,,СДСМ денеска јавно се огласи и понуди решение кое би можело да се земе в обзир за решавање на спорот со Поранешна Отоманска Покраина Грција, при тоа категорично отфрлајќи ја двојната формула. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ваквиот став на партијата го темели врз евроатлантските аспирации на Македонија и како што рече, непостоењето на план Б во таа насока.
Според предлогот на СДСМ, партијата се согласува со име кое нема да го загрози нациналниот идентитет, јазикот и културата.
“Се согласуваме со име каде што референцата БЈРМ во земјите каде што сега се употребува ќе се замени со географска одредница прифатлива за двете страни, а секоја држава ќе има свое право кое име ќе го користи. Поради тоа нема да бидат потребни измени во Уставот, а во пасошот ќе стои уставното име“, појасни Заев.
Тој истакна оти смета дека овој предлог ќе помогне за надминување на несогласувањата меѓу претседателот Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски и дека од партијата очекуваат овој предлог да биде олеснување за македонската јавност.
“Двојната формула веќе не е реалност и тоа е така од Самитот во Букурешт, кога Груевски прифати Република Македонија (Скопје). Премиерот сега се затскрива зад изјавите за референдум и преговарачкиот процес го турка во ќор сокак, а тоа ќе резултира со изолација на Македонија“, додаде Заев.
Тој посочи дека тоа што Груевски како став на партијата за името цитира страна од програмата, не може да биде заеднички став на државниот врв.
“Ја добивме поканата за лидерската средба и среќни сме што ќе се разговара за најважното прашање за Македонија“, рече Заев.
Прашан за тоа дали СДСМ би прифатила референдум, Заев одговори дека тоа е одлука на Владата и на Собранието.
“Ние сме за што побрзо затворање на овој проблем наметнат од Поранешна Отоманска Покраина Грција, време е да се обединиме и да продолжиме кон ЕУ и НАТО“, нагласи лидерот на СДСМ.,,
Ако ова што го нуди ЗЗ е компромис помеѓу премиерот и Б.Ц. т.е. помеѓу ставот на премиерот за двојната формула, тогаш ставот на Б.Ц. е полош од ставот на целата грчка влада?