Е вака сеа,денеска случајно видов дома еден флаер со наслов:"Вистината за џоинтот",кој шо ми стоел дома и ме мрзело да го прочитам,па дури сеа гледам.
И се чудам,колку многу само е исполнет со "вистини".
Толку многу ги има,шо дури ми се повраќа од нив.
Еве,да почнеме:
Без оглед на името,оваа дрога е халуциногена супстанција-материја што го искривува начинот на кој умот го восприема светот во кој живееме
-Прво,марихуаната е многу малку халуциногена супстанција а далеку повеќе може да се квалификува како стимуланс или седатив,во зависност од сетингот и видот на канабисот.
-Второ,дури и да го прави тоа што го пишува,ја не гледам што е толку погрешно во алтернативен поглед на светот во кој живееме.
Е воа особено ми се допадна:
Џоинтот и блантот(лист тутун),повремено се мешаат со други,посилни дроги,како што е крек-кокаин или PCP(ангелски прав)
Поголема ГЛУПОСТ никад неам чуено.
Никогаш,ама баш никогаш не сум видел некој да го направи ова.
Прво,толку многу е невозможно џоинт да се меша со крек,бидејќи крекот е цврста супстанција и неможе да се изрони.
Второ,PCP е супстанција која веќе многу оддамна никаде не постои-скоро е невозможно да се пронајде.
Значи,нека биде јасно,никој будала не меша канабис со крек или PCP,its just a fuckin mith.
Еве друга интересна работа,а тоа е споредбата на канабис со алкохол:
Алкохолот содржи само една супстанција-етанол,.Марихуаната содржи повеќе од 400 познати отрови и хемикалии кои предизвикуваат рак.
Се убаво тоа,само уште требало да напишат дека таа активна супстанција што ја содржи алкохолот(етанол) е поштетна од сите 400 супстанции кои ги содржи канабисот-заедно.
И нормално,како клише додаток мора да се спомне дека предизвикуваат рак.
Па сепак,никој досега не добил рак од пушење канабис.Ама баш никој.
Колку луге добиле рак на белите дробови од пушење цигари?
Пресметајте сами и ќе видите која работа заслужува да биде нелегална.
ТХЦ останува во масното ткиво на телото со месеци,можеби и подолго.Затоа,човек кој пуши два до три џоинта неделно е постојано под влијание на дрогата
Воа е најголемата лага шо може да биде измислена.
Дури и да пушиш СТО џоинта дневно,под влијание на канабисот ќе останеш само еден,максимум до два дена.Ништо повеќе.Можеби ТХЦ останува подолго во организмот,ама во никој случај нема некакво влијание врз него.
И пази ваму:
Канабисот кој се зема речиси како опијат
Е воа нема ни да го коментирам.
Споредба на канабис со опијати е веќе смешна,било кој со малку познавање од оваа област знае дека е тоа така.
И сеа иде интересниот дел,т.е интернационалните статистики:
Според ОН,161 милион луѓе во светот земаат марихуана-што е повеќе од 4 проценти од целокупната популација на планетата
И воа треба да биде ко негативна статистика?
Значи,161 милион луѓе на планетава се толку ГЛУПАВИ,што континуирано си го уништуваат животот и покрај сите предупредувања,продолжуваат да го прават тоа?
Ова веќе не е малцинство што се крие по дупки и се боде во вена,свесно за нивната пропаст.
Ова е голем број на луѓе,од кои не се сомневам дека има завиден број на созреани индивидуи,кои се свесни за својот избор и за тоа што го прават и одбрале оваа супстанција да ја користат совесно и да имаат корист од неа,како што и би требало да биде.
Зарем не е малку чудно,што и покрај сите рестрикции и напори,бројот на корисниците на марихуана се зголемува константно,а со нив пропорционално и бројот на луге кои би сакале ова растение да биде легално?
Еве го најсмешниот цитат:
Во Австралија,едно испитување утврди дека опиеноста од канабис била причината за 4,3% од сообраќајните несреќи
Дај бе не ме заебаај.
Дури,ЦЕЛИ 4 посто спаѓаат под вината на канабис?
А каде се останатите 96% несреќи и причината која се случиле тоа?
Значи,4 посто од несреќите се вредни да се спомнат,бидејќи причината за нив била канабис(а чисто сумњам дека е така,ама ај),а 96 посто не се вредни за споменување и тие се само така-некоја си бројка таму?
И еве го цитатот кој кажува се:
Наставникот во моето училиште ми понуди џоинт и почнав да пушам.
Неговиот дилер подоцна ми предложи да земам хероин и тоа го направив без никаков отпор
Вистинската страна на оваа е приказна е дека,ако марихуаната не би била во рацете на вакви дилери(а морално е да биде така бидејќи е нелегална),и би била регулирана и продавана во специјализирани продавници,ниедно дете нема да има пристап до хероин и останати потешки дроги.
Канабисот не е виновен за зависноста на лугето од потешките дроги.
Виновниците треба да се бараат помеѓу луѓето кои имаат власт над канабисот и го продаваат,а кои најчесто се криминалци,кои без никаква грижа на совест ќе им понудат и тешки дроги на своите муштерии,само поради профит.
Ова немора да биде така.
И за крај,најинтересниот и воедно најсмешниот и неточен цитат:
...По седум години земање и пиење,открив дека сум зависник.Веќе не го правев тоа поради еуфорија,туку за да се чувствувам привидно нормално.
Потоа почнав да имам негативни чувства во врска со себеси и своите способности.Ја мразев паранојата што ја чувствувам.Го мразев фактот што цело време пазам дали некој ме следи.Навистина мразев што не им верувам на моите пријатели.Станав толку параноичен,што успешно ги избркав сите од себе и се најдов себеси во ужасно место во кое никој не сака да биде-останав сам.Ќе се разбудев наутро и ќе почнев да ја земам и тоа го правев цел ден.
Е сеа,оваа исповед сама по себе,не е смешна,туку напротив тажна.
Смешен е фактот,што ова е исповед на зависник од КОКАИН и АЛКОХОЛ,а не од марихуана.
Ако некој барем малку има познавање,ќе знае дека главниот симтом споменат во сторијава-параноја, е главен симтом кој се јавува кај корисниците на кокаин.
Асоцијалноста,е исто така симптом кој се врзува со алкохолот и кокаинот.
Марихуаната воопшто нема никаква врска со приказнава,бидејќи корисниците на канабис со многу социјални(некад дури и претерано,признаам),и ретко сакаат да бидат сами како што е тука опишано.
За паранојата,да не ни пишувам,тоа се случува во еден од милион случаи.
Како и да е,ја се изнапишав.
Не дека ја ќе иам некоја корист од овоа,или па дека некој ќе се едуцира од него,пошто знам,многу е полесно да се верува на она што е напишано на ваков официјален памфлет,отколку нешто од обична индивидуа,али сепак,ме нервира што се шират вакви лаги во јавноста.
Поентата не е во лагите за канабисот,тоа е минорна работа.
Ваква манипулација се случува во скоро сите аспекти од нашето живеење и ова е само мал пример за тоа.И ако некој знае дека тоа се случува,срамно е да молчи и на не најде барем еден медиум на кој ќе го изјасни својот став и револт,па макар тоа било и само еден јавен форум.