Знам знам, можеби пак по 4-ти или 5-пат ќе објаснувам некои работи кои сеуште многу ги мешаат како баби со жаби, ама очигледно бидејќи никој нанзад не чита пак ќе треба да повторувам некои работи и причини зошто сеуште се карате, нормално се карате поради не знаење односно поради половично знење што е многу полошо бидејќи мислите дека се знаете.
Ајде да почнам пак да ви разјаснувам да можете да разликувате некои работи:
[vladimir];1994361 напиша:
Секој има право на избор.
Ама немислиш дека ако таа тревка имаше повеќе позитивни отколку негативни ефекти и лекарите ќе ја препорачуваа да се користи?
Точно е дека алкохолот и цигарите се штетни, но сепак се на многу пониско ниво на зависност од марихуаната.
И дајде доста со кампањава и споредбиве и вие сте свесни само така ви одговара
владимир активната супстанца на тутунот - никотинот создава многу поголема зависност од активната супстанца на канабисот - THC.
Пак ќе го постирам графиконот на Тончи,пошто изгледа некои не гледаат убаво:

Погледни и сам каде е канабисот,а каде се тутунот и алкохолот.
wikipedia
Фабулос графиконот ја претставува физичката штета што ја вршат никотинот и ТНС кога би биле конзумирани во чиста форма. Но кога станува збор за штетата што је чинат сите супстанци кои се вдишуваат при пушење на една цигара со тутун е неколку пати помала од штетата што се нанесува од супстанците кои се вдишуваат од една цигара со канабис. Нормално тука има разлика во дозата која дневно се внесува, па сумирано 10 тутунски цигари се поштетни од една цигара со канабис дневно. НО те молам прочитај го посотв мој до крај за да не ме сфатиш погрешно дека канабисот е подобар од тутунот, бидејќи подоле ќе наведам зошто пак канабисот е полош од тутунот.
Кој е проблемот бе луѓе, не ви смета вадење пиштоли у кафани и кршење чаши и тепање на сопствените жени, не ви смета елвир мекич кој ни го загрозува имиџот на државава, не ви смета аца лукас и шмркањето кока по елтините фолк дискотеки...ама ви смета некој што пуши марихуана о проста причина што не спаѓа во исто социјален слој со вас!!!
Марухуаната има на подолги патеки слични ефекти како ефектите на работите што ги спомна погоре.
Не го тупиш, но веќе кажав погоре. Не, не е во ред тоа што се случува со тутунската индустрија. Но, ако погледнеш реално, тутунот е исто така искористен, како пропратна супстанца, за да се направат луѓето зависни. Преку нешто мало и безазлено, се протуркало многу поголемо зло. Нека ме поправи некој ако грешам, но мислам дека никотинот како таков, најбрзо и најлесно се чисти од организмот, и најмалку предизвикува зависност. Тоа што го додаваат во тутунот, односно катранот, предизвикува зависност и му требаат години за да се исчисти од организмот. Дејството на тутунот како таков е смирувачко и краткотрајно. А марата, зависи од тоа во каков филм ќе влезеш, ако си пуштиш ДВД со хорор, хорор и ќе гледаш.
Никотинот активира создавање на едни карактеристични протеини за меморија на хемиски сигнали во невроните во мозокот, кои протеини се стабилни и им треба долго време (над две години) да се деградираат. Значи не станува збор за никотинот дали брзо се чисти туку колку брзо ефектите што ги постигнува никотинот можат да бидат отстранети. Така да никотинот иако е релативно брзо отсранет неговите ефекти се далеку подолготрајни.
Поради ова никотинот создава и те каква зависност, и што е најинтересно создава зависност многу побрзо отколку кокаинот.
Катранот не се додава во тутунот катранот е присутен во самото растение тутун, прашај некој што собирал тутун на поле да ти каже како после му се лепат прстите од катранот што е во тутунот.
Да точно е тоа дека на тутунот се додаваат одредени супстанци, ме мрзи сега да барам кои беа, ама тие супстанци не создаваат зависност туку само го засилуваат ефектот на никотинот кој го има на нервниот систем пред се на централниот нервен систем.
Дејствотот на Никотинот како неуроактивна супстанца е краткотрајна ама не е смирувачка, никотинот во основа ја подобрува будноста и готовноста, смирувачкиот ефект кој се постигнува само и само поради задоволувањето на потребната доза на никотин во организмот поради зависноста која ја има созададено никотинот.
Тууу испадна дека има многу за пораправање и многу нешта што не си знаела.
pearl трева не се пуши само за да се надминат проблемите.. Исто како и цигарите.. Некои да, пушат ради тоа ама дали и они кои пушат ради задоволство марата ко поим ги прај лабилни луѓе без карактер?
Какви ги прави, воопшто не ми е битно, но да те е*е у здрав мозок, дека е у ред да се пуши... Не бива! Уживатели-неуживатели, ефектите се објективно штетни.
Значи да почнеме прво научете сите да правите поделба на ефектот и штетата што ја причинуваат никотинот и ТНС кога се внесуваат како прочистени самостојни супстанци и кога се внесуваат преку пушење на тутун односно канабис.
Како што спомнав погоре една цигара канабис е неколкупати поштетна од една цигара тутун. Нормално со оглед на тоа дека дневно се пушат многу повеќе тутунски цигари од тој фактор штетност поштетни се цигарите. АМА бидејќи знам дека нема да разберете тоа што имплицитно ќе го кажам еве ви експлицитно: пушењето на тутун и пушењето на канабис се штетни без разлика дали тоа било една или 40 цигари. Дополнително што не мора да спомнувам дека огормен дел од тие што пушат канабис се и активни пушачи на тутун, што значи дека кај нив е двојно поголема физичката штета.
Кога станува збор за физичката штетност на самиоте активни супстанци, (значи да не се конзумираат преку пушење, туку на друг начин) тука статистички гледано ТНС е поштетна бидејќи присуството на нормални (толерантни) количества никотин во еден организам нема некој виден негативен ефект, секое внесување на поголеми количества на никотин во организмот отколку толерантните доведува до никотинско труење. Додека ТНС статистички е покажано дека 10% од човековата популација е подлегнува на губење на меморија и уништување на центарот за меморија во мозокот при постојана присутност на ТНС во подолг период.
Е сега кога разј
Значи сега откако ги реграничивме штетните дејства на никотинот и ТНЦ и на пушењето на тутун и канабис, сега ќе фрлиме поглед на другите штети кои се причинети од овие супстанци односно начините на нивна конзумација, имено психолошките и социолошките.
Имено никотинот како таков кога би се конзумирал во чиста форма (на пр. преку никотинските лепенки) не само што не би чинел психолошки штети (нормално доколку се внесува редовно во толерантни дози) туку и не би го имал штетниот социолошки ефект на неговиот актуелен начин на конзумација односно преку пушење на тутун. Што како што можеме да видиме во последно време придонесува до сегрегација на луѓето.
Од друга страна пак ТНС е на долги периоди многу штетен по спихата, бидејќи преку конзумација на ТНС се доживуваат некои работи кои нормално неможат да се доживеат на таков начин во реалниот свет. Бидејќи ова го дразни центарот за чувства се добија чувство на радост и задоволство. Но по подолг период границата на работите кои во реалниот свет иницираат радост и задоволство се поместува и единката за да може да почувствува „вистинска“ радост и задоволство мора да илузорно да ги доживее работите под дејство на ТНС. Ова доведува до тоа да единката кога не е под дејство на ТНС да има хроничен недостиг од радост и задоволство па станува депресивна, ја губи мотивацијата и перспективата за некои животни цели и станува непродуктивна.
А бидејќи кога истата единка кога е под дејство на ТНС иако има доволно среќна и задоволна за да има мотивација повторно неможе да биде продуктивна поради ефектот на ТНС кој доведува до дезориентираност. Со други зборови единката е непордуктивна и станува терет на општеството. А колку е поголем теретот на општеството токлу се полоши шансите за опстанок на општеството и човековата популација. Односно со други зборови единката им прави штета на сите останати.