Судиите куртулија од ќотек во Кавадарци
На ракометниот меч ВВ Тиквеш - Тинекс Пролет, кој за влакно го добија домашните, имало и „трето полувреме“
Милан Левов со гол на 22 секунди до крај на мечот му донесе победа на тимот на ВВ Тиквеш од 29-28 (12-15) против Тинекс Пролет во 4. коло од машката ВИП-ракометна лига и кавадарчани сега се на третото место. По мечот имало и „трето полувреме“ во кое според полициски извештаи, на крај од мечот во Кавадарци непознато лице од публика влегло на терен и со тело го турнало едниот од судиите по што реагирал еден полицаец. Тој го фатил навивачот, но тогаш играч од ВВ Тиквеш го фатил полицаецот за раце и го влечел за униформа, а навивачот избегал. Интервенирале уште двајца полицајци, но, се насобрала група од навивачи и играчи кои ги туркале полицајците. Приведени се двајца и се бара непознатото лице што го нападнало судијата.
Во записникот по мечот судиите запишале дека по завршување на средбата имало публика на теренот, но играчите на ВВ Тиквеш спречиле да бидат удрени.
Милан Левов во саботата играше за Вардар про во Лигата на шампионите против Колдинг, а следниот ден за ВВ Тиквеш. Тој постигна 8 гола во вториот дел од деветте постигнати на мечот, и заедно со голманот Паунков беше меѓу најзаслужните за триумфот на кавадарчани.
Гостите од Скопје на полувреме водеа со 15-12, а во 47. минута ВВ Тиквеш израмни на 22-22. Ново израмнување имаше во 56 минута (26-26). Потоа домаќините поведоа 27-26, но гостите го свртеа резултатот и водеа со 27-28. При резултат 27-27, Паунов го одбрани седмерецот на Петрушевски. Во последните 60 секунди ВВ Тиквеш преку Левов од линијата за 7 метри прво израмни на 28-28, а на 22 секунди до крајот повторно преку Левов дојдоа до победата. До крајот, иако имаше десетина секунди, гостите изреагираа брзоплето, па Кузмановски биеше непрецизно од средината на теренот.
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=EC36791457706B448B3D2E007C9716C1
Шо да ви распраам, лудница беше ..

:pos2: