- Член од
- 5 јануари 2008
- Мислења
- 2.811
- Поени од реакции
- 3.068
РЕВОЛУЦИОНЕРЕН ПРОНАЈДОК ВО МАКЕДОНИЈА
Полицаец изумил мотор на гравитација
Моторот не загадува, а ако се расипе, може да се поправи без да се запре
Склоп на механизми, кој за свој погон ја користи само земјината гравитација, а може да придвижува и други уреди, беше еден од најпровокативните иновации презентирани на годинашната изложба "Макинова" во Скопје. Мнозина посетители на штандот не веруваа дека такво нешто е можно. Сепак, неговиот автор, 42-годишниот Војо Ушевски, го доби специјалното признание од меѓународното жири на изложбата. Изумот, кој беше изложен под името "Турбина за движење на течности и предмети по природен пат", ќе предизвика енергетска револуција во светот, вели Ушевски.
- Со мојот изум "перпетуум мобиле", кој ќе може да движи и генератори и да произведува струја, ќе можеме да ги заборавиме јагленот и нафтата и нуклеарните електрани, и земјата ќе ја ослободиме да дише. Со него ќе го живееме животот почисто, како што природата го планирала тоа, а не како што правиме ние сега - нагласува Ушевски, кој по професија е полицаец.
Неговата машина се состои од голем барабан во кој циркулира вода и го движи, а движењето понатаму се пренесува на клипови, кои движат оски. Ушевски правел пресметки цели 10 години и вели дека машината може да функционира само според вистинските параметри, кои тој не ги запазил кај изложената макета. Барабанот се завртува, дел од водата паѓа и истекува под дејство на гравитацијата, а во други негови комори во тој период се впумпува повторно вода. Барабанот се врти, движењето се пренесува на клиповите и тие може да вртат и генератори и да придвижуваат и возила. Со работата на клиповите се создава кинетичка енергија со која се врши и впумпувањето вода назад во барабанот за да може машината и понатаму да работи. Машината произведува многу повеќе кинетичка енергија отколку што е потребно за враќањето на водата во барабанот и таа енергија може да се користи за многу намени. Водата се внесува само еднаш, а машината може да функционира бескрајно долго, тврди Ушевски, кој е роден во селото Русиново, Беровско, а подолго време живее во Скопје.
- Мојот "перпетуум мобиле" ќе му помогне на човештвото оти ќе биде достапен за секого и нема да биде скап. Верувам дека со него ќе влеземе во нова ера - вели тој.
Освен материјалот за изработка и водата, за машината не е потребно ништо друго. Гравитацијата врши се. Човек може само да седи и да гледа како на чист начин се создава струја, како се движат возила. Нема никакво загадување, а ако нешто се расипе, машината функционира така што може да се изврши поправка без таа да се запре, објаснува изумителот, кој е подготвен својот изум и ексклузивното право за производство на машината да и ги отстапи на државата.
- пишано во "Дневник" пред некое време..
Човеков ми е комшија, нема многу пари.. жена му е умрена, едниот син му е во затвор.. итн. да не навлегувам многу, другар ми има одено кај него и го има видено тој изум , истотака има уште едно петнаесетина други изуми.
Ѕидот му бил исполнет со закачено сертификати и светски признанија за изумот. Секојдневно доаѓаат разни научници , физичари.. од цел свет кои се уште неможат да го сфатат изумот.
Има конструирано трактор на вода, и други работи. Него му е потребно само финансирање.
Ова е голем изум , но ми се чини дека никој не е заинтересиран за тоа.. ?? дали ? или се има страв од пропаѓање на ... еден цел систем од кој се одржува светот (нафта.. струја..)????
Што ќе биде ако повеќе не се користи нафтата или пак струјата не се плаќа.. дали тоа би било револуција или ??
многу нејасни работи .. во кои само си претпоставувам
Утре ќе одиме кај него .. и баш ќе ни објасни што како, па ако има нешто интересно ке дополнам ..