Лемуријанке, нека не те бунат стручњациве.
Прочитај ја (ова како сугестија, не мора да ме послушаш
)
AlternativeF која го кажа она што како обични граѓани треба да го знаеме-тоа е тоа... воглавно она што е воопштено за вирус и вакцина. Се друго е само наше нагаѓање пошто дури и на факултет (фитопатологија, микробиологија и слични предмети) одвај ја допревме таа тема. За тоа постојат цели школи вирологија, имунологија...значи општо што треба да знаеме е она што Алтернатив го спомена при што последици и/или нуспојави (меѓу овие 2 има огромна разлика) како и ефикасност на вакцините (му текнува некому за заушките и нашето одговорно здравство?) е она за што се борат да го докажат или побијат стручните лица. Во меѓувреме може само да следиме и да видиме што и како се случува (при сурфање најдов доста негативни реакции и во Србија, Русија...од нивните доктори и докторски асоцијации-секако не зајгејст типови). Вирусот сигурно не е наивен (како и сите други вируси), но со подигнување на одбрамбениот систем на телото, внимавање и малку изолација од поголеми собирања и слични мерки кои сама можеш да ги преземеш, мислам дека шансите за зараза ќе ги намалиш на минимум пошто за вирусот е битен преносителот вектор, а тоа е човекот во моментов...училиштата, дискотеките...
Сепак води си се според твојот инстинкт и мислење. Дали ќе се вакцинираш или не, мислам дека ниту матичен нема да преземе одговорност туку ќе остави на тебе да размислиш.
Доколку пак недајбоже осетиш некои симптоми (да не те урочам
) тогаш веднаш треба да си испиташ (земе крв и снимат бели дробови) пошто (ова е според неколкумина педијатри) главен виновник за компликациите е чекањето дома или лекувањето на матичен недела дена со сируп за кашлица и ампицилин. Секое добро.