Па да, го имам тоа направено, барем нешто слично. Се дружевме подолго време, двајцата бевме зафатени и еден ден испадна нешто повеќе. Ако беше и останеше на мување, ќе се срамев од чинот секогаш, а сигурно и немаше да го направам истото. Знаевме дека има нешто повеќе помеѓу нас и затоа се случи тој спонтан момент, после кој следеше раскинување со моменталните партнери и наша нова прекрасна врска.
Кога би била секаква друга ситуација, никогаш не би постапила така. Да не е некој што постојано се врти околу мене, додека јас имам нешто како веќе непосакувана врска. И да не ми се допаѓа повеќе од дечкото со кого сум, за да испаднам идиот, и истиот да го изневерам и да го оставам.
Ако имам здрава и добра врска од која сум презадоволна и во која сум најзаљубена, не би се смувала со никој случаен минувач. Тоа е прениско, за мене пред се`.
едит: Заборавив да си напишам што ако сум јас слободна, а тој зафатен. Тогаш се помали шансите да се случи да се смувам со него. Од почеток ќе ме одврати поимот што има девојка, затоа што во таква ситуација најверојатно би сакала дечко, а не некој што ќе ми е хоби.