Испити на крај на година во средното и основното образование

  • Креатор на темата Креатор на темата Емкаа
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Па ако се продолжи со протести и неучење и ноќна смена малку ќе е за надокнада. Зошто не најдете решение после часови (за прва смена) или пред часови (за втора смена), така би имало 2 термини за изразување на незадоволството. Имате претседатели на клас, младински сојузи, унии, направете си муабет пошто не е целта губење часови, целта е да покажете дека не сте задоволни со одредено решение, но па треба да имате и свои претставници кои би понудиле подобро решение/идеја и слично. можда муабетов ми е утопистички :)
но подобро отколку да се губат часови. Некој треба да ги надокнади.
 
Овие од прва смена штрајкуваа ?
 
Ние денес си отидовме после 2 час кој на штрајк кој накај дома... За ЈБТ зборам.:smir:
 
шо к.. со штрајковите бе.. нишо не се постигнува.. ако сакаат да даат тестови ке даат па вие убијте се... боље помирете се со судбината и потфатете книга да не покењате :)...дур е со време.. денес или у понеделник треба да кажат по кои предмети ке се полага.. ке си научите и чао пријатно.. тоа е тоа...
 
Работата е шо 90% ќе се укинат,ама ај оди докажи им ...
И стварно не гледав причина шо денеска да протестираме,ама ај сите школи бевме собрани и од основно и од средно... си напрајвме една обиколка низ градов на сред улица, а во едно школо чак и ги заклучија в училница за да не излезат...
не требаја воопшто денес протестиве
 
Боље да не идете на штрајк ,сеа видов како штрајкувате 10 џандари ве изгурале у паркот таму ,ни блокирате улица ни ништо.

Ќе повторам пак ,да излезефте со матурантите може ќе направевте нешто.Сеа касно е.

ПС:Не им дозволувајте на наставниците да ве манипулираат ,шо не идат они да маваат со јајца ?? или страв им е да не ги избркаат од работа ??

Ако некој наставник ви рече да идете пред министерство заканете му се дека ќе го пријавите.
 
Работата е шо 90% ќе се укинат,ама ај оди докажи им ...
И стварно не гледав причина шо денеска да протестираме,ама ај сите школи бевме собрани и од основно и од средно... си напрајвме една обиколка низ градов на сред улица, а во едно школо чак и ги заклучија в училница за да не излезат...
не требаја воопшто денес протестиве

со штрајковиве ко шо тргнале можат само да створат инат по лугево .. и да си останеме со тестови :)... ама кој сваќа :)

на шо личи тоа .. мавање со јајца глупости...
 
Скопје / 8.05.09 / 11:30
Протестот на учениците од средните и основните училишта против екстерно тестирање, денеска втор ден продолжува во Скопје.

Околу 150 ученици, иницирани преку Интернет форумите, претпладнево продолжија со протест пред Министерството за образование (МОН).

Улицата пред Министерството е целосно затворена, а присутни се и полициски претставници, јавува репортерот на Макфакс.

Учениците, кои повторно ја гаѓаат зградата на МОН со јајца, наведуваат дека се уште нема најава за евентуално укинување на одлуката.

МОН за денеска најави дека ќе ги извести училиштатапо кои предмети и кога ќе биде извршено екстерно тестирање на учениците во основните училишта во Македонија.

Одлуката за екстерно тестирање предизвика незадоволство меѓу средношколците и основците, кои револтот го изразија на протести изминатите денови пред зградата на МОН.
- извор4е

Ве открија :)))
 
Јее,до 28 мај ке штрајкувате? Кажете барем до кога? Денеска сме 8 мај, то ти се 20 неработни дена, плус 9 дена штрајкот на професорите, абе ајде, не си играјте играчки, се е игра ова.
Кој е запознаен подобро, ке свати дека се ова е иницирано од професори чија желба е да станат директори на школите, па ако учениците излезат на протест и губат настава, веднаш ке го оценат директорот како неспособен и оп, смена. Зошо во ниедно средно школо во Охрид не стигна допис од средношколска унија дека ке има протест? Зошо не беше закажано во полиција? Денес од другиите школи се собраја пред нашето школо, скандираја као ''Излезете бубалици '', ''Пуштете ги децата '' и такви ствари. И шо? Ојдоја пола сат на плоштад, повикаја, никој не ги слушна, и си заминаја по кафичи.
И незнам колку е точно ова, ако имат некој од Охрид економски шо учит нека потврдит. На некој од професорите таму намалиле 10% плата, бидејќи отворено ги поддржале учениците на штрајк? Некој да потврдит/демантират?
 
Сестра ми учи за правник и ми рече дека за протести не требало да се закаже у полиција, тоа било право на секој граѓанин...
 
Денес појдовме на два часа па си се прошетавме по емуц па сите дома до 10.
Не ја сфаќам целта на ова озбилно...
Да си прајме искрено муабет појќето одет зш не им се сејт нашкола.Барем јас со тие шо се знам така се изјаснија.Идет само на еден час и после си одет до на кафе, покрај езеро убо им се гледат врмево.
 
Точно кажано.
А,и професориве шо ни викаат: Одете слободно, ние ве подржуваме,ама не кажвите дека ние сме ви рекле.
И после пак ние криви.
Да, разбирам дека секој има право на протест и тоа јавно да го пренеси, ама не ги разбирам професориве.
Нив повеќе им е колку и тие да не држат часови и да си одат дома порано,како и повеќето што денеска излегоја на протести.
Ако толку "не поддржуваја" колку што викаат зошто не излегоја со нас на протест?
Нели само се бунат дека нив им е најлошо, полошо и од нас?
Ама џабе секој си гледа да си ја спаси главата и нормално да си оди порано од работа, а ние да не учиме.
 
шо к.. со штрајковите бе.. нишо не се постигнува.. ако сакаат да даат тестови ке даат па вие убијте се... боље помирете се со судбината и потфатете книга да не покењате :)...дур е со време.. денес или у понеделник треба да кажат по кои предмети ке се полага.. ке си научите и чао пријатно.. тоа е тоа...

Епа ај ќе ќутиме за се ако не. Затоа не д*пи кој како стигне, заради таквиот менталитет.
 
абе брат.. отиден е законот на суд... шо сакаш да постигнеш повеке?... ке разгледаат ако го укинат добро ако не тогаш се иде на штрајк.. не сега.. сега само ке учиш у сабота или ке јадеш неоправдани :)...
 
АА да надевај се ако не го укине уставен каде што е моментално сега законот после к.. ќе го укине некој друг тогаш непомагаат ни пртести ни ништо!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom