[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]Малолетнички Сатанизам[/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]Малолетничкиот Сатанизам е социолошки феномен, форма на младешки бунт испреплетен со младешка страст по мистиката, моќта со незадоволен религиски инстинкт. Се манифестира во многубројни форми поради непостоење на било каков систем на учење или сериозна организација. По правило го практикуваат млади помеѓу 14-20 години, во краток период, земаат разни информации од литература на католички и евангелистички извори, книгите на LaVey за магија, магика и било какви извори со сензационалистички призвук. Често се вклучени во разни форми на вандализам, како што се цртање графити со разни сатанистички симболи, уништување на гробишта, наркоманија, мали криминални дела како насилничко однесување, ситни кражби и сл.[/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]Бројот на младите кои се вклучени во вакви активности не може да се одреди поради непостоење на било какви стабилни организации и по правило заради краткиот период на занимавање со таквите активности.[/FONT]
Satanizmot kako religija postoi i se toa e ok. Toa shto ne e ok e deka hristijanskata crkva nametnuva mislenje za satanizmot neznam vakov e gjavol e, losho ni mislam, ke idat u pekolot a toa voopshto ne e taka. I posle zashto megju lugjeto imalo tolku raspravii i razliki, zatoa shto nekoj drug na onie glupite im nametnuva mislenje. Na edna strana napishav deka hristijanstvoto i muslimanstvoto se glupavi religii i deka poprvo bi veruvala vo sebve nego vo neshto shto neznam so sigurnost deka postoi a vo komentarite pochnaa da me napragjaat vakva si, takva si, gjavolot ti go perel mozokot itn. Pa posle videte dali se smenile nekoi lugje ili ostanale ushte u kamenoto vreme ...:uvo:
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]Други облици на појавување на поимот Сатанизам[/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]Постојат разни други форми на појавување на поимот Сатанизам кои е тешко да се набројат, а особено да се анализираат, но може да се забележи дека главнината на таквите појави се поврзува со привлекување на публицитет. На пример во еден период од 70-тите и 80-тите години, многу често рок групите во својот имиџ земаа провокативни симболи на Сатанизмот. Често наоѓаме книги и хорор филмови преполни со детали со потекло од Готичкиот Сатанизам, поединци кои успеваат да привлечат внимание на весници и телевизии претставувајќи се како Сатанисти итн.[/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]Повремено имаме случаи на изјави од тешки криминалци и сериски убијци за наводно вршење на своите дела под влијание на Сатаната, но по правило истрагата покажува слаба упатеност во Сатанизмот и прво покажува дека нивните знаења за Сатанизмот се одредени од христијанските преданија и неможност да ги докажат своите тврдења, што упатува на заклучок дека се работи за обид за избегнување и ублажување на казната заради психички проблеми.[/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]Исто така повремено се појавуваат и случаи на сериозно растроени личности кои се убедени во тоа дека се под влијание на Сатаната, под чија команда вршат разни, според христијанскиот морал, неморални дела или пак криминални дела, кај кои по правило се забележува идентификација со христијанските претстави на Сатанизмот, а што е посебно интересно, како и големо влијание на формирање на карактерот од страна на христијанските организации, што е материјал за опширна студија на магиското делување на христијанските организации и не е директно предмет на овој приказ.[/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]Со поимот сатанизам се врзуваат многу дезинформации и негативен публицитет, нешто заради неупатеност, нешто заради методи на создавање баук кој служи како мотив за собирање на припадниците на сопствените организации, кои во своето учење не можат да осигураат доволно силни поттици за инстинктивно собирање на поголем број на луѓе. Сатанизмот во суштина не доведува до можност за религиозно исполнување - спознание на Вистинската Волја и остварување на Големото Дело и поради тоа не може да добие преодна оценка како потполна религија, туку како минорна појава, како во минатото така и денес и не го заслужува публицитетот кој му се придава.[/FONT]