Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Статус
Затворена за нови мислења.
N

navivacka

Гостин
Убаво си кажа Венгер, многу паметна изјава, знае дека ако се затвори на ОТ ќе јаде повеќе голови па не гледам ништо лошо во тоа што рекол:toe:

И Мурињо збореше премногу ама виде што го снајде,па и пред две години Лучијано Спалети збореше дека ке не поминат па виде што ги снајде а отогаш заради тој дебакл ке ни се одмаздел ама ништо од тоа.И Порто ке не поминеа ама Роналдо ги реши со еден потег.
 
Член од
5 март 2009
Мислења
54
Поени од реакции
8
Пред се честитки за Рајан Гигс,фудбалскиот Бог и легенда на Манчестер Јунајтед.Тој,Сколс и Ферги се како што кажа некој погоре како виното,што се постари тоа се подобри и “повкусни“ за гледање:smir:.Може да се каже дека тие се едни од последните диносауруси на фудбалската игра бидејќи во ова време тешко е да се најдат такви играчи и стручњаци кои скоро цел свој живот го посветиле само на еден клуб.Кога од дистанца се гледа нивната работа и допринес за Манчестер Јунајтед и воопшто за фудбалот,тогаш човек неможе а да не им се восхитува.Секоја им ЧЕСТ.:smir::smir::smir::smir::smir:

Ми падна на памет една мисла.Читајќи ги постовите во овој фан клуб заклучив дека и единствената награда што можеше да ја земе Ливерпул или поточно некој негов играч (Жерард) оваа година беше оваа за најдобар играч во ПЛ.НО,останаа и без неа :pos2::pos2::pos2::baeh::baeh::baeh:.
Едноставно несакам да бидам во нивна кожа.Од толку летање никаде не стигнаа.Останаа каде што и беа на почетокот од сезонава.

А сега за натпреварот против Арсенал.Мислам дека ќе биде исклучително тешко,но ако изиграме како лани против Барселона,стабилно,мудро,цврсто и прецизно т.е. да дадеме барем еден гол дома,а да не примиме тогаш добро ќе биде.Типувам на победа.
 
Член од
31 јануари 2009
Мислења
22
Поени од реакции
1
Ево за време на еуфоријата пред натпреварите од ЛШ, Карагер се обидува да привлече внимание, (шо да прави кутриот кога за Лузерфул ЛШ има само на ТВ :vozbud:)
Смета дека титулата во премиер лигата ќе се одлучува во последното коло, кога Јунајтед им гостува на Хал. Условите таму биле многу тешки, тој тоа од лично искуство во минатово коло..па се евентуален наш кикс.... :nenene:
http://goal.com/en/news/9/england/2009/04/27/1232667/liverpools-jamie-carragher-hopes-premier-league-will-be-decided-o

Добро замислено, ама никој жив со него не ќе се согласи, затоа што титулата ќе биде потврдена многу многу порано :pipi:
 
Hellz Guardian

We do what we want
Член од
2 февруари 2008
Мислења
6.867
Поени од реакции
1.249
Знае некој на кој начин се нарачуваат овие?Ептен ми се засвиѓаа некои и мора ли да си 18+ за да купиш?

:vozbud::vozbud::vozbud:
 
Член од
16 март 2009
Мислења
2.130
Поени од реакции
183
имам едно прашање во врска со МАН ЈУ.Зошто фудбалерите имаат еден број на дресот,а сасвим различен на опремата за тренинг?на пример Роналдо носи број 7,а на тренерките има бројка 10.И кај сите имам приметено дека се различни бројките...Знае некој зошто е ова вака?
-може е малце глупо прашањево,ама...
 
AL.

Член од
22 јануари 2009
Мислења
12.610
Поени од реакции
5.016
Можи со Руни ги има сменaто :pos:
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
имам едно прашање во врска со МАН ЈУ.Зошто фудбалерите имаат еден број на дресот,а сасвим различен на опремата за тренинг?на пример Роналдо носи број 7,а на тренерките има бројка 10.И кај сите имам приметено дека се различни бројките...Знае некој зошто е ова вака?
-може е малце глупо прашањево,ама...
Тренинг ебаго... што нашол тоа облекол... нормално има спонзор и опрема за секој тренинг... а може и 10-ка си сака Роналдо + тука веќе може да бира што сака :)
 
INVINCIBLE

MUFC
Член од
9 декември 2007
Мислења
3.460
Поени од реакции
428
Знае некој на кој начин се нарачуваат овие?Ептен ми се засвиѓаа некои и мора ли да си 18+ за да купиш?

Треба да имаш картичка со која може да купуваш онлајн. Прашај си таму сигурно има customer support.

Стварно има јаки дизајни.
 
Гробар Мкд

Не дамо Титулу !!!
Член од
19 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.442
Пред малку на Преглед на колото поубаво ја гледав Манчестер Јунајтед-Тотенхем и можам да кажам за тие што велеа дека не е пенал дека зборат од инает, чист пенал-Керик прв стаса до топката, а Хауард го "собра" и тоа е чист пенал... ако се погледнат колку грешки имаат направено судиите и при досудени и при недосудени пенали, ова слободно може да се каже како "една капка во езеро", а незнам што толку голема фама се дигна по сите весници :nesvest:...а гледам и Аtanase беше тој што објаснуваше околу тоа дали било или не било пенал...па нека направи споредба со подарениот слободен удар на Ливерпул, по кој тие дојдоа во водство и "подарениот" пенал на Манчестер Јунајтед...Да беше Маскерано толку фер и коректен, во оваа ситуација и самиот требаше да признае дека нема никаков фаул и дека станува збор за самоповреда....ама :toe:
 
мислеше на Гомез,така?
 
Член од
22 јануари 2009
Мислења
382
Поени од реакции
25
За пеналот нема дилеми,но ете и пеналот да небеше Манчестер повторно ќе победеше,па така да нема зошто тие што се против Манчестер да ја гледаат победата во пеналот слоподно нека го гледаат второто полувреме и ќе видат дали оваа победа е заслужена. .
 
GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.632
Поени од реакции
11.251
имам едно прашање во врска со МАН ЈУ.Зошто фудбалерите имаат еден број на дресот,а сасвим различен на опремата за тренинг?на пример Роналдо носи број 7,а на тренерките има бројка 10.И кај сите имам приметено дека се различни бројките...Знае некој зошто е ова вака?
-може е малце глупо прашањево,ама...
И ако сакаш во иднина не го користи овој израз.
Знаеме сите зошто.
 
RTM

Член од
4 септември 2008
Мислења
835
Поени од реакции
203
Евра и Бербатов не се на висина на задачата,тоа е евидентно,сигурно ќе има и некоја замена веќе на почетокот.
Manchester United Boss Sir Alex Ferguson Says Berbatov Deserves Fair Shake

. . . "I don't think he gave the ball away once, throughout the entire game," Ferguson purred on MUTV. "I thought he was our best player in the first half and then in the second he produced some wonderful moments.

"He produces moments that make you sit back and say: 'that's world class'. The pass he gave Ronaldo in the second half was unbelievable. . . .

http://www.goal.com/en/news/9/england/2009/04/27/1231830/manchester-united-boss-sir-alex-ferguson-says-berbatov-deserves-
 
N

navivacka

Гостин
а гледам и Аtanase беше тој што објаснуваше околу тоа дали било или не било пенал...

Atanase нека не збори многу зашто и на нив им имат досудувано некои работи...да не почнеме да набројуваме...

Едно прашање...ама стварно не ми е јасно...

Кембел е на позајмица во Тотенхем и неможеше да настапува против Манчестера исто така и Тевез е позајмен од Вест Хем а може да игра против нив...стварно ме буни тоа...

А и за кога беше најавено вракањето на Харго?се мислам на 11 Мај ама не сум сигурна.

Јунајтед го обнови интересот за Бензема

"Црвените ѓаволи" во летниот преоден рок планираат да испратат понуда до напаѓачот на Лион, Карим Бензема откако минатото лето се откажаа од трката по неговиот потпис.

Раководството на Манчестер се надева дека 44,2 милиони евра ќе бидат доволни да ги убедат челниците на Лион да го ослободат својот фудбалер. Тевез сигурно ќе го напушти Олд Трафорд на крајот на сезоната, а истото може да се случи и со Бугаринот, Бербатов, кој не се прикажа како ефектно засилување по пристигнувањето од Тотенхем.

Преговорите би требало да почнат по завршувањето на сезоната, а во нивна корист може да оди и фактот дека Бензема можеби ќе посака да замине во некој посилен клуб, ако оваа сезона Лион не ја освои шампионската круна во Франција.

И менаџерот Алекс Фергусон е исклучително задоволен од изданијата на Бензема кој досега запиша 40 гола (14 оваа сезона) на 107 прволигашки средби.

Нани подготвен да се бори за своето стартно место во Манчестер
http://www.24fudbal.com.mk/Default.aspx?news=87de3f4a-d792-46ce-9956-ededd261f57c&ln=3&typeBack=default
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom