ПОВИК ДО СИТЕ ВИСТИНСКИ МАКЕДОНЦИ
и до сите ЧЕСНИ луѓе кои ја сметаат оваа Македонија за своја...
кажи и ТИ... ЈАС СУМ МАКЕДОНЕЦ
МАКЕДОНЦИ (сеуште), деновиве се врши забрзано и засилено ПРЕДАВСТВО од страна на СИТЕ наши политичари... Тие се станати МАРИОНЕТИ во рацете на странските сили кои ќе ја обездушат Македонија по мирен пат, претставувајки се како спасители на нашата иднина... “водачите“ на Македонскиот народ стануваат
полека само “гласници“ на тоа што набрзо ќе се случи во Македонија, без никаква шанса да променат нешто притоа... што е полошо, немаат ни смелост, јасно и гласно да му кажат на Македонскиот народ дека се неспособни да сторат
нешто против тоа, и заплашени и притиснати од странските хиени, дури и премолчуваат намерно за да не се создава неред, или не дај Боже, протест...
Еве ви го сега следниот обид на вашите партии да ве разнебитат, во клубот на пратениците, сакаат колективно да ви го одземат последното што го имате,
ВАШАТА ДУША... РАЗБУДЕТЕ СЕ ВЕДНАШ, УТРЕ ЌЕ БИДЕ КАСНО...
Деца на Македонија, дојде денот на вистината... кога се работи за одбрана на името, братски да се споиме... да кажеме јасно и гласно дека сме ПРОТИВ било каква промена на вековното име на нашата татковина, и дека сме свесни Македонци на кои не им треба никаков референдум за да докажат кои и што сме...
во Понеделник на 6 Октомври 2008, од 10 - 15 часот, ЈАС ќе бидам
пред собранието на Република Македонија да ги бранам МОЈАТА и
ВАШАТА ГОРДОСТ, ЧЕСТ И ДОСТОИНСТВО... и во вторник... и во среда...
МАКЕДОНЕЦ