографија личи на товарен воз, на кој периодично му ја менуваат локомотивата (општествениот или политичкиот мотор) и шините (насоката), но товарот останува ист, на националистички и идеолошки отпадоци, вековни илузии и комплекси. Ќе ги спомнам зборовите на познатиот бугарски сликар, карикатурист, Борис Димовски: „Мојата теорија е дека ние не сме едно племе што дошло на коњи, туку сме џган... секогаш сум сметал дека Бугаринот нема определена насока, зашто тој е недокрстен, тој недоцарувал и недоробувал.“ Историографија која не го познава својот објект на истражување (има десетици хипотези за првите живеалишта на Бугарите, какви биле, всушност, и каков етникум означуваат), нема право да дава оцени за другите. Зашто, ако ги прифатиме тврдењата дека Балканот е историски клошар на Европа, Бугарија во тој однос има лидерска позиција во балканскиот свет.

Македонската национална идентичност не ја поставува под прашање светската историска наука. Меѓу попознатите македонисти се академиците Виктор Фридман од САД, Рина Усикова и Ала Шешкен од Русија, професорите Ханс -Лотар Штепан и Волф Ошлис од Германија, Падро Весели од Италија, Бермар Лори од Франција, и други. Меѓу балканските македонисти ќе ги посочам и имињата на Думитру Јон и Каролина Илика од Романија, Златко Крамари и Горан Калоѓера од Хрватска, Соња Долежен од Словенија, Мирољуб Стојановиќ и Радомир Ивановиќ од Србија, итн.

Неоспорен е фактот за присуство на македонски протонационализам далеку пред создавањето на европските нации во 18 век. Развојот на тој процес е отсутен поради конјунктурата на тогашните големи сили Русија, Австрија и папскиот двор во Ватикан. Во нивните амбиции за Дарданелите од 18 век Русија игра на српската политичка карта, а подоцна и на бугарската. Во почетокот на својата експанзија Русија ги третира Бугарите на југ од Дунав како Турци, за време на еленската преродба како Грци, а со изострувањето на борбата меѓу панелинизмот и панславизмот се преориентира и ги признава за Славјани.

Софија води отворена антимакедонска пропаганда, користејќи ги процесите кои по сила на приликите се случуваат последните година. Во Бугарија студираат близу 7.000 македонски студенти, а официјалната власт тврди дека 60.000 Македонци побарале бугарски пасоши, а тоа и служи како аргумент дека Македонците се враќале на „бугарските корени“.

- Притисокот на Софија врз македонските студенти во Бугарија е врз економска и социјална основа. Кога бев раководител на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија, кај мене често доаѓаа македонски студенти и се жалеа дека се присилувани да се пишуваат како Бугари за да им се понудат пониски давачки за школување и при издавање разни документи, кои бугарските власти бараат да ги плаќаат. На тој фон фалбите од каде и да доаѓаат за тоа колку Македонци побарале бугарски пасоши се типична појава на цинизам и простаклак. Бугарската држава е маќеа за своите граѓани, а уште повеќе за „новите Бугари“. Затоа и Македонците штом добијат бугарски пасоши, веднаш заминуваат во цивилизираните држави во Европската унија и забораваат дека станале „Бугари“, вклучувајќи се активно во животот на тамошните македонски колективитети. За Бугарија остануваат пропагандните напади.


Сменет поради промакедонски ставови


Стефан Влахов Мицов дваесетина години предаваше на Филозофскиот факултет на Софискиот универзитет. Во 2004 година му е укината катедрата поради неговите промакедонски ставови, така што остана без работа. Беше раководител на Македонскиот културно-информативен центар се' до назначувањето на Доста Димовска. Роден е во Габрово, Бугарија, во 1956 година. Неговиот татко е Бугарин, а неговата мајка Македонка. Тој е познат бугарски интелектуалец чии ставови се почитуваат во светот. Има објавено 12 книги од различни области. Секретар е на Друштвото за бугарско-македонско пријателство и заменик-претседател на Сојузот на слободните писатели на Бугарија. Од минатата година предава на Универзитетот ФОН во Македонија.

Дали на Македонија и' се заканува бугаризација? Има некои македонски историчари и политичари кои упорно настојуваат да му дадат на македонското минато бугарски печат. Што мислите Вие за тоа?

- Во современиот свет се набљудуваат две тенденции. Од една страна, глобализација на светската економија, а од друга - политичка децентрализација врз основа на етничкото самоопределување. Откако и најмалите етноси во Европа и во светот се борат да формираат свои национални држави, идиотска е дури и самата помисла за реанимирање на фалсификуваниот бугарски череп од минатото. На пример, покраината Косово уште не ја прогласила независноста, почна да го гради својот идентитет, а нејзината сосетка Македонија, која со векови го има тоа и е на политичките карти на Европа, допрва ќе се бугаризира. И меѓу македонските „историчари и политичари“ во тој однос има природно искомплексирани лица, но за нив точна оцена ја дал пред повеќе од еден век бесарабискиот Бугарин, Петар Драган: „За Русија и за Русите треба да бидат важни и мислењата на Македонија, не на оние Македонци што откинувајќи се од својата сопствена народност одамна им се продале на Србите или на Бугарите, туку само на оние славомакедонци што ги поставуваат интересите на својата навистина прогонувана народност највисоко од се', зашто таа се прогонува не само од Турците, од една страна, и од Австро-Унгарија, од друга страна, туку, главно, од браќата Бугари и Срби“ (1900 година).

Се добива впечаток дека по влегувањето во Европската унија, притисок врз Македонците е поперфиден, но посилен?

- Припадниците на Европската унија го отфрлаат национализмот и спротивставувањата на државите за сметка на заедничката соработка. Бугарија влезе во таа организација со стариот менталитет од тогашниот сојуз на економска заемна помош (СИВ). Повеќе да добие отколку да даде. Но, сега е тешко, бидејќи во Европската унија таа нема „голем брат“ околу кого да се приклони како што беше своевремено Советскиот Сојуз. Се поклонуваат де кон Германија, де кон Франција. Националистичката хистерија во Бугарија се должи од една страна на нејзината внатрешнополитичката беспомошност. Од друга страна, некои средини мечтаат да ја претворат ЕУ во оружје на великобугарските интереси. Од трета - националистичката реторика има цел да го одвлече вниманието на народот од високата економска цена која ја плаќа за своето членство. Од четврта, порастот на влијанието на малцинствата во Бугарија, пред се' на турското и ромското, предизвикува страв кај тие кои се доживуваат како „чисти Бугари“. Не случајно, Бугарија и Грција се најшовинистичките држави во ЕУ и истовремено со тоа најзаостанати меѓу 27-те членки. Тоа уште еднаш покажува дека друго име на национализмот е заостанатоста, неспособноста, ретроградноста.
 
Член од
22 февруари 2009
Мислења
746
Поени од реакции
35
И покрај одлуката на Стразбур да ја регистрира ОМО „Илинден“ - ПИРИН, Софија одбива. Дали не се крие нешто друго зад тоа?

- Зад откажувањето да биде вратена регистрацијата на Партијата на македонското етничко малцинство се гледа истата паника што ја тресе и Грција поради македонското малцинство таму. Државната пропаганда труби дека нема македонско малцинство во Бугарија, но се откажува да го искористи најсилниот доказ во такви случаи, т.е. да ја регистрира ОМО „Илинден“ - ПИРИН и преку нејзиното учество во изборите да го провери нејзиното влијание. Во Бугарија има регистрирано повеќе од 300 партии, две третини од нив не учествуваат на избори. Случајот со ОМО „Илинден“ - ПИРИН не е таков. Нејзиното влијание ја надминува Пиринска Македонија зашто Македонци живеат речиси во цела Бугарија. Дел од нив се стари преселници од Македонија, други принудно иселувани од Пиринска Македонија во последните десетлетија. Токму сериозните резултати од единственото учество на ОМО „Илинден“ - ПИРИН доведува до одземање на нејзината регистрација.


Како да се надминат рецидивите од минатото? Не можеме да влеземе во современа Европа, а со нас да го носиме и багажот од крајот на деветнаесеттиот и почетокот на дваесеттиот век? На крајот од краиштата, Македонија и Бугарија треба да бидат соседи за пример.

- Во однос на Македонија, Бугарија секогаш водела дволична политика. Се однесувала од позиција на постар брат, како господар, менторски, но и смешно, бидејќи голем дел од успесите на бугарската држава во економијата, културата, уметноста се должат, имено, на преселените Македонци кои живееле или живеат таму. Елементарно правило е дека пријателските односи меѓу две индивидуи, два колективитета, две држави и, воопшто речено, меѓу два субјекта може да има само на рамноправна основа. Во конкретниов случај, заемно почитување на македонската и бугарската држава, бугарскиот и македонскиот јазик, бугарската и македонската култура, бугарските и македонските традиции, минато, историја. Минимален поволен знак во таа насока ќе биде ако барем за еден ден ниту еден бугарски медиум не испрати напади против Македонците. Бугарија ќе започне да прилега на нормална држава кога овдешната пропаганда ќе престане да не бомбардира со „информации“ дека речиси нема светско откритие, изум, историски факт дека е дело на Бугари.

Апетитите на некои националисти за создавање големи држави на Балканот се се' уште присутни. Како да се надминат тие сеништа на минатото?

- Начинот на формирањето на средновековната бугарска држава, противречностите и развојот низ вековите ги натоваруваат колективитетите кои живеат во неа со неизлечиви комплекси. Тие комплекси се актуализираат и се појавуваат во секое наредно поколение и правец што можат да се објаснат со зборовите. „Ништо старо не го заборавиле и ништо ново не научиле“. Сведоштво за тоа беше и негативната кампања против еден германски проект за Батак 1878 година, во кој се вклучи државниот политички врв. Проектот ја разбесни власта зашто ги откри начините на кои се создавала бугарската политичка митологија. Врв на политичкиот цинизам беше „историскиот“ чин есента 2007 година, во црквата „Св. Четириесет маченици“ во Велико Трново каде што бившиот директор на Археолошкиот институт при БАН, професор Димитар Овчаров ја оквалификува со иронични зборови: „Акцијата за повторен погреб на бугарските владари чии останки никогаш не се пронајдени, не е смешна работа!“ Во штотуку издадените „Лични белешки“ на П. К. Јаворов, по повод 130-годишнината од раѓањето на поетот, е направен нов фалсификат според кој Гоце Делчев се чувствувал Бугарин. Но, којзнае кој пат бугарската пропаганда си даде голем автогол. Секоја држава има право на свои комплекси, вклучувајќи ја и Бугарија, проблем е што бугарскиот историски комплекс дејствува заразно на другите балкански народи. Има опасност менталитетот на бај Гањо не само да го зарази Балканот, но и Европа за што веќе предупредуваат експерти и политичари во Европската унија.

Ве напаѓаат во Софија, но и во Македонија. На пример, македонски историчар изјави дека Вие како бугарски граѓанин не можете да ги штитите македонските интереси.

- Македонскиот „историчар“ за кој станува збор е толку жален што дури не може да влезе во улога на палачо и да не засмее. Во едно искажување кажал толку глупости што му го определуваат местото среде „добрите Бугари“. Кон каде се упатил, јас оттаму се враќам. Сум го почувствувал и пулсот на неговите инспиратори. Услов за вистината е моралот. Веќе дваесетина години меѓу документите во портфељот ми е една изрека со зборовите на бугарскиот писател Никола Хајтов: „Многу се радувам кога ќе сфатат дека сум побудил кај некого омраза. Тоа е казна на валканиот. Да го натерам да му е криво“. Со тоа ги поздравувам сите кои се однесуваат негативно.
Познат е Вашиот „филозофски клуч за македонскиот идентитет“, претставен во книгата што неодамна беше објавена и на македонски јазик. Ќе можете ли да ни го објасните тоа Ваше гледање кое е спротивно на тврдењата на Софија дека Македонците се Бугари?

- Светската историографија можеме да ја поделиме на два дела. Едната е примитивна и нејзината база е национализмот од пред два века со тенденции за создавање „велики држави“. Видовме до каде отидоа тие претензии: до двете Балкански војни, Првата и Втората светска војна. Современата, модерната историографија на Запад не само што ги отфрла едностраните, со определена цел избрани факти, да не зборуваме за јавните фалсификати, таа се интересира од начинот на создавањето на фактите, од причините за појава на еден или друг факт, од нивната содржина и осмислување.

Во мојата книга „Филозофскиот клуч на македонскиот идентитет“ ги истражувам како нормални факти, откривајќи го македонскиот идентитет, како и условите и факторите што ги принудувале или ги искушувале Македонците да се пишуваат како Грци, Бугари или Срби. За мене, како научник, меродавно е само тоа етничко самоопределување на кое не повлијаеле економските, политичките, идеолошките, социјалните, или физичките притисоци. За жал, од 19 век до денес Бугарија води антимакедонска пропаганда, користејќи ги сите гореспоменати форми.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom