Раководството му даде доверба на помошникот да ја води екипата, само не знам колку беше тоа паметен потег. Не му оди баш најдобро. Мое мислење дека за промена овојпат треба да се побара тренер од хрватското подрачје, особено што има 2 многу квалитетни слободни трнери во моментов: Зоран Вулиќ и Златко Крањчар.
Вајс, и дефинитивно треба да се пресели на клупа, со Муса Али заедво пакет. Втор натпревар по ред, прави почетнички грешки и да е некој авторитетен тренер Жикица, уште наредна утакмица ќе го седне на клупа. Капитенот и никогаш не сум го обожавал многу. Еве го начука скоро 30 години, а најголем успех во кариерата му беше седењето во ложа на Пољуд и играњето во подпросечен израелски прволигаш. Сме гледале ние многу добри стопери во Вардар, да ве потсетам само на некои од нив во последните десетина години: Калц, Гигец, Тетовка, Марковски, Таневски, итн, па и не можам да се задоволам со вакви изданија,особено што е капитен.